Економија
Обемот на трговската размена во пораст, дефицитот во првиот квартал бил 580 млн. долари

Република Македонија во првиот квартал од годината забележала пораст во вкупниот обем на надворешно-трговската размена, а зголемена е покриеноста на увозот со извор, но и дефицитот бележи благ пораст.
Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија во периодот јануари-март 2014 година изнесува 1,11 милијарди долари, додека во истиот период лани изнесувала 948 милиони долари.Вредноста на увозот во првите три месеци достигнала, 1,69 милијарди долари, што е за 200 милиони повеќе во однос на периодот јануари – март 2013 година.Покриеноста на увозот со извоз во првиот квартал од годината изнесува 65,6 отсто, додека во истиот период лани била 63,2 отсто.Трговскиот дефицит, во периодот јануари-март 2014 година, изнесува илјади 584 милиони долари, додека во минатата година изнесувал 551 милион долари. Според вкупниот обем на надворешно- трговската размена, Македонија најмногу тргува со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и Италија (52,1 отсто од вкупната надворешно-трговска размена се врши со овие пет земји). /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Николоски од Штип: Инвестираме дополнителни 70 милиони денари поддршка за инфраструктура

Силна подршка за општините и дополнителни инвестиции во локалната инфраструктура, најави денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски при работната посета на општина Штип.
Тој истакна дека покрај владината директна финансиска подршка за проекти, дополнително Министерството за транспорт инвестира во нови проекти за подобрување на квалитетот на живот за граѓаните во општините.
„Ќе продолжиме со сериозна подршка на градоначалниците и општините, надвор од оваа регуларна подршка, која веќе станува регуларна секоја година од буџетот, веќе втора година. За општина Штип инвестираме дополнително некаде околу 70 милиони денари за водоводни и канализациони системи. Да најавам дека оваа година ќе имаме уште една таква активност, како дополнителна подршка. Тоа е едната работа што сакам да ја најавам. Втората работа е тоа што заедно со градоначалникот работиме и во финална фаза сме во изработка на ДУП за бањата Кежовица која треба да отвори многу перспективи за развој на туризмот пред се за банскиот туризам и исто така една убава викенд населба која што ќе значи план за целиот источен дел на државата“, рече Николоски.
Додаде дека се инвестира и во проектот браната на река Отиња, која треба да е нова туристичка атракција.
„Обезбедивме дополнителни 145 милиони денари, се реализира во моментов и очекувам во текот на следната година да заврши, да почне да се полни со вода и летото 2027 година да направиме сефте на езерото и во делот на трузмот и во делот на наводнувањето. Ќе продолжиме со подршката, Штип е еден од најголемите приортети, секако и другите општини, како и општина Крабинци која гравитира кон Штип, ќе продлжиме заедно со градоначалниците да работиме”, истакна вицепремиерот Александар Николоски.
Економија
Мицкоски: Исплатени се околу 50 милиони денари на оризопроизводителите

Јас нема да ги коментирам нападите на опозицијата. Мислам дека или не се информирани, или ја грешат темата. Веќе е исплатена онаа интервентна исплата до оризопроизводителите од околу 50-тина милиони денари изјави премиерот, Христијан Мицкоски.
Тој додаде дека се обезбедени и околу 135 милиони денари за обнова на системите за наводнување за овој регион.
„Оризот стана стратешка култура и ќе биде дел од стоковите резерви. Така што тоа што ние го направивме за неколку месеци, тие седум години не ни помислија да го прават за земјоделците, а најмалку за оризопроизводителите. Се сеќавате на министерот за земјоделие, кога им ветуваше, посебно на оризопроизводителите, за жал не само што не го испорача, туку дополнително ги уништи“, одговори на новинарско прашање Мицкоски, за забелешките од СДСМ, дека не се помага на оризопроизводителите.
Премиерот рече дека Владата се бори за земјоделците и во таа насока ќе продолжи да работи.
„Денеска каде и да одите, дали во Тиквешијата, дали ќе одите во Пелагонија кај тутунарите, дали во струмичко кај раноградинарските производи и зелката, ќе видите дека имаме историски цени и историска наплата. Зошто? Затоа што оваа Влада се бори за земјоделците, а не е ортак со откупувачите. И така и ќе продолжиме“, објасни Мицкоски.
Економија
Поевтинуваат дизелот и бензините

Цените на горивата од ноќеска на полноќ ќе поевтинат за половина и за еден денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 1 денар, а на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат за половина денар.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,113 ден/кг и сега ќе изнесува 36,042 ден/кг.
Од 06.5.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 73,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 75,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 65,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 65,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 36,042 (денари/килограм)