Економија
Најбрз раст на јапонската економија за две ипол години

Јапонската економија во првиот годинешен квартал пораснала според најбрзата стапка во последните две ипол година, благодарејќи на порастот на личната потрошувачка и вложувањата на претприемачите.
Бруто домашниот производ (БДП) на оваа според обемот трета економија во светот пораснал во првото тромесечја од 2014 година за 5,9 отсто на годишно ниво. Во однос на претходниот квартал, растот на јапонската економија изнесувал 1,5 отсто, што е 1 отсто повеќе отколку што очекуваа аналитичарите.
Забрзувањето на растот на економија најмногу е резултат на јакнењето на личната потрошувачка, којашто сочинува околу 60 отсто од економските активности. Јапонските потрошувачи, имено, ги засилиле купувањата во пресрет на 1-ви април, кога стапката на данокот на додадена вредност (ДДВ) беше зголемена од 5 на 8 отсто. Станува збор за најбрзата стапка на раст на јапонскиот БДП од третиот квартал од 2011 година, кога оваа земја почна да заздравување од мартовскиот катастрофален земјотрес и гигантското цунами.
Во првите три месеца од годинава пораснале и капиталните вложувања, што долг период беше слабата точка на Јапонија, и тоа за 4,9 отсто. Нивниот раст би можел да ги зајакне надежите дека Јапонија оствари доволен залет да го надмине очекуваниот пад на активностите во вториот квартал по зголеменото ДДВ.
„Заработките на компаниите се подобруваат, а некои погони застареа, па дел од јапонските компании сметаат дека повеќе не можат да ги одложуваат капиталните вложувања. Сепак, притоа неиндустриските производители се многу поуверени во здравата состојба на економијата. Капиталните вложувања ќе продолжат да растат, но без инвестиции на индустриските производители нивното темпо на раст ќе биде постапно”, смета во Норио Нијагава, економист во „ Mizuho Securities Research&Consulting”.
Јакнењето на капиталните инвестиции би можела да биде охрабрувачка вест за јапонскиот премиер Шинзо Абе, кој сака јапонските корпорации да започнат да ги трошат своите натрупани резерви пари, кои се проценуваат на повеќе од 2.000 милијарди американски долари, како и да ги зголемат платите на работниците за економското заздравување да биде одржливо.
Меѓутоа, по силниот раст во првиот квартал, аналитичарите истакнуваат дека јапонската економија се соочува со ризиците во следното тримесечје, во прв ред од можноста на намалување на побарувачката на јапонските потрошувачи по зголемувањето на ДДВ-то. Така, проценуваат дека во вториот квартал од годинава јапонскиот БДП би можел да падне поради намалената лична потрошувачка, и тоа за околу 5 отсто на годишно ниво, а прота да се врати на умерените стапки на раст од околу 2 процента./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Мицкоски порача дека невработеноста паѓа, а економијата оди напред

Премиерот Христијан Мицкоски денеска преку објава на „Фејсбук“ порача дека најновите податоци ја потврдуваат економската стабилизација и растот кој, според него, е резултат на одговорни владини политики.
„Ја стабилизираме економијата, создаваме услови за економија која оди напред, граѓаните имаат повеќе работа, а трговската размена е во пораст“, напиша Мицкоски.
Тој посочи дека стапката на невработеност е намалена на 11,5 проценти, што претставува пад од еден процент во однос на истиот квартал минатата година.
„Во споредба со вториот квартал од 2024 година, денес имаме околу 10.000 нови вработени и над 7.000 помалку невработени. Тоа се илјадници семејства со поголема сигурност и иднина“, нагласи премиерот.
Мицкоски се осврна и на трговската размена, посочувајќи дека во јули извозот пораснал за 4,69 проценти, а увозот за 4,35 проценти.
„Во периодот јануари–јули, извозот е зголемен за 5,41 проценти, а увозот за 4,83 проценти. Вкупната трговска размена во првите седум месеци е поголема за 5,07 проценти во однос на истиот период лани“, додаде тој.
„Ова се реални резултати од одговорни политики. Додека опозицијата шири црнила и се надева на неуспех, ние испорачуваме резултати. Додека тие блокираат и кочат, ние градиме и носиме подобар стандард за секое семејство. Македонија оди напред, со повеќе работни места, посилен извоз и стабилна економија. Ова е времето на работа, резултати и развој“, порача премиерот во својата објава.
Економија
Стојаноски: Економијата се буди, граѓаните наскоро ќе почувствуваат подобар живот

Во рамки на новото издание на емисијата „Ставот на регионот“ гостуваше пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, кој говореше за состојбата на македонската економија и најави подобрувања што, според него, ќе донесат повисок стандард за граѓаните.
„Три квартали по ред имаме раст на БДП од над 3%. Индустриското производство од месец јули, споредено со јуни претходната година, е зголемено за 4,1%, а преработувачката индустрија бележи раст од 7%. Дополнително, забележуваме и поголем број туристи кои доаѓаат во државата“, изјави Стојаноски.
Тој нагласи дека Македонија гради темели на нова економска филозофија, чија цел е повисок стандард, подобри плати и пензии и поквалитетен живот за сите граѓани.
„Овие показатели укажуваат дека македонската економија полека заздравува. А кога ќе влеземе во полн ек на реализација на капиталните инвестиции и ќе го развиеме градежништвото, како клучна гранка, ќе имаме уште повеќе можности да помагаме и со дополнителни мерки“, додаде Стојаноски.
Економија
Николоски: Голем раст на градежништвото и транспортот

Бруто домашниот производ порасна за 3.4% во април, мај и јуни. Особено ми е драго што секторите градежништвото, транспорт и складирање силно растат! Тие се двигатели на македонската економија! Во вториот квартал секторот градежништво порасна за 7.3%, објави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил.
„Голем раст на градежништвото, транспортот и складирањето.
Премиерот Христијан Мицкоски објави одлични вести за македонската економија – во месеците април, мај и јуни бруто домашниот производ порасна за 3.4% . Особено ми е драго што секторите градежништвото, транспорт и складирање силно растат! Тие се двигатели на македонската економија!
Во вториот квартал секторот градежништво порасна за 7.3%, уште посилен раст од тој во првиот квартал од 7.1%, додека секторот транспорт и складирање порасна за 6.0% .
Со засилената активност во делот на изградба на патишта, инвестиции во железници и проекти од локално значење растот во третиот квартал ќе биде уште посилен благодарение на вредните работници кои работат во секакви временски услови и јасните политики и стратегија на Владата и Министерството за транспорт.
Ја градиме Македонија“, напиша вицепремиерот Николоски.