Забава
Опушоци за спас од ’рѓа
Кинескирте научници успеале од опушоците да извлерчат хемиски елементи кои можат да се користат за антикорозивен третман на работи изработени од челик
Покрај тоа што ќе го заштитат металот, со употребата на опушоци за да се заштитат нафтените цевки се штити и животната средина од загадување. Истражувањето било спроведено во рамките на програмата чија цел била да се усоврши цикличната употреба на таканаречениот „потрошувачки“ отпад. Секоја година, луѓето ширум светот фрлаат отприлика 4,5 трилиони опушоци. Овие опушоци не само што го огрдуваат изгледот на градовите и парковите, туку имаат негативен ефект врз екологијата. Особено кога се фрлаат во вода: во контакт со водата, тие испуштаат отровни токсини кои ги убиваат рибите. Специјалистите експериментот со опушоците го извеле на тој начин што ги ставиле во вода. Во екстрактот кој го добиле на тој начин, тие откриле девет хемикалии, вклучувајчќи го никотинот, антракинонот и деривати на бета каротен. Потоа, го нанеле екстрактот на челик од типот „Н80“, кој се користи за изработка на нафтените цевки. Се покажало дека смешата многу добро ја заштитува површината на металот, со тоа што спречува натамошна оксидација на металот. Процесот на корозија бил успорен за цели 95 проценти, споредено со примероците од челик кој не биле третирани со екстрактот. Истражувачите веруваат дека супстанците од екстрактот се абсорбираат на површината на металот и создаваат заштитен слој. Треба да се напомене дека замената и поправката на ’рѓосани цевки ги чини нафтените компании неколку милионии долари секоја година. Оттаму, ова откритие на кинеските научници може да се искористи за заштита на цевките со кои се пренесува нафта, со што ќе се намалат трошоците за транспорт и ќе се одбегнат прекините во доставата. Сега, најверојатно, од дисциплинираните кинески пушачи ќе се бара опушоците на ги носат во специијални збирни центри.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Кејт Мидлтон направи нова фотографија, има добра причина за тоа
Кенсингтонската палата објави нова слика од принцезата Шарлот за да го прослави нејзиниот деветти роденден.
„Среќен 9-ти роденден принцеза Шарлот! Ви благодариме за сите љубезни пораки денес“, пишува во описот покрај фотографијата објавена на социјалните мрежи.
Happy 9th Birthday, Princess Charlotte! 🎂
Thank you for all of the kind messages today.
📸 The Princess of Wales pic.twitter.com/2DSDiuO93c
— The Prince and Princess of Wales (@KensingtonRoyal) May 2, 2024
Како што е наведено, фотографијата ја направила принцезата од Велс.
Пред нешто повеќе од една недела на социјалните мрежи беше објавена нова фотографија и од нејзиниот помлад брат, принцот Луис.
Фотографијата, исто така направена од принцезата Кејт, беше споделена на 23 април за да го одбележи шестиот роденден на младиот член на кралското семејство.
Најстарото дете на Вилијам и Кејт, принцот Џорџ, ќе наполни 11 години на 22 јули.
Забава
Празнично ретро шоу на автомобили-олдтајмери на Градскиот плоштад во Крива Паланка
Градскиот плоштад во Крива Паланка, во сабота (4 мај), ќе биде возбудливо место на празнично Меѓународно ретро шоу на автомобили-олтајмери од Македонија и соседството, кои ќе бидат изложени за јавноста од 11,00 – 13,30 часот.
Љубителите на старите атрактивни автомобили ќе можат да уживаат во овој ретро авто-собир и ревијата на околу 30-тина автомобили, стари и по 40 години, од моделите на Мерцедес, Опел , Шевролет и други.
Ретро шоуто на олдтајмери го организира Општина Крива Паланка, во соработка со Клубот “Олдтајмер Витези” од Куманово, а учесници се повеќе олдтајмер клубови од нашата држава и од Србија.
Старата класа возила од минатиот век ќе тргне од собирното место во Куманово и ќе пристигне во 10,30 часот на паркингот кај ресторан „Облаче“ каде сите автомобили ќе бидат нумерирани и обележани со симболите на „Крива Паланка-Град на културата“. Возилата ќе продефилираат низ централното градско подрачје до Градскиот плоштад каде ќе бидат изложени и поставени нивните обележја.
Настанот ќе биде збогатен со настап на ДЏ Буѓо, а сите граѓани ќе можат одблиску да се запознаат со ретките примероци на олдтајмери, нивната приказна и историја, па дури и да си обезбедат специјално возење со овие стилски антиквитети на четири тркала.
Во 13,30 часот, олтајмерите ќе се упатат кон манастирот „Св. Јоаким Осоговски“ каде ќе бидат изложени на паркингот над црквата.
Ретро шоуто на олтајмери за првпат се организира во нашата општина , а е дел од манифестацијата „Крива Паланка- Град на културата 2024“.
Забава
Принцезата Шарлот денеска полни девет години, обожавателите со нетрпение очекуваат фотографија
Принцот и принцезата од Велс, имаат уште една причина за славење оваа недела – роденденот на принцезата Шарлот.
Принцезата Шарлот денеска наполни девет години и обожавателите со нетрпение ја очекуваа годишната роденденска фотографија што семејството ќе ја објави на нивниот посебен ден, објави Мирор.
Сепак, тие ја прекинаа традицијата минатата недела кога принцот Луис наполни шест години, а се чини дека планираат да го сторат истото и овој пат.