Економија
Рен: Новиот пакет за Грција не е единствената опција

Дискусијата за тоа дали на Грција ќе и’ биде неопходен уште еден пакет меѓународна финансиска помош се интензивираше откако европскиот комесар за економска и монетарна политика Оли Рен одби да ја исклучи таа можност, пренесува во средата BBC.
Оли Рен, сепак, посочува дека постојат и други начини Грција да продолжи да прима помош, како што е продолжување на рокот на отплатата на веќе постојните кредити.
Изјавите на еврокосмесарот за финскиот весник Helsingin Sanomat, се надоврзуваат на изјавата од вторникот на германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле, дека за Грција ќе биде потребно да се подготви уште еден пакет помош.
Инаку, есенва грчките странски кредитори, Европската комисија, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд, ќе го оценуваат спроведувањето на програмата за помош.
„Тогаш, исто така, ќе ја оцениме можноста за продолжување на грчката програма за помош и финансирање. Одржливоста на долгот може да се подобри, на пример, со продолжување на роковите за отплата на кредитите“, изјавил Рен.
Во меѓувреме, членот на извршниот одбор на Европската централна банка, Јерг Асмусен во средата допатува во Атина за со грчките претставници да разговара за грчките фискални реформи.
Услов за актуелниот пакет помош е грчкото намалување на јавната потрошувачка и реструктуирање на економијата. Токму од успехот или неуспехот и темпото на ова реструктуирање ќе зависи дали на Грција ќе и’ бидат потребни нови заеми./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Mint Visa не е само картичка, тоа е „да“ кога другите ти велат „подоцна“

Во свет каде што сè е итно, а парите секогаш „на пат“, Mint Visa е тука – веднаш.
Со неа не чекаш зелено светло. Го стартуваш сам.
🔓 Од 3.000 до 300.000 денари – достапни кога ќе ти затребаат.
📲 Цел процес дигитален, преку One ID. Без шалтери. Без нервоза.
🧾 Без непотребни документи. Со јасни услови.
Со Mint Visa, не прашуваш дали можеш – знаеш дека можеш.
• Купуваш онлајн без нервоза.
• Резервираш патување без дилема.
• Плаќаш било каде – без објаснувања.
Во Mint Credit не глумиме магија.
Ние сме тука да направиме парите да работат за тебе – не обратно.
Mint Visa е нашиот најнов начин да ти кажеме:
Животот не треба да се одложува. Ни твоите планови.
Аплицирај денес. Јави се на 📞 15 107, или директно преку платформата на Mint Credit.
ПР
Економија
Исплатени 177.533.000 денари кон 1.636 лица за предадени јагне и јаре

Денеска се исплатија 177.533.000 денари кон 1.636 лица, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за развојот на сточарството во Македонија.
Реализирана е исплата на дополнителни директни плаќања од подмерки 2.8 и 2.10 за предадено јагне и/или јаре од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година.
Корисници на оваа подмерка се земјоделски стопанства одгледувачи на овци и кози и се корисници од подмерка 2.8 и 2.10 кои имаат предадено јагне и/или јаре во регистриран кланичен капацитет во период од 26 декември 2023 година до 25 декември 2024 година.
Економија
Николоски потпиша договор за грант-средства со Европската банка за обнова во висина од 350 илјaди евра

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски го потпиша Договорот за грант средства со Европската банка за обнова и развој во висина од 350 илјaди евра наменети за техничка помош за изработка на Национална стратегија за полнење електрични возила и инфраструктура, извести Министерството за транспорт.
„Националната стратегија за полнење на електрични возила и инфраструктура, прва од овој вид во Македонија, ќе овозможи стратешки пристап кон развојот на патната инфраструктура за поддршка на воведувањето на електрични возила во патната мрежа.
Во овој момент во тек е постапката за избор на Консултант (се очекува крај на јули, почеток на август да се избере) кој ќе има задача во две фази да креира:
Подготовка на Стратегија за електрични возила; Акциски план со приоритетни активности и рокови кои треба да бидат одобрени од Владата, преку Министерството за транспорт и Европската банка за обнова и развој.
Покрај Консултанот, во изработката на Статегијата и Акцискиот план ќе бидат вклучени домашни и меѓународни експерти од области на експертиза за електрични возила, енергетската ефикасност, транспортот и екологијата“, се додава во соопштението.