Забава
Порно филм во вестите на шведска телевизија
Информативната емисија на шведската комерцијална телевизија TV 4 неодамна доби промоција на светско ниво, откако беше направен пропуст, на вестите пуштија порно филм во заднината.
Многу експлицитното порно, гледачите имаа прилика да го видат за време на вестите за политичката ситуација во Сирија.
Да биде уште поинетересно, порно филмот во заднината се емитувал цели десет минути пред да го видат уредниците и да го исклучат.
„Мислев дека грешам, но во еден момент стана јасно според движењата на актерите. Подоцна стана и поочигледно и вистинско чудо е како никој во телевизијата не забележа порано“, вели еден гледач за весникот Aftonbladet.
А како дошло до оваа грешка не е чудо, бидејќи истата телевизија има канали на кои во вечерните часови се емитуваат порно филмови, а на еден од екраните во редакцијата се прикажувал еден од тие филмови.
„Никој не го гледаше тој филм. Веројатно е пуштен по грешка. Го исклучивме штом го забележавме. Ова не смееше да се случи и нема да се повтори“, вели уредникот Андрес Хаглинд и така ги растажи гледачите кои уживаа во ова `специјалнно издание` на вестите./крај/а/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Мисицата од Брегот на Слоновата Коска упадна во претставувањето на хрватската претставничка на Мис Универзум
Хрватската претставничка Лаура Гњатовиќ се пласираше меѓу првите 30 на 74-от избор за Мис Универзум во Тајланд. Сепак, на самиот почеток, пред да требаше да се претстави на сцената, кандидатката пред неа имаше проблем.
Пред Лаура, се претстави девојката од Брегот на Слоновата Коска, Оливија Јејс, која го кажа своето име и презиме, но потоа направи пауза и го повтори, што се поклопи со претставувањето на хрватската претставничка.
Por demorona, la representante de Cote D’ Ivoire que además es de las favoritas, no pudo presentarse por completo. #MissUniverso. #MissUniverse #MissUniverse2025 pic.twitter.com/T5PWPhbEiA
— Ric La Torre (@RicLaTorreZ) November 21, 2025
фото: принтскрин
Забава
(Видео) Мис Универзум 2025 е претставничката на Мексико
Ноќеска, на Тајланд се одржа финалето на 74-от избор за Мис Универзум. Мис Универзум 2025 е Мексиканката Фатима Бош. Првата придружничка е Мис Тајланд.
Втората придружничка е Мис Венецуела, третата е Мис Филипини, а четвртата придружничка е девојката од Брегот на Слоновата Коска.
Круната на победничката ѝ ја врачи минатогодишната победничка, данската претставничка Викторија Кјар Теилвиг.
фото: принтскрин
Забава
(Фото) Облече најмало бикини и помисли дека никој нема да ја види: папараците ја фатија на покривот на хотел
Популарната пејачка Дуа Липа моментално е во Рио де Жанеиро за нејзината бразилска турнеја „Радикален оптимизам“, а слободното време помеѓу настапите и пробите го искористи за да се опушти.

Сепак, папараците не ја пропуштија иако беше далеку од јавноста, и ја фатија на базенот на покривот од луксузниот хотел каде што престојува.

Во тесно црно-жолто бикини, Дуа Липа го покажа своето витко, тонирано и исончано тело, особено нејзините извајани стомачни мускули кои е невозможно да не се забележат и да не се коментираат, кои не избегаа од објективите.

Снимена е додека се обидува да се завитка во парео со ист дезен како бикинито, а како моден додаток носеше очила за сонце. Долгата коса лежерно паѓаше преку грбот, а очигледно е дека немаше ни трага шминка додека го впиваше витаминот Д.
Забележлив е и нејзиниот скап веренички прстен, со кој британскиот актер Калум Тарнер ја запроси кон крајот на декември минатата година.
фото: принтскрин

