Забава
Kапачите да престанат да ја пијат водата!

Австрискиот совет за буџет одлучил да штеди на вода и хлор поради што од капачите побарале да престанат да ја голтаат водата за време на капењето и бермудите да ги заменат со обичен костум за капење.
Австрискиот совет за буџет одлучил да штеди на вода и хлор поради што од капачите побарале да престанат да ја голтаат водата за време на капењето и бермудите да ги заменат со обичен костум за капење. Според истражувањата што ги направиле менаџерите на 18 илјади јавни базени во Виена, капачите секој ден пијат пет илјади хлорирана вода од базените. “Многу вода се троши и кога капачите влегуваат или излегуваат од базенот. Тоа значи дека на една илјада посети се трошат 2.5 илјади литри вода“, вели портпаролот на австрискиот совет за буџет на јавните базени, Мартин Котински. Покрај водата, потребно е да се додаде и хлор, што чини скоро 1,40 евра за базен. Истражувањето, исто така, покажало дека капачите во бермуди просечно трошат по 2,5 литри вода на секое излегување од базенот. /крај/ нет.хр
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Џенифер Лопез за своите поранешни партнери: „Тие не беа способни да ме сакаат“

Џенифер Лопез неодамна се појави во „Шоуто на Хауард Стерн“ за да го промовира мјузиклот „Бакнежот на жената-пајак“. Покрај нејзината деловна кариера, познатата поп-пејачка одговараше и на прашања за нејзиниот личен живот.
На прашањето на водителот Стерн – „Дали мислите дека бевте навистина сакани?“, Џенифер одговори по кратка пауза: „Не“.
„Тие не беа способни да ме сакаат… Тие го немаа тоа во себе. Ми дадоа што имаа. Ми дадоа сè, секој пат – сите прстени, сè што некогаш можев да посакам. Куќи, прстени, брак и сè тоа, но дел од проблемот беше што во тоа време не се сакав себеси“, призна таа.
Лопез беше мажена и разведена четири пати, но се чини дека нејзиниот последен развод – од Бен Афлек – ја погоди вистински. Со поранешниот сопруг Марк Антонио, таа ги има 17-годишните близнаци Макс и Ема.
„Кога се разведов последен пат, тоа беше најдоброто нешто што ми се случи, бидејќи навистина ме натера да свртам нов лист. Мислам, имав фитнес тренер, имав брачен терапевт, имав индивидуален терапевт, имав тренер за зависности. Имав сè. Си мислев: Ќе го решам ова, дури и ако ме убие“, рече Лопез.
Таа вели дека сега има поголема самодоверба и научила да ги разбира луѓето околу неа.
„Сега можам да седам тука со многу поголема самодоверба… Се чувствувам навистина удобно и добро што сум своја…“
Забава
(Фото) „Новата“ Ана Ивановиќ во заводливо издание на ревијата на „Викторија Сикрет

Меѓу познатите личности кои ја гледаа традиционалната годишна модна ревија на „Викторија Сикрет“ во живо, одржана во Њујорк, беше и Ана Ивановиќ, која се пофали со неколку фотографии и видеа од самиот настан.
Ана ја гледаше најочекуваната модна ревија од првите редови, која ги врати Адријана Лима, Тајра Бенкс, Алесандра Амброзио, Кандис Сванепул, Ирина Шајк, Бехати Принслу и многу други познати убавици на пистата, како и модел кој влезе во историјата станувајќи првата бремена жена што ја отвори ревијата.
За оваа посебна пригода, таа беше облечена по најновата мода, но веќе знаеме дека ги следи модните трендови, бидејќи често ги покажува своите модни избори на Инстаграм.
„Светла. Камери. Ангели. Ви благодариме за ова неверојатно искуство и сите спомени“, напиша Ана на Инстаграм, а доби многу комплименти за својот стил.
Таа ја носеше најмодерната боја оваа есен; долг, плисиран кафеав фустан со тесен крој и заводлив детаљ под градите, и кафеави сатенски чевли со високи потпетици, во комбинација со чанта што ја држеше во рака. Фустанот ја покажуваше нејзината заводлива фигура до максимум, бидејќи беше целосно тесен.
„Божествена убавина и импресивна згодна девојка. Сите ѕвезди на светскиот гламур можат само да бидат љубоморни на вашиот стајлинг и вашата убавина. Блескате во секој поглед“, пишува во еден од коментарите.
Поранешната тенисерка не го криеше својот ентузијазам за нејзиното присуство на овој настан, а имаше и можност да се фотографира со некои познати лица.
фото: принтскрин
Забава
(Видео/Фото) Адријана Лима, речиси гола, „пука“ од сексапил на ревијата на „Викторија сикрет“

Брендот „Викторија сикрет“ повторно е во центарот на вниманието по модната ревија во Њујорк на која учествуваа голем број големи имиња. Меѓу нив беше и дебитантката Емили Ратајковски, а оваа ревија ќе се памети и по тоа што е првата што ја отвори бремена жена.
Сепак, сето тоа може да биде во центарот на вниманието само привремено, бидејќи кога се појавува Адријана Лима, сè паѓа во вода.
adriana lima is so beautiful pic.twitter.com/CrokNTrAZm
— 2000s (@PopCulture2000s) October 15, 2025
Славната Бразилка е лице на брендот со години, па затоа не е ни чудо што нејзиното појавување на пистата беше со нетрпение очекувано.
Поранешната „српска снаа“, како што многумина сè уште ја нарекуваат, како и обично, носеше тешки, впечатливи крилја, но нејзината убавина дури и тоа го остави во сенка.
Прво, таа прошета во секси црна чипкана долна облека што ја надополни со чизми над колена и ракавици, а со оглед на тоа што крилјата беа направени од сребрени реси, Адријана носеше и импресивни сребрени обетки.
adriana lima back on the runway for victoria’s secret ❤️🔥 pic.twitter.com/mpnctbw3jR
— DUDA (@saintdemie) October 15, 2025
Сите ја гледаа, а потоа дојде втората комбинација.
Комбинезон во боја на кожа, покриен со светки и претежно транспарентен, едноставно зачини сè, а овој пат Лима имаше кафеави крилја. Целиот outfit и настап се викаа „Phoenix Wings“ и симболично ја претставуваа преродбата и враќањето на Адријана Лима на оваа голема сцена.
фото: принтскрин