Македонија
Иванов и Кузмановска на местото на Бонева
Силвана Бонева, која е предложена за член на Државната изборна комисија, треба да добие соодветна замена на нејзините досегашни позиции.
Имeно, пратеникот Иван Иванов од ВМРО-ДПМНЕ се очекува да биде избран за нов член на Анкетната комисија за скандалот со прислушувањето, по предлог на собраниската Комисија за избори и именување. Тој треба да го заземе местото на Силвана Бонева, која се очекува да биде избрана за член во Државната изборна комисија. Долгогодишната пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ беше досега и претседателка на Комисијата за култура во парламентот, така што и тоа место сега треба да му припадне на друг пратеник од владејачкото мнозинство. Пратеничкото место на Бонева, пак, треба да го заземе Мирјана Кузмановска, како следна пратеничка на листата на ВМРО-ДПМНЕ во Четвртата изборна единица./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Неколку скопски општини денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од с. Ќојлија. (Општина Петровец)
· од 08:30 до 09:30 часот, корисниците од селата: Драчевица и Цветово. (Општина Студеничани)
· од 08:55 до 09:55 часот, корисниците од селата: Горно Соње, Долно Соње , Чифлик и Света Петка. (Општина Сопиште)
· од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Веле Марков. (Општина Ѓорче Петров)
· од 12:30 до 14:30 часот, корисниците од дел од улиците: Димо Хаџидимов и Христо Татарчев. (Општина Кисела Вода)
Македонија
Претпладне сончево со умерена облачност, попладне зголемување на облачноста
Претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне и кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми и ќе има услови за слаб локален снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 0, а максималната ќе достигне од 3 до 11 степени.
Во Скопје, претпладне сончево, попладне ќе има зголемување на облачноста. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 10 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на студена воздушна маса во среда ќе дува засилен до силен северен ветер што ќе услови и дневната температура на повеќе места да остане под нула. Во четврток ќе дува умерен до засилен северен ветер, а во петок ветерот ќе го смени правецот во јужен и ќе има услови за слаб дожд и снег на планините. За време на викендот ќе биде претежно сончево со пораст на температурата.
Македонија
Земјотрес почувствуван во Охрид и блиската околина
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вчера вечер во 22 часот и 6 минути регистрира земјотрес чии епицентар потекнува од епицентралното подрачје Пештани-Охрид-Струга, на околу 103 км југозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.8.
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Охрид и блиската околина со интензитет од IV степени според Европската макросеизмичка скала.

