Македонија
МВР има сознанија за можни напади на поединци или групи

Министерството за внатрешни работи има сознанија за можни напади на поединци или групи, како одмазда за акцијата во Куманово.
Министерот за внатрешни работи, Митко Чавков, изјави дека има такви сознанија и сомневања, но дека безбедносната состојба во Македонија е стабилна.„Постојат одредени сознанија и сомневања дека поединци или групи ќе посегнат кон напади на поединци или на објекти во знак на одмазда за реализацијата на акцијата во Куманово, но во исто време морам да кажам дека безбедносната состојба во Македонија е стабилна. Овие сознанија индицираат на можности од асиметрични закани од поединци или групи, така што зголемувањето на нивото на безбедност, односно подигањето на оперативно ниво на македонската полиција е токму во тој правец на превенирање на евентуални такви активности, но во исто време сме должни да посочиме на можноста од такви ризици“ изјави Чавков по форумот на министри за внатрешни посветен на проблемот со мигрантите. На состанок присуствуваше и косовскиот министер за внатрешни Скендер Хисени кој единствено изјави дека Косово денеска е прогласена за полноправна членка на МАРРИ. Тој не одговори на новинарските прашања поврзани со инцидентот во Куманово што се случи на 9-ти и 10-ти мај, кога беа убиени осуммина полицајци и десет припадници на вооружената група./крај/мф/ффс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Делови од Сопиште, Студеничани и Ѓорче Петров денеска без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:30 часот, корисниците од селото Света Петка (општина Сопиште);
· од 09:00 до 14:00 часот, корисниците дел од селото Маркова Сушица (општина Студеничани);
· од 09:00 до 14:00 часот, корисниците дел од улиците 100,21,23,83 (општина Ѓорче Петров).
Македонија
Зголемена фреквенција на возила на граничните премини Табановце и Богородица

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце се бележи зголемена фреквенција на возила времето на чекање за влез во државата е околу 30-45 минути, на ГП Богородица за излез е околу 20 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска и утре во Скопје

СВР Скопје ги известува граѓаните дека денеска и утре поради одржување на средба на лидерите од Западен Балкан, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници.