Македонија
Домашна ракија и мастика нелегално се продава во кафеаните во Дојран
Повеќе од 60 литри домашна ракија и мастика нашле Царинската управа и Управата за јавни приходи, како слободно се точи во дојранските кафулиња и кафеани, иако за нив не била платена акциза.
Имено, во саботата комбинирани тимови на Царинската управа и на Управата за јавни приходи извршиле координирани контроли во повеќе угостителски објекти во Дојран.
Царинската управа контролите ги вршеше согласно своите надлежности кои што произлегуваат од Законот за акцизите, додека Управата за приходи согласно Законот за регистрирање на готовински плаќања.
При контролата во шест угостителски објекти е откриена незаконска продажба на алкохолни пијалаци.
Притоа, привремено се задржани околу 64,5 литри жестоки алкохолни пијалаци од кои 30 литри се домашна ракија и мастика за кои не е платена акциза и за кои не постојат документи за потекло и за здравствена исправност.
Царинската управа продолжува со контроли на акцизните добра со цел да се обезбеди легитимна конкурентност, заштита на здравјето на граѓаните и соодветна наплата на пропишаната акциза./крај/мф/бб
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска дел од Илинден и Центар
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08:00 до 13:00 часот, корисниците од улицата 8, улицата 18, општина Илинден;
· во периодот од 08:30 до 12:30 часот, корисниците од Хотел Буши, дел од улицата Самоилова, дел од улицата Јоаким Крчовски, дел од улицата Прохор Пчински, дел од улицата Алберт Станиќ, општина Центар.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на улицата 8 -ма Ударна Бригада 39, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, вклучително и објектот на Амбасадата на Р.Италија, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Наутро ведро и студено, во текот на денот сончево
Наутро ведро и студено, а во текот на денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 5, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 16 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на стабилно и суво време со постудени утра и со услови за утринска магла по одделни котлини. Во текот на денот ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Дневните температури ќе бидат без значителна промена.

