Црна хроника
Обвинителство утврдило дека Крпач се самоубил

Скопското јавно обвинителство од досегашниот тек на предистражната постапка утврдило дека Коста Крпач се самоубил.
Од Јавното обвинителство попладнево испратија кратко соопштение до јавноста во коешто единствено се соопштува дека според нивната истрага Крпач се самоубил, нo нема детали како точно настапила смртта.„И покрај тајноста на предистражната постапка, Основното јавно обвинителство – Скопје за утврденото ја известува јавноста, со цел отстранување на шпекулациите.Постапката по предметот во Обвинителството и натаму тече за утврдување на причините и околностите под кои настапила смртта на лицето К.К.“, се вели во соопштението.Крпач беше пронајден мртов пред повеќе од еден месец во својот стан во скопската населба Капиштец. Според првичната верзија, тој најпрвин пукал кон паркирано комбе од својот стан, а потоа се самоубил.Крпач бил сведок на Специјалното обвинителство, а се најде и на списокот на аболицирани што го донесе претседателот, Ѓорге Иванов./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Штитеници во установа за згрижување деца имале сексуален однос пред 12-годишно дете

Вчера во 16:45 часот во СВР Скопје е пријавено дека во август 2025 година во соба во установа за згрижување на деца, 16-годишен штитеник и 15-годишна штитеничка на установата имале сексуален односи.
Според информациите од МВР, тие имале односи пред 12-годишен штитеник на установата, по што 16-годишникот му се заканил на 12-годишникот да не кажува никому.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Ограбен автомобил на паркинг во Центар

Синоќа во 00:32 часот во СВР Скопје е пријавено дека е ограбен автомобил на паркинг простор на подрачјето на Центар во Скопје.
Според информациите на МВР, од патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на правно лице, одземена е актовка со пари, документи, печати и други предмети.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
фото: илустрација
Црна хроника
Инцидент во Карпош: Му ги дупнала гумите на возилото на партнерот, а потоа и физички го нападнала

Маж од тетовско пријавил во полиција дека неговата партнерка му ги дупнала гумите на возилото, а потоа и физички го нападнала.
Доцна синоќа, во 03:20 часот во СВР Скопје, 44-годишен маж од тетовско пријави дека претходно околу 19:00 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, неговата партнерка со нејзиното возило удрила во неговото возило, а потоа со остар предмет му ги оштетила гумите на возилото и физички го нападнала.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.