Економија
Еврогрупата задоволна од резултатите на економското закрепнување на Кипар
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/11/64f319e2-286d-4983-9eb0-16c80a9cc4e9-1.jpeg)
Советот на министрите за финансии на земјите членки на еврозоната (Еврогрупата) е задоволна од резултатите на кипарските власти за обнова на економијата на островот, изјави шефот на Еврогрупата, Јероен Дејсеблум.
Пролетва на Кипар му беше одобрена финансиска помош од еврозоната и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во износ од 10 милијарди евра.
Доделувањето на траншите од кредитите за Кипар беа поради големиот број барања за заздравување на тамошниот економски и банкарски сектор. “Тројката“ заемодавци, претставниците на Европската комисија, Европската централна банка (ECB) и ММФ, квартално ја посетуваат земјата и даваат оцени за исполнувањето на нивните барања, Втората посета на „тројката“ на Никозија заврши минатата седмица.
„Програмата се спроведува според планираната насока. Сите буџетски цели се постигнати со комфорна резерва. Бевме среќни што слушаме за значителен напредок во докапитализацијата и преструктуирањето на финансискиот сектор во Кипар“, изјавил Дијселблум на прес-конференција по завршувањето на состанокот на Еврогрупата во Брисел во четвртокот навечер.
Европскиот механизам за финансиска стабилност (ЕSМ) планира да донесе решение за одобрување на следната транша од кредитот за Кипар кон крајот на годинава./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Економија
Поскапуваат некои од горивата
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/11/benzin-gorivo-960x639-1-2.jpg)
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,15 % во однос на одлуката од 28.6.2024 година.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 0,868 %, кај дизелот зголемувањето е во просек за 0,368 %, кај екстра-лесното масло зголемувањето е во просек за 0,387 % и кај „мазутот“ зголемување во просек за речиси 0,170 %.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок 0,042 %.
Од 2.7.2024 година од 00.01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
– моторен бензин ЕВРОСУПЕР БС-95 – 83,00 (денари/литар)
– моторен бензин ЕВРОСУПЕР БС-98 – 85,00 (денари/литар)
– дизел-гориво ЕВРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 76,50 (денари/литар)
– масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 75,00 (денари/литар)
– „мазут М-1 НС“ – 48,008 (денари/килограм)
Малопродажната цена на бензинот ЕВРОСУПЕР БС-95 се зголемува 0,50 денари/л.
Малопродажните цени на бензинoт ЕВРОСУПЕР БС-98, на ЕВРОДИЗЕЛОТ (Д-Е V) и на екстра-=лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менуваат
Малопродажната цена на „мазутот М-1 НС“ се зголемува 0,080 денари/кг.
Економија
Елена Петрова ја презеде функцијата директор на УЈП
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/elena-petrova-ujp.jpg)
Денеска Елена Петрова формално ја презеде функцијата Директор на УЈП, од Замeник на директорот, Мевљудин Синани.
Елена Петрова е професионалец со долгогодишно работно искуство во УЈП, која во моментот на назначувањето беше Раководител на Секторот за наплата и управување со долгови. Нејзината биографија е достапна на следниот линк.
Директорката Елена Петрова изјави дека нејзина долгорочна и стратешка агенда е трансформацијата на УЈП, создавање „нов лик” на УЈП, „нов амбиент” и за даночните обврзници, за даночните службеници и за соработниците на даночната администрација.
„Во УЈП ќе поттикнам динамичен курс на работа со цел за дигитализација и трансформација, за да обезбедиме плаќањето данок и услугите од УЈП да бидат најмало можно административно оптоварување, а што повеќе да бидат „природно” вградени во деловните системи на компаниите и на „близок дофат” на граѓаните“, изјави Петрова.
Обраќајќи се на даночните обврзници, Петрова истакна дека ќе негува кооперативност со даночните обврзници преку мрежи за директна соработка и отворена дебата за сите заеднички предизвици во плаќањето даноци и остварувањето на даночните права.
Таа изјави: „Даночните обврзници спроти себе нема да имаат бирократи кои настапуваат од позиција на моќ, туку администрација која обезбедува лесно достапни информации, едноставни алатки и директна помош кои ќе водат кон точно плаќање на даночните обврски и лесно и брзо оставрување на своите права“.
Петрова ќе се залага за интензивна соработка со меѓународните организации, експертската јавност, медиумите и други засегнати страни, со цел со заеднички напори да оствариме позитивно влијание, зголемена даночна свест и даночен морал во општеството.
Петрова најави бескомпромисна борба со неплаќачите и затајувачите на данок и криминалните даночни измами, одговорност и казни за секој што ги оштетува народните пари заради противправно стекнување лична имотна корист.
Економија
ВМРО-ДПМНЕ: 250 милиони евра за капитални проекти за општините од септември
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2019/10/evra.jpg)
Во септември градоначалниците од цела држава ќе можат на аплицираат на јавниот повик на Министерството за Локална самоуправа за добивање средства за проекти во нивните општини, информираа од владејачката ВМРО-ДПМНЕ.
„Градоначалниците од цела држава да направат и довршат што е можно повеќе проектна документација, со цел да аплицираат за повеќе проекти.
Ова е прва година за проектот 250 милиони евра за општински проекти, ист ваков повик ќе има секоја година, а вториот ќе се случи веќе за неколку месеци од сега.
Време е за реален раст и развој. Време е за рамнорен развој“, се вели во партиското соопштение.