Забава
Кралското семејство ги замоли медиумите да не ја објавуваат сликата на разголениот принц (ФОТО)
Канцеларијата на принцот од Велс, Кларенс хаус им се обрати на британските медиуми со молба да не се објавуваат скандалозните фотографии на принцот Хари, објавени во средата американскиот портал TMZ.
Како што пишува британскиот весник Guardian, претходно портпаролот на принцот Хари потврдил дека на фотографиите направени во хотел во Лас Вегас, навистина е помладиот син на принцот Чарлс, но сепак одбил дополнително да коментира.
Претставникот на Кларенс хаус побара да се почитува приватноста на принцот Хари, бидејќи фотографиите се очигледно направени без негово знаење.
Според порталот TMZ, која е специјализиран за вести што се однесуваат на животот на славни личности, пикантните фотографии на членот на британското кралско семејство биле направени на 17-ти август, кога 27-годишниот Хари и неговите пријатели се одмарале во хотелскиот бар, каде што биле во друштво на непознати девојки. Наскоро момчињата им предложиле на новите пријателки, чии идентитети не се соопштуваат, да појдат до луксузниот апартман кој го изнајмил принцот Хари. Таму друштвото решило да игра „билијард“.
На една од фотографиите, висок црвенокос млад човек, кој многу наликува на принцот Хари е во средината на собата гол, покривајќи најголем дел од своите интимни делови со рацете. Зад него, се крие девојка, целосно гола. На втората слика е гол маж кој нежно во прегратка од зад држи гола девојка која држи стап за билијард.
Однесување принцот Хари за време на неговата посета на САД не е првпат да стане предмет на вниманието на таблоидите. Во 2011 година, додека беше во американската воена база во градот Гила-Бенд, Хари, кој има чин на капетан на британските Кралски воздухопловни сили, беше во центарот на интересот на таблоидите за неговите „несоодветни односи со локални жителки“. Пред тоа нему му беше припишувана афера со келнерка во ноќен клуб во Калифорнија./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Кејт Мидлтон направи нова фотографија, има добра причина за тоа
Кенсингтонската палата објави нова слика од принцезата Шарлот за да го прослави нејзиниот деветти роденден.
„Среќен 9-ти роденден принцеза Шарлот! Ви благодариме за сите љубезни пораки денес“, пишува во описот покрај фотографијата објавена на социјалните мрежи.
Happy 9th Birthday, Princess Charlotte! 🎂
Thank you for all of the kind messages today.
📸 The Princess of Wales pic.twitter.com/2DSDiuO93c
— The Prince and Princess of Wales (@KensingtonRoyal) May 2, 2024
Како што е наведено, фотографијата ја направила принцезата од Велс.
Пред нешто повеќе од една недела на социјалните мрежи беше објавена нова фотографија и од нејзиниот помлад брат, принцот Луис.
Фотографијата, исто така направена од принцезата Кејт, беше споделена на 23 април за да го одбележи шестиот роденден на младиот член на кралското семејство.
Најстарото дете на Вилијам и Кејт, принцот Џорџ, ќе наполни 11 години на 22 јули.
Забава
Празнично ретро шоу на автомобили-олдтајмери на Градскиот плоштад во Крива Паланка
Градскиот плоштад во Крива Паланка, во сабота (4 мај), ќе биде возбудливо место на празнично Меѓународно ретро шоу на автомобили-олтајмери од Македонија и соседството, кои ќе бидат изложени за јавноста од 11,00 – 13,30 часот.
Љубителите на старите атрактивни автомобили ќе можат да уживаат во овој ретро авто-собир и ревијата на околу 30-тина автомобили, стари и по 40 години, од моделите на Мерцедес, Опел , Шевролет и други.
Ретро шоуто на олдтајмери го организира Општина Крива Паланка, во соработка со Клубот “Олдтајмер Витези” од Куманово, а учесници се повеќе олдтајмер клубови од нашата држава и од Србија.
Старата класа возила од минатиот век ќе тргне од собирното место во Куманово и ќе пристигне во 10,30 часот на паркингот кај ресторан „Облаче“ каде сите автомобили ќе бидат нумерирани и обележани со симболите на „Крива Паланка-Град на културата“. Возилата ќе продефилираат низ централното градско подрачје до Градскиот плоштад каде ќе бидат изложени и поставени нивните обележја.
Настанот ќе биде збогатен со настап на ДЏ Буѓо, а сите граѓани ќе можат одблиску да се запознаат со ретките примероци на олдтајмери, нивната приказна и историја, па дури и да си обезбедат специјално возење со овие стилски антиквитети на четири тркала.
Во 13,30 часот, олтајмерите ќе се упатат кон манастирот „Св. Јоаким Осоговски“ каде ќе бидат изложени на паркингот над црквата.
Ретро шоуто на олтајмери за првпат се организира во нашата општина , а е дел од манифестацијата „Крива Паланка- Град на културата 2024“.
Забава
Принцезата Шарлот денеска полни девет години, обожавателите со нетрпение очекуваат фотографија
Принцот и принцезата од Велс, имаат уште една причина за славење оваа недела – роденденот на принцезата Шарлот.
Принцезата Шарлот денеска наполни девет години и обожавателите со нетрпение ја очекуваа годишната роденденска фотографија што семејството ќе ја објави на нивниот посебен ден, објави Мирор.
Сепак, тие ја прекинаа традицијата минатата недела кога принцот Луис наполни шест години, а се чини дека планираат да го сторат истото и овој пат.