Контакт

Берзи

Втор ден раст на Волстрит

Објавено пред

Берзанските индекси пораснаа втор ден по ред бидејќи инвеститорите ги охрабрија подобрите од очекувани економски податоци и растот на цената на нафтата.

dobivaj vesti na viber

 

 

Dow Jones зајакна 212 поени, или 1,29 отсто, на 16.697 поени, додека S&P 500 порасна 1,13 отсто, на 1.951 поен, а Nasdaq се намали 0,87 отсто, на 4.582 поени.

 

На вредноста вчера загубија сите 10 сектори од S&P 500 индексот, при што најмногу за 1,4 отсто, зајакна финансискиот сектор. Овој сектор е најголем губитник од почетокот на годината, со пад 12 отсто, а под притисок е поради ниските камати, забавениот раст на глобалната економија и изложеноста на многу банки во енергетскиот сектор.

 

Од друга страна, поддршка на енергетскиот сектор, но и на целата берза вчера пружи растот на цената на нафтата за 3 отсто со оглед дека инвеститорите се надеваат дека ќе дојде до договор за намалување на производството.

 

Подобрите од очекуваните податоци за нарачките за трајни производи ги ублажија стравувањата од позначително забавување на растот на американската економија.

 

Сепак, инвеститорите се внимателни, на што укажува потпросечниот обем на тргување.

 

И на европските берзи цените на акциите вчера пораснаа. Лондонски FTSE индекс зајакна 2,48 отсто, на 6.012 поени, додека франкфуртски DAX скокна за 1,79 отсто, на 9.331 поен, а париски CAC 2,24 отсто, на 4.248 поени. /крај/мф/ап/



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Берзи

Доларот нагло падна, еврото зајакна

Објавено пред

На девизните пазари вредноста на доларот во однос на кошницата валути драстично падна минатата недела, бидејќи инвеститорите сметаат дека поради забавувањето на инфлацијата во САД заврши циклусот на зголемување на каматните стапки од страна на американската централна банка. Индексот на доларот, кој ја следи вредноста на САД во однос на шесте најважни светски валути, потона минатата недела за 1,9 отсто, на 103,81 поен, што е најниско ниво од почетокот на септември.

dobivaj vesti na viber

Истовремено, доларот падна за 2,1 отсто во однос на европската валута, па цената на еврото достигна 1,0910 долари. Остриот пад на курсот на доларот уследи по објавувањето во вторникот дека стапката на инфлација во САД се лизна на 3,2 отсто во октомври, од 3,7 отсто во септември.

И низа други извештаи потврдија дека инфлацијата се намалува, што ја поддржа тезата дека ФЕД нема да има потреба дополнително да ја заостри монетарната политика. Од март минатата година, ФЕД ги зголеми клучните каматни стапки за 5,25 процентни поени за да ја ограничи инфлацијата.

Сепак, на последните две седници челниците на ФЕД ги оставија каматните стапки непроменети, па инвеститорите сметаат дека циклусот на зголемување на цената на парите е завршен, иако од ФЕД велат дека е можно дополнително заострување на монетарната политика.

Во наредниот период, движењата на пазарот ќе зависат главно од шпекулациите за тоа кога ФЕД би можел да започне со намалување на каматните стапки. На пазарот на пари се проценува дека првото намалување на каматните стапки на ФЕД би можело да се случи во мај следната година, а до крајот на следната година каматните стапки би можеле да се намалат вкупно за еден процентен поен.

Прикажи повеќе...

Берзи

Светските берзи драстично паѓаат, можно е дополнително зголемување на каматите

Објавено пред

На светските берзи цените на акциите нагло паднаа минатата недела поради растот на приносите на обврзниците и пораката на претседателот на ФЕД Џером Пауел дека централната банка може дополнително да ги зголеми каматните стапки. На Волстрит, Доу Џонс индексот минатата недела падна за 1,6 отсто, на 33.127 поени, додека S&P 500 се лизна за 2,4 отсто, на 4.224 поени, а индексот Nasdaq се намали за 3,2 отсто, на 12.983 поени.

dobivaj vesti na viber

На берзата негативно влијаеше растот на приносите на американските државни обврзници. Во петокот приносите на 10-годишните обврзници се пробија над нивото од 5 отсто за прв пат по 16 години. Ова може да влијае на каматите на хипотеките и автомобилските заеми, каматите на кредитните картички… Покрај тоа, повисоките приноси на обврзниците ја намалуваат привлечноста на акциите бидејќи на инвеститорите им нудат добри приноси без никаков ризик.

Во такви околности, инвеститорите се повлекуваат од поризични инвестиции, како што се акциите, и бараат засолниште за својот капитал во инвестиции кои се сметаат за побезбедни во несигурни времиња, како што е златото. Како резултат на тоа, цената на унца злато се движи близу највисокото ниво во последните два месеци, околу 1.980 долари.

Поради сето ова, инвеститорите не беа охрабрени ниту од кварталните деловни резултати, иако поголемиот дел од компаниите од индексот S&P 500, кои досега објавуваа извештаи, остварија поголема заработка од очекуваната.

И на европските берзи цените на акциите драстично паднаа минатата недела. Лондонскиот FTSE индекс се лизна за 2,6 отсто, на 7.402 поени, додека франкфуртски DAX потона за 2,5 отсто, на 14.798 поени, а париски CAC 2,7 отсто, на 6.816 поени.

Прикажи повеќе...

Берзи

Колапсот на моќната американска банка ги потресе светските берзи

Објавено пред

Минатата недела на светските берзи е забележан голем пад на цените на акциите, бидејќи поради високата инфлација централните банки ќе продолжат да ги зголемуваат каматните стапки.

dobivaj vesti na viber

Волстрит беше потресен и од колапсот на банката во Силиконската долина (SVB).

На Волстрит, акциите на Dow Jones паднаа за 4,4 отсто минатата недела, на 31.909 поени, додека S&P 500 „потона“ за 4,6 отсто, на 3.861 поен, а индексот Nasdaq за 4,7 отсто, на 11.138 поени.

Во февруари овие индекси значително пораснаа бидејќи инвеститорите се надеваа дека американската централна банка наскоро ќе престане да ги зголемува каматните стапки и дека конечната каматна стапка, која ќе го прекине циклусот на затегнување на монетарната политика, ќе остане под нивото од пет проценти. Но, последниве недели индексите изгубија најголем дел од тие добивки бидејќи се појасно е дека ова сценарио нема да се оствари.

Серијата неодамнешни податоци покажуваат дека побарувачката на пазарот на трудот е сè уште силна, па може да се очекува раст на платите и трошоците, што значи дека американската централна банка ќе продолжи да ги зголемува каматните стапки. Претседателот на Федералните резерви на САД, Џером Пауел, оваа недела изјави дека централната банка е подготвена да преземе повеќе чекори доколку идните економски податоци покажат дека се потребни построги мерки за ограничување на инфлацијата.

Ова предизвика страв кај инвеститорите дека централната банка ќе ги зголеми клучните каматни стапки за агресивни 0,50 процентни поени на мартовската сесија, додека неодамна се очекуваше зголемување од 0,25 поени. Затоа сега на пазарот на пари се проценува дека до септември каматните стапки ќе бидат зголемени во интервал од 5,50 до 5,75 отсто, додека сега каматните стапки се движат меѓу 4,50 и 4,75 отсто.

Негативно влијание на Волстрит имаше и колапсот на банката на Силиконската долина (SVB), најголемиот банкрот на американска банка од финансиската криза во 2008 година. Таа банка, која со години го финансираше технолошкиот сектор, беше под притисок бидејќи многу стартап компании почнаа да повлекуваат депозити. За да го собере капиталот, банката прво неодамна продаде постоечки обврзници, но со голема загуба, а потоа во средата објави план за продажба на нови акции за да собере 2,25 милијарди долари свеж капитал.

Но, тоа предизвика паника кај граѓаните и претприемачите, кои само во четвртокот повлекоа 42 милијарди долари депозити од банката, па банката денот го заврши со негативно готовинско салдо од речиси милијарда долари. Како резултат на тоа, регулаторот ја затвори банката во петокот и ја презеде контролата врз преостанатите депозити. И на европските берзи цените на акциите паднаа минатата недела.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

„Остро ја осудуваме деградирачката реторика, ВМРО-ДПМНЕ да не се однесува како на изборна кампања“, реагира Лога

„Остро ја осудуваме деградирачката реторика на политичката партија која претендира да управува со оваа држава. Нападот врз независните институции е...

Македонија5 часа

„Кога Кацарска напушта раководна позиција, тоа е празник за правдата“, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Кога Кацарска напушта раководна позиција, тоа е празник за правдата. Жената која чувствуваше исполнетост во спроведувањето политички нарачки преку драконски...

Македонија6 часа

ВЛЕН: Зошто Ахмети заедно со Апасиев го бојкотираше изборот на Африм Гаши за претседател на Собранието

„За новата влада на Република Северна Македонија преговараат и новата влада ќе ја сочинуваат победникот во македонскиот блок со победникот...

Македонија8 часа

Општина Карпош: Не користите ги услугите на лунапаркот, кој е монтиран без безбедносните сертификати, а нема ни одобрение за работа

Општина Карпош објави дека за разлика од другите надлежни институции, иако има минимални надлежности, води постапка против дивопоставениот лунапарк кај...

Македонија9 часа

Ахмети: Неприфатливо е коалицијата што освоила помал број мандати да стане дел од владата

Остра критика од лидерот на ДУИ, Али Ахмети, кој во име на „Европскиот фронт“ ги обвини албанските политички субјекти, кои...

Македонија9 часа

Успеавме да го надминеме секој тест на издржливост, рече Кацарска на крајот од мандатот

Со непоколеблива посветеност и истрајност го зачувавме достоинството на Уставниот суд. Успеавме да го надминеме секој тест на изджливост и...

Македонија9 часа

Дневницата на странските експерти на Кардиохирургија не е 700 евра, како што вели Демири, туку не повеќе од 150 до 200 евра, уверува Шокаровски

Странските експерти ангажирани за помош и надгледување на работата на Клиниката за кардиохирургија државата не ги плаќа 700 евра дневно,...

Топ10 часа

Со мотоцикли прегазени тројца пешаци во Македонија – жена загина, а дете е повредено во училиштен двор

Тројца пешаци вчера биле прегазени oд мотори на улиците низ државата. Според информациите од МВР, 68-годишна жена починала, кога во...

Македонија11 часа

Шокаровски: Смртноста на кардиохирургија се намалува, разрешувањата се незаконски, а 170-те пациенти не се фантоми, туку по грешка не се заведени во „Мој термин“

Смртноста на Клиниката за кардиохирургија не е зголемена, туку има тренд на намалување, нема пациенти фантоми, кои не се заведени...

Топ13 часа

Битолчанец силувал лице со трајно душевно заболување, чинот го снимал и го пренесувал во живо

Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 23-годишник осомничен за кривично дело – Полова злоупотреба на...

Македонија13 часа

Ќе ја замени градоначалничката фотелја и ќе биде гласот на народот: Блерим Беџети ќе дејствува како пратеник

Градоначалникот на општина Сарај и актуелен организациски секретар на ДУИ, Блерим Беџети, соопшти дека градоначалничката фотелја ќе ја замени со...

Свет14 часа

Северна Кореја ѝ испрати балони полни со измет на Јужна Кореја, стаса и предупредување: „Останете во затворено“

Северна Кореја испрати балони полни со ѓубре и измет во Јужна Кореја, јавуваат светските медиуми. Северна Кореја пуштила 90 балони...

Свет14 часа

Стејт департментот: САД жалат за трагичната загуба во Рафа, но Израел има право да го нападне Хамас

Администрацијата на претседателот на Соединетите Американски Држави „длабоко жали за трагичната загуба”, што е резултат на израелскиот напад врз кампот...

Свет14 часа

Макрон: Франција е подготвена да ја признае Палестина во корисен момент

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави за време на посетата на Германија дека признанието на палестинската држава не е „табу тема“,...

Свет14 часа

Еден од шефовите на руската разузнавачка служба: НАТО подготвува нуклеарен напад, разработува сценарија

Еден од шефовите на руската разузнавачка служба, ФСБ ги обвини земјите на НАТО дека се подготвувале да извршат нуклеарни напади...

Македонија1 ден

Мицотакис: Очекувам од новиот премиер изјава дека името на неговата земја е Северна Македонија и тоа ќе го користи во и вон неговата земја

„Очекувам од новиот премиер да даде јасна изјава дека го почитува Договорот од Преспа и дека името на неговата земја...

Македонија1 ден

(Видео) Џафери најави дека останува да ја извршува премиерската функција до изборот на новата Влада: Нема да учествувам во работата на Собранието

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, кој е избран и за пратеник во Собранието на Република Северна...

Македонија1 ден

Собранието го доби новиот спикер: Африм Гаши избран за претседател

Африм Гаши е избран за претседател на Собранието на Македонија. Беше изгласан со 76 гласа ,,за”, а ,,против” гласаа само...

Македонија1 ден

Собранието ги верификуваше мандатите на пратениците

Собранието во рамки на конститутивната седница со 101 глас „за“ од вкупно 117 присутни го усвои извештајот на Верификационата комисија...

Македонија1 ден

Силјановска-Давкова: Лентите не се многу големи, сакав да пишува РС Македонија, но немаше место

Претседателката Гордана Силјановска-Давкова објасни зошто на чествувањето во Ватикан на венецот што беше положен не беше напишано името на државата....