Македонија
Граѓаните може да гласаат за идејно решение за уредување плажи на Охридското езеро
Министерството за транспорт и врски на својата интернет страница www.mtc.gov.mk, објави јавна анкета на која сите заинтересирани граѓани може електронски да гласаат и да учествуваат во изборот на најдоброто идејно архитектонско урбанистичко решение за уредување на пет плажи на Охридско езеро.
Станува збор за четири идејни решенија за уредување на пет нови плажи, долж крајбрежјето на Охридско езеро и тоа во населеното место Далјан, во близина на Извидничкиот камп, на потегот од Студенчишко блато до хотел Парк, во Љубаништа и во местото Лагадин.
„Предвидено е плажите да се изградат согласно највисоките туристички стандарди и особено внимание ќе се посвети, да не се наруши еко-интегритетот на околината, кои се јавуваат со посебни специфичности за Охридското езеро“, велат од Министерството.
Откако ќе се изберат идејните решенија ќе се пристапи кон изработка на основните проекти, а потоа ќе се спроведе постапка за нивно уредување согласно изработените основни проекти.
По завршување на електронската анкета, жири комисија при Министерството за транспорт и врски, врз основа на критериумите од тендерската документација, ќе донесе решение за доделување на награди како и за откуп на останатите идејни решенија.крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
MВР: Приведено е лице за оддавање службена тајна
Полицијата синоќа привела лице поради „Оддавање на службена тајна“.
Од МВР велат дека со него бил извршен службен разговор, одземен му бил мобилниот телефон, по што по насока на ОЈО е ослободен.
Дел од медиумите објавија дека се работи за син на поранешен фунционер, кој предупредил криминални групи дека МВР спроведува акција против нив.
Македонија
СДСМ: Цели 20 дена Тошковски не знае каде е Груби, дебакл на ВМРО-ДПМНЕ
Јалови се обидите на ВМРО-ДПМНЕ да ја префрлат вината за бегството на Артан Груби врз СДСМ, велат од опозициската партија.
„Фактите се јасни: Тошковски дозволи Груби да избега и сега цели 20 дена истиот тој Тошковски не знае каде се наоѓа Губи.
Откако „случајно“ не работеле камерите, „случајно“ полицајците не знаеле кого треба да проверуваат и „случајно“ службеникот на границата, инаку кадар на Тошковски, направил „грешка“ затоа што бил „возбуден“ од Груби.
Џабе се препелка сега ДПМНЕ, тие го пуштија Груби да избега и целата одговорност е кај власта.
Границата со Косово, откако стана канал за бегање на криминалците. Блерим Рамадани избега, Гаши безбедно се шеташе, а сега мистериозно исчезна и Груби.
Јавноста има право да знае кој е политичкиот договор и која е цената за овој скандал“, се вели во соопштението на СДСМ.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: За да останат повеќе на власт, Заев и Филипче свесно ја поддржувале ДУИ во криминалите
Заев и Филипче, свесно ги поддржувале ДУИ во нивните криминали. Знаејќи за криминалите, СДС не поведуваше постапка за Груби, поради тоа што власта ќе им паднеше. СДС, преку дуото Заев и Филипче, му овозможија на Груби да си прави криминал во Лотарија, велат од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.
„Груби не можел без поддршката од СДС да го прави овој криминал.
Молчејќи и не преземајќи никакви мерки, СДС се соучесници во криминалот, со цел да останат уште некој ден плус на власт.
Да не беа Заев и Филипче, криминалот на Груби и ДУИ, немаше да биде возможен.
Груби и ДУИ, Лотарија ја имаа претворено во приватна фирма, преку која делеле тендери и пари.
Очајните обиди на СДС да го прикријат криминалот, им се удри од глава.
Затоа, граѓаните ги прочитаа нивните деструктивни обиди за останување на власт и ги казнија на изборите.
ВМРО-ДПМНЕ седум години зборуваше за криминалот на Груби. Правда и одговорност мора да има!“, се вели во соопштението на владејачката партија.