Забава
Трговски синџир воведува „листа за разведени“
Освен „листата за малденци“, односно пописот на барани предмети за подароци за идните брални двојки, лондонскиот трговски синџир Debenhams решил да воведе и „листа за раазведените“
Новата услуга би требало на брачните двојки кои одлучиле да се разведат да им го олесни уредувањето на новите домови.„Разводот е многу скапа работа, а со помош на ваквата листа, семејството и пријателите би можеле на новоразведените да им го олеснат почетокот на одвоениот живот“, тврди Питер Мур, шеф на пслужбата за продажба на синџирот кој има продавници низ цела Велика Британија.Подароците од листата за разведени се многу шарени:, од постелнина до микробранови печки и телевизори.Во Британија во последно време прославите по раводите стануваат се’ почеста појава. Затоа Debenhams решиле дека „листата за разведени“ е добар деловен потег со кој на оние што се повикани на ваквите прослави на разводи, ќе може лесно да се решат што да купат како подарок од нивните продавници.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Новата мис на Турција исмеана поради нејзиниот изглед: „Ако таа е мис, тогаш можам да се кандидирам за претседател“
24-годишната Идил Билген е новата мис на Турција и ќе ја претставува својата земја на изборот за мис на светот, кој ќе се одржи на почетокот на 2025 година.
View this post on Instagram
По победата на натпреварот, нејзините фотографии се проширија на социјалните мрежи. Многумина во коментарите напишаа дека Идил не заслужува да победи и дека изборите биле наместени, а троловите ја исмеваат поради нејзиниот изглед.
View this post on Instagram
„Сестро, можеш да продолжиш да мислиш дека си убава, цела Турција ја знае вистината“, „Ако таа е мис, тогаш можам да се кандидирам за претседател“, „Навистина не сакаме таа да нè претставува на светскиот натпревар“ , „Извинете, но подобро да земевте девојка од улица“, „По сите критики, почнаа да ја фотошопираат“, „Само излезете на улица, првата девојка што ќе ја видите ќе биде поубава од неа“, се нижат коментарите на „Инстаграм“.
Забава
Ѕвездата на One Direction ја најави својата прва соло турнеја, 10 години по напуштањето на групата
Пејачот Зејн Малик откри дека ќе ја започне својата прва соло турнеја, десет години по напуштањето на One Direction. Оваа вест ја сподели во емисијата на Џими Фалон, каде на водителот му врачи порака, пренесува The Sun.
На неа пишуваше: „Еј Џими, мило ми е што те видов другар. Одам на мојата прва самостојна турнеја оваа есен, па можеби кога ќе завршиш со берење јаболка со екипажот, можеш да дојдеш да ја погледнеш мојата турнеја Stairway To The Sky преку САД и Велика Британија“.
„Дозволете ми да знам за кој датум сакате билети“, додаде тој.
Оваа вест предизвика еуфорија кај неговите фанови, кои не можеа да поверуваат дека турнејата ќе започне толку брзо. „Ова го чекавме долго време“, „Толку сум горд на тебе и до каде стигна“, „Чекај, турнејата е годинава?? Мислев дека нема да биде до пролет или нешто?“, се само дел од коментарите на фановите.
Зејн го напушти One Direction во 2015 година. Хари Стајлс, Лиам Пејн, Луис Томлинсон и Ниал Хоран потоа продолжија како четворка, но во 2016 година објавија неодреден прекин за да можат членовите да се посветат на соло проекти.
Забава
Јелена Розга проговори за односот со Северина: „Се надуваа“
Публиката и регионалните медиуми со години се прашуваат каков однос имаат двете големи ѕвезди – Северина и Јелена Розга. Шпекулациите дека пејачките не се во добри односи ставија крај со посетата на Јелена на студиото „Кликс“.
„Секогаш постои оваа приказна во регионот дека вие не сте во добри односи. Можеш ли да ми го демистифицираш тоа? Дали е тоа вистина или не? Дали го надуваа како многу други работи?“, ја праша водителката Розга, на што таа одговори:
„Се разбира, сето тоа е надуено. Имам одлични односи со сите мои колеги. Секој си ја работи работата на свој начин, јас никого не допирам, секого почитувам и толку“, признала Јелена.
И двете пејачки се предводници на хрватската музичка сцена со распродадени концерти во регионот, а речиси секоја нивна песна станува хит. Северина во 2011 година зборуваше за својата колешка од Сплит, која тогаш стана првата жена што ја распродаде арената „Спаладиум“.
„Таа е слатка. Многу ми е драго, мило ми е и за неа и за работата воопшто, но, пред сè, за неа. Има добри песни“, изјави Севе за Розга, а заедно пред 12.000 сплиќани и сплиќани го испеаа хитот „Пријатели“.
Розга жали што минатата година не можеше повторно да настапи во арената „Спаладиум“, која беше затворена.
„Жал ми е што мојот град нема да го види она на што сум работела со години. Турнејата ‘Минуте срца мог’ е прекрасна приказна, но сигурна сум дека затоа многу мои сограѓани ќе дојдат во сараевска ‘Зетра’ на 2 ноември“, изјави Јелена.