Економија
Активностите во европскиот градежен сектор пак благо забрзаа

Сезонски прилагодените активности во европскиот градежен сектор повторно благо забрзале во јуни, извести во вторникот европската статистичка агенција Eurostat.
Во еврозоната активностите во јуни пораснале за 0,7 отсто во однос на претходниот месец кога се зголемени за 0,5 отсто, Во целата Европска унија забележан е раст на активностите за 0,8 отсто, по 0,3-процентниот раст во мај.
На годишно ниво активносите во градежништвото се намалени во јуни за 3,0 отсто во еврозоната и за 1,5 отсто во Унијата.
Меѓу земјите членки со чиишто податоци располага Eurostat, во јуни падот на активностите во градежниот сектор на месечно ниво забележале шест земји, раст четири, додека активностите стагнирале во Шпанија, Франција и Унгарија.
Најголем пад на месечно ниво забележале Романија за 2,4 отсто, Португалија за 2,2 и Шведска за 0,9 отсто, додека најголем раст е регистриран во Словенија од 10,5 отсто, во Полска, за 5,3, Германија за 1,6 и во Чешка за 1,3 отсто.
На годишно ниво активностите во градежниот сектор се намалиле во десет земји, а се зголемиле во три. Најголем пад е забележан во Полска од 16,3 отсто, во Португалија од 12,0, во Словачка од 10,7 и Чешка пад од 9,8 отсто. Најголем раст, пак, има во Унгарија од 12,5 отсто, во Шпанија за 4,1 отсто и Шведска од 3,1 отсто./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Исплатени 177.533.000 денари кон 1.636 лица за предадени јагне и јаре

Денеска се исплатија 177.533.000 денари кон 1.636 лица, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за развојот на сточарството во Македонија.
Реализирана е исплата на дополнителни директни плаќања од подмерки 2.8 и 2.10 за предадено јагне и/или јаре од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година.
Корисници на оваа подмерка се земјоделски стопанства одгледувачи на овци и кози и се корисници од подмерка 2.8 и 2.10 кои имаат предадено јагне и/или јаре во регистриран кланичен капацитет во период од 26 декември 2023 година до 25 декември 2024 година.
Економија
Николоски потпиша договор за грант-средства со Европската банка за обнова во висина од 350 илјaди евра

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски го потпиша Договорот за грант средства со Европската банка за обнова и развој во висина од 350 илјaди евра наменети за техничка помош за изработка на Национална стратегија за полнење електрични возила и инфраструктура, извести Министерството за транспорт.
„Националната стратегија за полнење на електрични возила и инфраструктура, прва од овој вид во Македонија, ќе овозможи стратешки пристап кон развојот на патната инфраструктура за поддршка на воведувањето на електрични возила во патната мрежа.
Во овој момент во тек е постапката за избор на Консултант (се очекува крај на јули, почеток на август да се избере) кој ќе има задача во две фази да креира:
Подготовка на Стратегија за електрични возила; Акциски план со приоритетни активности и рокови кои треба да бидат одобрени од Владата, преку Министерството за транспорт и Европската банка за обнова и развој.
Покрај Консултанот, во изработката на Статегијата и Акцискиот план ќе бидат вклучени домашни и меѓународни експерти од области на експертиза за електрични возила, енергетската ефикасност, транспортот и екологијата“, се додава во соопштението.
Економија
Позначајни движења кај каматните стапки на банките и штедилниците

Годишен раст на просечната каматна стапка на вкупните депозити од 0,35 п.п., при што во мај таа изнесува 2,21%, извести Народната банка.
Просечната каматна стапка на вкупните кредити бележи годишен пад од 0,43 п.п. и изнесува 5,06%.
Најновото соопштение за позначајните движења кај каматните стапки на банките и штедилниците е достапно на следната врска.