Контакт

Европа

Курц: ЕУ мора од Ердоган остро да бара почитување на законот

Објавено пред

Земјите од Европската унија треба да испратат остра порака за турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоан за почитување на владеењето на законите и правото по неуспешниот обид за воен удар, изјави во неделата австрискиот министер за надворешни работи Себастијан Курц,

dobivaj vesti na viber

„Австрија на седницата на советот на министри за надворешни работи ќе бара Европа јасно да му покаже на (рускиот претседател Реџеп Тајип) Ердоган до каде се границите“, изјави шефот на австриската дипломатија Себастијан Курц пред средбата во понеделник во Брисел.

Многу од земјите членки на ЕУ го делат австрискиот став, истакна Курц. Тој го осуди фактот дека близу триста лица се убиени во текот на обидот да се изведе пуч.

„Меѓутоа, не смее да има произволни чистки, ниту казнувања кои би биле надвор од постојните правни и легални рамки“, истакна Курц.

Турските медиуми пренесоа дека во саботата биле отпуштени 2.745 судии. Притоа уапсени се 426 судии и обвинители низ цела Турција, од кои двајца се уставни судии, а само во Истанбул се уапсени 39 обвинители и 71 судија.

Курц, исто така, побара од Турција да се обврзе дека и натаму нема да ја применува смртната казна, откако Ердоган, реагирајќи на повиците на своите приврзаници, во саботата изјави дека парламентот би можел да расправа за примена на смртната казна во врска со последните настани и бунтот во дел од војската.

Шефот на австриската дипломатија рече дека настаните во Турција потврдуваат дека ЕУ мора да презема сопствени чекори з ада ја намали масовната имиграција, независно од договорот со Турција за бегалците.

Австрија е загрижена од големата зависност на ЕУ од Турција во запирање на бранот бегалци и имигранти од Блискиот исток. Курц во врска со тоа изјави дека „пактот за миграцијата не смее да биде причина да се направи отстранување од сопствените вредности“./крај/мф/сн

Извор: Reuters/AFP

Европа

Советник на Путин: Мирот е можен само ако Русија добие пет украински региони

Објавено пред

Близок советник на рускиот претседател Владимир Путин изјави дека и Украина и Молдавија би можеле да престанат да постојат како независни држави, во интервју за рускиот весник Комсомолскаја Правда објавено вчера.

dobivaj vesti na viber

„Не може да се исклучи дека Украина оваа година ќе престане да постои“, изјави Николај Патрушев, поранешен секретар на Советот за национална безбедност на Русија.

Тој додаде дека Молдавија најверојатно „ќе се приклучи на друга држава или целосно ќе престане да постои“.

Москва ќе прифати мировно решение со Украина само под услов да го задржи анектираниот полуостров Крим, како и украинските региони Луганск, Доњецк, Запорожје и Херсон, рече тој.

На прашањето за плановите на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп да стави крај на војната, Патрушев рече дека претпоставува дека разговорите за Украина меѓу Русија и САД треба да се одржат без учество на други западни земји.

Тој додаде дека нема што да се разговара ниту со Европската унија ниту со Велика Британија.

Тврдокорниот Патрушев (73) е близок соработник и советник на Путин. По 16 години на чело на рускиот Совет за безбедност, тој беше сменет во мај минатата година и назначен за советник на Кремљ за бродоградба.

Прикажи повеќе...

Европа

Огромен ракетен напад врз Украина, експлозии во милионскиот град

Објавено пред

Во тек е масовен руски напад со крстосувачки ракети и беспилотни летала врз Украина. Прогласена е закана од воздушен напад низ целата земја.

dobivaj vesti na viber

Силни експлозии се слушаат во Харков, вториот по големина украински град со еден милион жители. Како што предупреди украинското воздухопловство, шест групи крстаречки ракети летаат кон регионот на Киев.

Се стравува дека можна цел е киевската хидроцентрала на реката Днепар на северот од земјата.

Прикажи повеќе...

Европа

Германскиот министер за одбрана ненајавено допатува во Киев

Објавено пред

Германскиот министер за одбрана, Борис Писториус, денеска е во Киев на разговори со украинската влада, во посета што претходно не беше најавена од безбедносни причини.

dobivaj vesti na viber

По пристигнувањето, Писториус рече дека сака да разговара за понатамошната помош и да добие увид во воената ситуација.

„За мене е важно со ова патување да покажам дека продолжуваме активно да ја поддржуваме Украина“, изјави Писториус за ДПА во Киев. „Тоа е сигнал дека Германија, како најголема НАТО-земја во Европа, стои со Украина“, рече тој.

Неговото патување доаѓа помалку од една недела пред враќањето на Доналд Трамп во Белата куќа, што фрла сомнеж за идната американска воена помош за Украина бидејќи сеопфатната руска инвазија се приближува кон својата четврта година.

Писториус во понеделникот вечерта во Варшава разговараше за европската помош за Украина со своите колеги од Полска, Франција, Италија и Велика Британија.

Со заканата од ослабена американска поддршка за време на Трамп, Берлин е желен да помогне во почнувањето на напорите за зајакнување на домашната индустрија за оружје на Украина заедно со четирите главни европски партнери, изјави германскиот министер за одбрана во полскиот главен град. „Ако има пари, ако има капацитет за производство на оружје, тогаш самата Украина ќе биде најбрза во снабдувањето на сопствените војници со материјал и оружје“, рече Писториус во Полска.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 минути

Забрани за тешки товарни возила на неколку патни правци

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по влажни коловози со остатоци од кашест снег на коловозот по...

Европа11 минути

Огромен ракетен напад врз Украина, експлозии во милионскиот град

Во тек е масовен руски напад со крстосувачки ракети и беспилотни летала врз Украина. Прогласена е закана од воздушен напад...

Македонија15 часа

Гаши за Даути: До денес не сум добил официјално известување за оставка од ниеден претседател на комисија

Како претседател на Собранието мојата главна одговорност е да ги почитувам и спроведувам Деловникот и неговите процедури, вели претседателот на...

Македонија16 часа

(Видео) Пуштен во употреба патот Градско – Дреново, доцни оти една година биле повлечени и вработените и механизацијата на „Страбаг“ 

Со врнежи снег утрово свечено во употреба беше пуштен експресниот пат Градско-Дреново, долг 15,5 киломтери. За свеченоста, исто како и...

Регион16 часа

Комесарката за проширување на ЕУ: Нема да има геополитички попуст, процесот на проширување ќе продолжи да се заснова на заслуги

Агресивната војна против Украина отвори можност за проширување на Европската Унија, но нема да има геополитички попуст, процесот на проширување...

Македонија18 часа

Покачување од 30 отсто на платите што почнуваат од 25.010 денари бараат вработените во неколку министерства, ќе штрајкуваат цела недела

Место на пауза, утрово, вработените од неколку министерства во 11 часот излегоа на получасовен штрајк пред Министерството за животна средина...

Македонија19 часа

Автомобил специјално конструиран за криење стока: Царината заплени фалсификувани производи, парфеми, облека и обувки

Во соработка со МВР службата за мобилни скенери откри случај во кој автомобил со германски регистарски таблички бил специјално конструиран,...

Македонија19 часа

Судијка од Велес обвинета за фалсификување службена исправа, обвинение и против сопружници – сопственици на синџир аптеки

Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе обвинение против судијка од Основниот суд во Велес, двајца сопружници – сопственици на синџир аптеки,...

Македонија20 часа

СДСМ: На страна сме на работниците, власта да ги зголеми платите и да се потпишат колективните договори

СДСМ го разбира револтот на работниците во јавниот сектор и ги поддржува нивните барања за покачување на платите кои се...

Македонија21 час

СДС треба да се извини што го толерирале Груби, што не го спречиле кога имале шанса, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„СДС и Филипче додека беа власт се им дозволија на коалициските партнери ДУИ. СДС и Филипче дозволија криминалот да царува...

Европа22 часа

Ердоган е лидер со најдолг стаж во модерна Турција: тој е во последниот мандат, освен ако има уставни амандмани или предвремени избори

Кандидатурата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за четврти мандат е „на дневен ред“ на владејачката Партија на правдата и...

Свет23 часа

(Видео) Монструозните пожари израмнија цели населби во Лос Анџелес, сега се очекува засилен ветер

Пожарникарите во Лос Анџелес се подготвуваат за силни ветришта во текот на ноќта, налети кои би можеле да разгорат два...

Македонија23 часа

Најстудено утрово на Попова Шапка

Утрово најстудено било на Попова Шапка каде што се измерени -10 степени, -7 било во Маврови Анови и Крушево, -4...

Свет24 часа

(Видео) Пожарите во Лос Анџелес изгореа област со големина на Вашингтон, пристигнуваат и мексикански пожарникари

Контингент од 72 мексикански пожарникари денеска им се придружија на американските колеги во борбата со шумските пожари кои беснеат во...

Македонија24 часа

Активни забрани за тешки товарни возила на неколку патни правци

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по влажни коловози со остатоци од кашест снег на коловозот по...

Свет24 часа

Трамп: Има само една стратегија за ставање крај на војната, набргу се среќавам со Путин

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп утринава изјави дека ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин „многу брзо“ откако ќе...

Македонија1 ден

Јанкулоска: Борбата за правда продолжува, се надевам дека ќе се утврди кој го вршел прислушкувањето

Задоволна сум од денешната одлука, но борбата за правда ќе продолжи, вели Гордана Јанкулоска поранешната министерка за внатрешни работи, во...

Македонија2 дена

Грујевски и Бошковски добија највисоки казни за „Тврдина“, Гордана Јанкулоска ослободена

Ексразузнавачот Горан Грујевски доби 14 и пол години затвор, а Никола Бошковски – 9 години и 10 месеци во случајот...

Македонија2 дена

Постаро лице заглавено во својот дом во Кочани поради снегот, спасувачките екипи се координираат

Спасувачките екипи се координираат за извлекување постаро лице, кое е заглавено во својот дом од снежните наноси во селото Полаки,...

Свет2 дена

Белешките на мртвите севернокорејски војници откриваат ужасна тактика: „Човечката мамка треба да биде на 7 метри од дронот“

Рачно напишаните белешки пронајдени покрај телата на загинатите севернокорејски војници убиени на бојното поле во областа Курск во Русија откриваат...