Забава
Жените заслужни за откривање на пивото

Иако пивото во современиот свет се смета за напиток во кој уживаат мажите, најновите истражувања покажале дека жените ја одиграле клучната улога во историјата на пивото, пишува „Телеграф“.
Иако пивото во современиот свет се смета за напиток во кој уживаат мажите, најновите истражувања покажале дека жените ја одиграле клучната улога во историјата на пивото, пишува „Телеграф“.
Според историчарката Џејн Пејтон, жените го создале пивото и илјадници години само на нив им било дозволено конзумирање на овој пијалок.
Пред 7.000 години во Месопотамија, способноста на жените да права пиво била толку важна, што единствено на нив им било дозволено да имаат до пивниците, вели Пејтон.
Таа додава дека кога викинзите помеѓу осмиот и десетиот век вршеле грабежи по Европа, тоа го правеле под дејство на пивото, што го изработувале нивните сонароднички.
Според некои сознанија, англиската кралица Eлизабета I секојдневно конзумирала пиво. /крај/б/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Фото) Незгоден момент: девојката на Леонардо ди Каприо го скина фустанот на свадбата на Безос

Девојката на Леонардо ди Каприо (51), италијанската манекенка Виторија Серети (27), откри дека имала проблем со фустанот за време на гламурозната свадба на Џеф Безос и Лорен Санчез.
Черети носеше винтиџ фустан од Долче и Габана на забавата во саботата, но славењето очигледно било толку бурно што фустанот не издржал.
Манекенката сподели серија фотографии „како започна наспроти како оди“ на социјалните мрежи, покажувајќи како мал скинат дел се претворил во сериозно скинат фустан.
Денот пред големата забава, во петокот, ди Каприо и Серети присуствуваа на самата венчавка на островот Сан Џорџо Маџоре.
Моделот носеше елегантен црн фустан, а косата и беше собрана во уредна ниска пунџа, додека актерот, кој е во врска со Виторија од мај 2023 година, се одлучи за класичен црн смокинг и црна бејзбол капа.
Забава
Германскиот екс тенисер Борис Бекер го очекува своето петто дете

Борис Бекер (57) очекува дете со неговата девојка, Лилијан де Карваљо Монтеиро, која е 23 години помлада од него.
Поранешниот германски тенисер Борис Бекер ја сподели добрата вест на својот официјален Инстаграм профил во форма на емотивно видео.
View this post on Instagram
Како што можете да видите, неговата сакана гордо позираше пред објективот на камерата, а нејзиниот труднички стомак веќе се забележува.
„Мало чудо доаѓа. Најдоброто допрва доаѓа“, напиша тој во описот, а бројни корисници на интернет испратија честитки и позитивни реакции.
Во неодамнешно интервју за странски медиуми, Борис Бекер зборуваше за тоа колку ја обожава својата драга Лилијан.
„Се запознавме во време кога се чувствував многу лошо – професионално, ментално и физички. Се чувствував полошо отколку што некогаш сум се чувствувал во животот. И покрај тоа, Лилијан беше заинтересирана за мене“, рече тој, меѓу другото.
Борис Бекер има четири деца од претходни врски.
Забава
Шарлиз Терон пред публиката во Лос Анџелес: Мислам дека можеби сме единствените луѓе кои не добивме покана за свадбата на Безос

Шарлиз Терон не изгледаше импресионирана од венчавката на Џеф Безос и Лорен Санчез, вредна 50 милиони долари, во Венеција, на која учествуваа ѕвезди. На забавата организирана од нејзината фондација „Charlize Theron Africa Outreach Project“, таа се пошегува за „венчавката на векот“.
„Мислам дека можеби сме единствените луѓе кои не добивме покана за свадбата на Безос“, изјави актерката пред публиката на настан во Лос Анџелес.
„Но, тоа е во ред затоа што тие се без врска, а ние сме супер“, се пошегува Терон, според „Холивуд репортер“.
Добитничката на Оскар им се заблагодари на своите гости што „одвоиле време да бидат дел од настанот, особено кога се чувствува како светот да гори“.
Џеф Безос и Лорен Санчез се венчаа во петокот вечерта во Венеција.