Економија
Македонија ја цени улогата на Јапонија како најголем странски донатор во земјата

Владината делегација предводена од премиерот Никола Груевски во понеделникот во Токио оствари средба и со делегација на Јапонската агенција за меѓународна соработка (ЈИЦА) предводена од нејзиниот потпретседател, Хидеаки Домичи, агенција која е најголем донатор на проекти во Република Македонија.
На средбата позитивно и успешно беа оценети досегашните проекти кои се спроведуваат во соработка на двете страни, меѓу кои позначајни се проектот за изградба на хидросистемот „Злетовица“ со кој се обезбедува вода за пиење за повеќе од 100 илјади граѓани, и проектите преку кои се модернизира македонското јавно здравство со обезбедување на медицинска опрема за дел од клиниките.
Груевски истакна дека Македонија високо ја цени улогата на Јапонија како најголем странски донатор во нашата земја, што во изминатиов период имаше голем придонес во развојот на нашата земја.
Двете страни разговараа за повеќе теми од заеднички интерес, во насока на продолжување на соработката на други проекти во иднина. Стана збор за можностите за соработка во поглед на финансирање на проекти за заштита на животната средина, развој на инфраструктурата, системи за рано предупредување од природни непогоди, едукација на лица за реализација на проекти и научно-техничка специјализација на експерти од нашата земја во Јапонија.
Посебен акцент беше ставен на реализација на проектот за довршувањето на колекторскиот систем на Охридското Езеро, за што од двете страни беше изразена подготвеност за партиципација и продолжување со оперативните работи и процедури.
Стана збор и за процедурите за склучување на акти и документи за соработка со кои би се олеснила, интензивирала и зајакнала соработката помеѓу двете земји во рамки на билатерална соработка.
Беше истакната потребата од фокусирање на развојот на односите на економската соработка, јакнење на трговската размена и иницирање и зголемување на јапонските инвестиции во Македонија.
„Разговаравме за соработка во областа на животната средина и производи и услуги од повисоката технологија, размена на искуства и тренинг на македонски менаџери. Добиваме уверение дека ќе не поддржат во еден од најзначајните проекти за довршување на колекторскиот систем на Охридското Езеро. Обезбедивме поддршка во делот на финансирање на физибилити студија по која ќе следи и главен проект и градба, така што значајно за нас е што ЈИЦА останува значаен партнер на Република Македонија“, изјави вицепремиерот Зоран Ставрески по средбата.
„Охридското Езеро е област во која престојуваат многу туристи, а колекторскиот систем е проект на кој му е потребно внимание и ние сакаме да соработуваме. Тоа е една област која ја разговаравме со Премиерот како тема за идна соработка, како и темата стипендии и развивање на дипломатската соработка. Веруваме дека ЈИЦА е предводник во заштитата на животната средина и во соработката помеѓу двете нации“, истакна потпретседателот на ЈИЦА Хидеаки Домичи./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Три концесии за експлоатација на минерални суровини еднострано раскинати

Владата, по предлог на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини (МЕРМС), донесе три одлуки за едностран раскин на Договори за концесија за експлоатација на минерални суровини и една одлука за одбивање на ново барање за концесија. Одлуките се веќе објавени во Службен весник на Република Македонија.
Од формирањето на Министерството до денес, вкупно се донесени 34 одлуки за едностран раскин на концесии поради непочитување на законските одредби за експлоатација на минерални суровини, неплаќање на концесиски надоместоци согласно утврдениот тарифник, непочитување на мерките за заштита на животната средина, пренесување на концесијата на друг субјект без согласност и експлоатација надвор од одобрениот експлоатационен предел.
Од Министерството информираат дека во моментов се во тек и повеќе постапки за раскин или одбивање на продолжување на концесии по исти или слични причини. Во истиот период констатиран е и раскин на 11 дозволи за експлоатација поради истек на договорот за концесија.
МЕРМС води и регистар на одземени концесии и тој од следниот период поради поголема транспарентност ќе биде јавно објавен на сајтот на министерството.
Министерката Сања Божиновска истакна:
„Нашата цел е транспарентно и одговорно управување со природните ресурси. Со засилената контрола и примената на законските мерки, обезбедуваме фер и одржлива експлоатација, која носи економски придобивки за државата и поддршка за локалните заедници. Овие одлуки се директна последица на посветените активности и системската работа на Министерството за воспоставување на највисоки стандарди за транспарентно и фер управување со природните ресурси, подобрување на наплатата и зајакнување на контролата врз обврските на концесионерите. “
Економија
Мицкоски: Неколкукратно е зголемена бројката на апликанти за мерката млад земјоделец во вредност од 70 милиони денари

Поради изборните ограничувања, мерката млад земјоделец не можеме да ја промовираме, иако огласот е завршен, филтерот е направен, 117 корисници односно апликанти за околу 70 милиони денари, вели Христијан Мицкоски, претседател на Владата на Република Северна Македонија одговарајќи на новинарско прашање.
Премиерот Мицкоски истакна дека за разлика од 2023 година кога имало само 44 апликанти, односно само 18 корисници, истата денеска е зголемена неколкукратно односно на 117 апликанти.
Можеби бројката 117 не значи многу грандиозно, но ако се има предвид дека во 2023 година од 44 апликанти, само 18 имаме корисници, тогаш станува збор за неколкукратно зголемување. Така што веднаш по завршување на локалните избори кога веќе ќе ги немаме оние законски ограничувања, и формално ќе биде ставена во функција оваа мерка за поддршка на младите земјоделци.
Економија
Во јули годишен раст од 13,0 отсто на вкупните депозити и од 13,0 отсто на вкупната кредитна поддршка

Анализирано на годишно ниво, вкупните депозити бележат раст од 13,0%, којшто во поголем дел се должи на растот на депозитите на секторот „домаќинства“, при помал раст и на депозитите на корпоративниот сектор, извести Народната банка.
На годишна основа, вкупните кредити бележат раст од 13,0%, поради повисоките кредити на двата сектора, со поголем придонес на корпоративниот сектор.
Најновото соопштение за монетарните движења е достапно на линкот