Македонија
Проектот `АРМ – мој вистински дом` презентиран пред припадниците на АРМ во Скопје и Куманово
Министерот за одбрана Зоран Јолевски и началникот на Генералштабот на АРМ, генерал – потполковник Методија Величковски во петокот во скопските касарни „Страшо Пинџур“ – Петровец и „Илинден“, како и во кумановската касарна „Боро Менков“ беа дел од презентацијата на проектот „АРМ – мој вистински дом“ пред припадниците на Армијата.
„Имавме средба со припадниците на АРМ заинтересирани да купат стан преку проектот ’АРМ – мој вистински дом’. Кон крајот на декември и средината на јануари ќе започнеме со градба на првата зграда, а во тек сме да добиеме градежна дозвола од општината Карпош“, истакна министерот Јолевски во касарната „Илинден“. Како што информираше министерот, во тек е изборот на банката која што ќе ја финансира изградбата на становите.
Генералот Величковски во изјава за медиумите истакна дека низ овие години армијата многу често била целна група за многу проекти, но дека досега проектите биле од друга природа – опремување, модернизација, нови касарни, извежбување, оценување, декларирани единици и слично.
„Нас како припадници на Армијата, не радува што ова е првиот проект каде што целна група е она што за сите војници и сите граѓани на Македонија е најважно, а тоа се семејствата“, рече генералот Величковски. Го поздравуваме проектот и верувам дека со завршувањето, дел од припадниците преку него ќе успеат да ја покажат вистинската грижа кон семејството како основна клетка на општеството, додаде тој.
Пред припадниците на Армијата беа презентирани условите за купување на стан во лична сопственост. Воедно, беше презентиран и проектот на првата зграда кој е завршен, како и сите пропратни елементи вклучувајќи го и периодот на изградба и големината на становите. Министерството за одбрана приоритет става токму на овој проект кој директно влијае на подобрувањето на стандардите на припадниците на АРМ./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Студени утра, посвежи денови: променливо облачно време со сончеви периоди
Времето денес ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во западните делови ќе дува умерен западен ветер.
Минималната температура ќе биде во интервал од -12 до -3, а максималната ќе достигне од 0 до 7 степени.
Во Скопје, променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.
Минималната температура ќе се спушти до -9, а максималната ќе достигне до 3 степени.
До крајот на седмицата ќе се задржи стабилно и суво време. Од среда по котлините ќе има услови за појава на магла, а температурата ќе биде во благ пораст.
Македонија
Без струја делови од Аеродром и Сопиште
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, на ден 13.01.2025 година ( вторник ) без електрична енергија ќе останат:
· од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Ѓорѓи Андреевиќ Кун. (општина Аеродром)
· од 09:00 до 15:00 часот, корисниците од ул. 23 Село Сопиште (со сите подулички). (општина Сопиште).
Фото: pexels
Македонија
18-годишникот кој усмрти жена во Капиштец избега од државата, МВР распиша потерница
Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по 18-годишникот кој прегази жена во Скопје и избега од местото на настанот. Според најновите информации, тој избегал и од државата.
„Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по Саитов Саит (18) од Скопје од татко Берти и мајка Ганимете од Скопје. Лицето е барано по централна и меѓународна потерница по барање на ОЈО Скопје за кривично дело по член 300 од Кривичниот законик“, соопшти МВР.
Според истрагата, на 9 јануари, Саитов со „фолксваген пасат“ се движел по улицата „Народен фронт“ без да поседува важечка возачка дозвола. Тој се движел со неприспособена брзина и извршил непрописно поместување во левата коловозна лента, по што со возилото удрил во пешакот 79-годишната Љуба Јаковлеска. По несреќата, тој избегал.
фото/МВР

