Контакт

Надворешна политика

Иванов за „То Вима“: Мигрантската криза е можност Македонија и Грција да почнат да соработуваат

Објавено пред

Мигрантската криза е можност за институциите на нашите две соседни држави да ја надминат недовербата и да почнат да соработуваат, порача македонскиот претседател Ѓорге Иванов во интервјуто за грчкиот весник „То Вима“.

dobivaj vesti na viber

„На грчката јавност треба да и биде јасно дека затворањето на балканскиот коридор не е на штета на Грција, туку напротив во нејзина корист. Македонија никогаш не беше дел од решението за ограничување на чие било движење и никогаш не сме поддржале исклучувања на Атина од иницијативите поврзани со мигрантската криза“, рече Иванов.„Грција дозволи импровизирани кампови на самата гранична линија со Република Македонија и со тоа ги охрабри мигрантите да користат илегални премини, со што директно ја загрози нашата национална безбедност. Потврда за ова е инцидентот на 14 март, кога околу 2.500 лица беа илегално уфрлени на македонска територија“, вели македонскиот претседател запрашан како го коментира затворањето на балканскиот коридор и дали смета дека Атина требало да биде вклучена во дискусиите за изнаоѓање решение за напливот на бегалци по Балканската рута.  „Трагедијата е што ваквата практика продолжува. И покрај затворениот коридор, секоја вечер регистрираме над 100 обиди за илегален влез во Република Македонија. По сѐ изгледа дека одредени политичари во Грција не ја сфаќаат сериозноста на безбедносните ризици што со себе ги носи оваа криза. Веќе постојат индиции дека дел од уапсените и осомничените за терористичките напади ја користеле токму Балканската рута“, вели Иванов во интервјуто за „То Вима“. „За парадоксот да биде уште поголем, сега во Грција се води негативна кампања против Македонија. Грчките граѓани треба да бидат информирани дека и јавно, но и во разговорите со моите соговорници од ЕУ барав да и се помогне на Грција“, изјави македонскиот претседател во интервјуто. Во однос на „Мерките за доверба“ Иванов потенцираше дека тие беа на инцијатива токму на македонската страна,  и дека Република Македонија направи сѐ за да изгради мостови со грчкото општество дури и во услови кога грчката влада правела сѐ за да ја поткопа таквата соработка. „Тука се вбројуваат и многуте неуспешни обиди за средба со сегашниот и поранешниот грчки претседател.  Надвор од секаква логика е претседателите на две соседни земји, без оглед дали сегашни или поранешни, да не се сретнат ниту еднаш.  За чудо, до денес нема позитивен одговор од Атина за моја средба со грчкиот претседател, иако не инсистираме ниту на формат, место, време или тема на средбата“, изјави македонскиот претседател. Средби со македонски стопанственици, професори, студенти или новинари уште долго време ќе бидат незамисливи за официјална Атина, вели Иванов. „На 25 март, по повод прославата на Денот на независноста на Грција, по втор пат присуствував на дипломатскиот прием кој го приредува грчкиот амбасадор во Скопје.  Веќе следниот ден, мојот грчки колега, претседателот Павлопулос, ја „врати услугата“ – со уште една навредлива изјава за Македонија“,  посочува  македонскиот претседател.  Ниту еден проблем, вели Иванов, не бил решен со негово игнорирање и избегнување на комуникација. „На таков начин нема да се реши ниту мигрантската криза, ниту прашањето за името. Егото и агресивните политики од минатото треба да се заборават еднаш засекогаш, а за доброто на новите генерации и нивниот напредок, треба да се соочиме со проблемите, не да бегаме од нив“ , порача претседателот Иванов во интервјуто.Запрашан на што се должи „замрзнувањето“ на преговорите за прашањето околу името, претседателот Иванов порача дека тој секој пат бил и е подготвен за директни средби со кој било политичар и општественик од Грција.Моите средби со премиерот Ципрас се охрабрувачки, вели Иванов. „Реалноста е дека Република Македонија е суверена и независна држава, и со наметнати и еднострани решенија невозможно е да имаме соодветно затворање на ова прашање“, изјави претседателот Иванов.Тезата што ја пласираа одредени грчки политичари, дека Македонија се обидува својот влог во мигрантската криза да го пазари за членство во НАТО или ЕУ, Иванов ја оцени како небулозна.Иванов изрази надеж дека повеќето Грци сфаќаат дека Република Македонија не е непријател на нивната земја, туку напротив, е нација со која Грција дели многу повеќе отколку што се чини на прв поглед. „Би сакал да има доволен број на политичари во Атина кои би имале храброст да го признаат ова и да го спојат со непобитниот факт дека сигурна, стабилна и напредна земја на нивната северна граница, членка на ЕУ и НАТО, е во најдобриот стратешки интерес на Грција“, порачува Иванов во интервјуто за „То Вима“. /крај/со/сј/ст

Извор: Претседател на РМ/То Вима



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.

Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.

Прикажи повеќе...

Македонија

Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.

„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.

Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.

Прикажи повеќе...

Македонија

Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук

Објавено пред

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.

dobivaj vesti na viber

Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.

Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Контролорите за летање нема да штрајкуваат, но обвинуваат за незаконска одлука и лоши услови за работа без вода и систем за греење

Струковиот синдикат на контролори на летање на Македонија соопшти дека ќе ја почитува одлуката на Граѓанскиот суд во Скопје со...

Македонија4 часа

Одобрено обвинението против сопственикот на фирмата за обезбедување на „Пулс“

Кривичниот суд информира дека е одобрено и второто обвинение за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, со што предметот преминува...

Топ6 часа

Пукање во Ѓорче Петров, жител пријавил дека му е скршен прозорецот од дневната соба, а во куќата нашол две зрна од оружје

Доцна синоќа во 03:00 часот во СВР Скопје, М.Ј.(39) од Скопје пријавил дека околу 02:50 часот, додека бил во неговиот...

Македонија7 часа

Се гледаме во вториот круг, рече Шукова и повика недела да биде празник на демократијата и на слободата на одлучување

Кандидатката за градоначалничка на Скопје од СДСМ, Каја Шукова, ја заокружи кампањата за првиот изборен круг со повик до граѓаните...

Македонија8 часа

Секој изгубен ден во политички престрелки е изгубена можност за Скопје, в недела масовно да излеземе, повика Ѓорѓиевски

На последниот ден од изборната кампања за првиот круг на локалните избори, кандидатот за градоначалник на Скопје од ВМРО- ДПМНЕ,...

Македонија9 часа

Андоновски: Македонија добива современ и сеопфатен план за дигитален развој

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска ја претстави новата Национална стратегија за информатичко-комуникациски технологии – „СМАРТ/МК 2030“, со што,...

Свет10 часа

Нема моќно оружје за Украина: Трамп ја менува приказната по разговорите со Путин

Американскиот претседател Доналд Трамп денес ќе го угости украинскиот претседател Володимир Зеленски во Белата куќа, но има сè повеќе знаци...

Македонија10 часа

(Фото) Министерот за здравство се вакцинира против грип: Апелирам граѓаните навреме да се заштитат

Министерот за здравство Азир Алиу денеска го посети одделението за епидемиологија во Гостивар, каде и тој прими вакцина против сезонскиот...

Европа12 часа

(Видео) Русија: Нападнавме украински аеродром, каде што беа стационирани авиони на НАТО

Руските сили извршија напад врз воениот аеродром во Криви Рих, каде што наводно биле стационирани авиони на НАТО, објави руската...

Свет12 часа

Зеленски реагира на најавениот самит Трамп – Путин: тој денес пристигнува во Белата куќа

Американскиот претседател Доналд Трамп денес е домаќин на украинскиот претседател Володимир Зеленски во Вашингтон за да разговараат за иднината на...

Европа12 часа

(Видео) Трамп: Го прашав Путин дали би имал ништо против ако им дадам неколку илјади „томахавки“ на Украинците

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека за време на разговорот со рускиот претседател Владимир Путин ја споменал можноста Украина...

Регион12 часа

Пицула ја критикува ЕУ за пофалбите што ги дава на Србија: „Наместо тоа, барајте вистински реформи“

Известувачот на Европскиот парламент за Србија, Тонино Пицула, изјави дека претставниците на ЕУ треба да се воздржат од прекумерно фалење...

Свет13 часа

Дописник на Би-би-си: Заборавете на „томахавките“, состанокот Трамп – Путин е ладен туш за Украинците

Доналд Трамп повторно се обидува да ги комбинира дипломатијата и политиката на моќ – овој пат помеѓу Москва и Киев....

Македонија14 часа

Шукова: Време е за резултати, уреден Бутел, нови паркови, подобар превоз и вода за сите

Кандидатката за градоначалник на Град Скопје од СДСМ, Каја Шукова, вчера одржа митинг во Бутел, каде пред жителите порача дека...

Свет1 ден

Трамп по телефонскиот разговор: Ќе се сретнам со Путин во Будимпешта

Американскиот претседател Доналд Трамп денес разговараше по телефон со рускиот претседател Владимир Путин, еден ден пред најавената средба со украинскиот...

Македонија1 ден

МВР со детали: Поткопан е темелот на куќата на Владо Малески, против сторителот ќе биде поднесена кривична пријава

Се огласи полицијата по случајот со уривањето на дел од спомен-куќата на Владо Малески, авторот на текстот на македонската химна....

Македонија1 ден

Очекувам победа во првиот круг, не за да добијам политичка круна, туку за да не се пролонгираат сегашната голгота и хаосот, рече Ѓорѓиевски

Кадидатот за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, е убеден во победа, а вели дека искрено очекува тоа да...

Македонија1 ден

Поради сериозен дефект, МРТВ не емитува три дневника: се проверува дали е намерен упад во системот

Македонската радио-телевизија информира дека поради сериозен технички проблем, вчера не беше во можност да ги емитува телевизиските дневници во 17,...

Македонија1 ден

Родителите на жртвите од „Пулс“: Привремено се прекинуваат блокадите, маршевите продолжуваат секоја сабота

Семејствата на трагично починатите деца во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани информираа дека по добивањето на датумот за почеток...

Македонија1 ден

Прекин на испораката на гас за ЈСП, можни се отстапувања од возниот ред

ЈСП информира дека до утре ќе има прекин на испораката на гас и поради тоа е можно да има прекин...