Македонија
Источен Петок-Балаклија
Првиот петок по Велигден се вика Источен Петок Балаклија. Тој спаѓа во Светлата недела поради што некои го викаат и Светол Петок, а поради тоа што во светлата недела се блажи, може да се сретне и како Благ Петок.
Со овој празник, посветен на Пресвета Богородица, и се оддава признание на мајката Божја, поради тоа што непосредно по Велигден нема друг празник поврзан со нејзиното име. Поради тоа што Богородица му ги миела раните на Исус, на овој ден луѓето ги посетуваат изворите ги мијат лицето и очите, или три пати преку себе префрлаат вода од изворите. Поради тоа најчесто овој празник се празнува во црквите што се покрај извори. Според легендата изворот Балаклија, поврзан со името на Пресвета Богородица, се наоѓал во близината на Цариград и во него имало златни риби.
Негово Блаженство ќе богослужи во храмот „Свети Јован Крстител“ во Капиштец. Овие изворски води кај Капиштец се споредуваат со „животворниот источник” – односно кладенецот на Света Богородица крај Цариград, што уште се нарекува балаклија. Така, народот си создал за овие води уште едно почитување, кога масовно ги посетува на денот балаклија, т.е. Источен Петок. Тоа е петокот на Светлата седмица, кога во манастирот св. Јован се богослужи, а посетата е голема колку и на манастирската слава. Црквичката е подигната во 1937 година, пред тоа немало темели од светилиште, освен кладенецот и во него крстот и иконата на св. Јован. Меѓутоа, вистината би можела да биде дека почитувањето на ова светилишно место е старо – можеби уште од паганско време. А во христијанско време било пренаменето во мало светилиште, кое за време на владеењето на Турците наполно замрело, бидејќи било отпат и граничело со беговски имот. /крај/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Избрани најубаво украсената тераса, најубаво украсениот двор во Скопје и ученички расказ за новогодишните и божиќните празници
Во рамки на манифестацијата „Украсуваме по скопски“ беа избрани најубаво украсената тераса, најубаво украсениот двор во Скопје и ученички расказ. Преку оваа иницијатива се истакнува креативноста и посветеноста на граѓаните кои со своите домови создадоа топла, светла и автентична празнична атмосфера низ градот, истакнуваат од Град Скопје.
Скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски вели дека светлината на празниците доаѓа од домовите.
„Во магијата на новогодишните и божиќните празници, Скопје блесна со посебна топлина, онаа што доаѓа од домовите на неговите граѓани.
Во рамки на манифестацијата „Украсуваме по скопски“, беа избрани најубаво украсените домови, тераси и најинспиративниот ученички расказ, како симбол на креативноста, заедништвото и празничниот дух што го обединува градот.
Оваа манифестација беше посветена на поттикнување на граѓаните активно да учествуваат во создавањето на празничниот амбиент, претворајќи ги своите домови во мали светлосни приказни што го разубавуваат секое маало и ја прават празничната атмосфера на Скопје потопла, поблиска и поискрена.
По детална евалуација и теренска посета на сите пријавени учесници, жири-комисијата ги избра највпечатливите празнични уредувања, каде што вниманието кон деталите, креативниот пристап и љубовта кон празниците беа јасно препознатливи“, вели Ѓорѓиевски.
Соопшти дека за најубаво новогодишно украсен двор од индивидуална станбена куќа е избрана Адријана Јовановиќ, ул. Темко Попов бр. 33а, населба Маџари – двор кој, како што вели градоначалникот, зрачел со топлина, светлина и вистинска празнична магија. Наградата е 20.000 денари.


„За најубаво новогодишно украсена тераса од стан беше избрана Теа Ивановска, ул. Митрополит Теодосиј Гологанов бр. 149-2/7, населба Козле – пример како и мал простор може да стане голема празнична приказна.
Награда: 20.000 денари.
Во категоријата најубав расказ на тема „Новогодишни желби и празнувања“, наградата ја освои Христина Наумов I1, ученичка во СУГС „Ѓорѓи Димитров“, со искрен и инспиративен текст што ја пренесува празничната надеж и детската радост.
Награда 5.000 денари,
Изборот го направи жири-комисија составена од реномирани новинари и медиумски професионалци:
Весна Миленковска (Канал 77),
Александрија Стевковска Николова (Република), Анела Петрова (Вечер),
Славица Стефановска (МИА),
Нина Стефанова (Телма) и
Елизабета Дамјановска (Канал 5), кои лично ги посетија сите пријавени и со голема посветеност ја донесоа конечната одлука.
Со „Украсуваме по скопски“, Скопје уште еднаш покажа дека најубавите празници се оние што ги создаваме заедно.
Светлината, креативноста и желбата за убаво секојдневие започнуваат од домот, а се шират низ целиот град.
Скопје го разубавуваме заедно. По скопски“, истакнува Ѓорѓиевски.
Македонија
МВР ќе ги тестира поставените камери: од 20 до 31 јануари на местата каде ќе се вршат активностите, нема да биде дозволен сообраќај
Министерството за внатрешни работи известува дека во рамки на проектот „Безбеден град“, во периодот од 20.01.(вторник) до 31.01.(сабота) ќе се врши тестирање, калибрација и верификација на поставените уреди (камери) за сообраќаен надзор.
Тестирањата ќе се реализираат секој ден во периодот од 08:00 до 20:00 часот.
За време на спроведувањето на овие активности, возилата на локациите каде што се врши тестирањето нема да бидат пропуштани додека трае постапката.
Во првата недела од предвидениот период, активностите ќе се спроведуваат исклучиво на локациите со поставени камери на подрачјето на град Скопје.
МВР ги повикува граѓаните и сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат привремените ограничувања, како и да покажат разбирање, трпение и соработка со цел непречено и безбедно реализирање на планираните активности.
Македонија
Ја удирал по главата и телото, ја давел за вратот и скршил ребро: скопјанец осомничен за физички напад и загрозување на сигурноста на жена
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 51-годишен скопјанец за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, како и Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
На 14 јануари, во видно алкохолизирана состојба, осомничениот ја нападнал својата партнерка во домот во Гази Баба во кој таа привремено престојувала.
Ја удирал по главата и телото, ја давел за вратот, а и се заканил и со нож со кој замавнал кон неа. Жената успеале да ја спасат двајца други потстанари во истата куќа, кои ја извлекле и повикале полиција.
Кај жртвата биле констатирани повеќе повреди, меѓу кои пукнатина на ребро и на градна коска.

