Контакт

Забава

Двајца бездомници наследија четири милијарди евра

Објавено пред

Двајца браќа бездомници кои живеат во бара во предградие на унгарската престолнина добиле наследство од по повеќе од две милијарди евра кои им ги оставила баба им

dobivaj vesti na viber

Браќата Золт и Геза Палади немаат постојана адреса, а преживуваат собирајќи и продавајќи отпад кој го наоѓаат по ѓубриштата во Будимпешта, пишуваат унгарските медиуми.Тие добилe известување за наследство на имот во САД, во вкупна вредност од четири милијарди евра, кои нивната баба им го оставила на двајцата и на нивните две сестри кои живеат во Америка. Браќата билe пронајдени од работниците во хуманитарните организации, бидејќи Палади немаат постојана адреса на живеење и им било врачено известувањето за тестаментот од бабата која живеела во германската покраина Баден-Витенберг. „Знаевме дека нашата мајка потекнува од богато семејство, но таа, заради нејзиниот карактер, ги изгубила сите контакти со него. Потоа не остави и нас, нејзините деца, па ние со неа, а и со нашиот татко немавме никаков контакт се’ додека таа не почина. Ако ова се оствари и се реализира тестаментот, најпосле ќе можеме да живееме како нормални луѓе…“, изјавил за унгарската телевизија ATV, 43-годишниот Геза Палади.Споед германските закони, директните наследници по автоматизам се повикани на поделба на имотот.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

„Ме замолија да се откопчам и да го соблечам фустанот“ – славната актерка откри непријатен момент од аудиција за улога во филм за Бонд

Објавено пред

Актерката Розамунд Пајк се присети на аудицијата за улогата во „Die Another Day“, филм за Џејмс Бонд во кој глумеше Пирс Броснан, и раскажа како доживеала непријатна ситуација.

dobivaj vesti na viber

Како што изјави за „Харперс Базар“, на аудицијата од неа побарале да остане во долна облека.

„На аудицијата за Бонд ме замолија да се откопчам и да го соблечам фустанот што го носев, и да стојам таму во долна облека. И си помислив: ‘Па, не, тоа ќе го направам ако ја добијам улогата. Сега нема да го сторам тоа.‘ Не знам што ми беше тогаш“, раскажа таа.

Иако одбила да направи што ѝ било побарано на аудицијата, Пајк ја добила улогата во хит-филмот.

Претходно, Розамунд, во подкастот „David Tennant Does a Podcast with…“, зборуваше и за еден непријатен момент за време на снимањето на интимна сцена со Броснан.

„Се гушкавме, па се одвоивме и погледнав во лепенките за телото и оние за брадавици, а тие беа покриени со влакна. И си помислив: ‘О Боже, јас ги депилирам градите на Пирс.‘ Бев многу засрамена. Си реков: ‘Толку е храбар, јас му ги кубам влакната од градите со секое гушкање.‘ И секако, требаше неколку обиди за да сфатам дека тоа не бил тој. Тоа беше вештачкото крзно од теписите. Навистина мислев дека ги депилирам неговите гради“, раскажа таа.

Прикажи повеќе...

Забава

Ретко покажуваат кога им е тешко: три хороскопски знаци кои држат во себе

Објавено пред

Додека некои веднаш кажуваат кога нешто им тежи или пречи, има хороскопски знаци кои сè доживуваат длабоко, но тивко. Не сакаат да се отвораат, не бараат помош и не сакаат да покажуваат слабост. Наместо да плачат или да се жалат, тие чуваат сè внатре, надевајќи се дека непријатните чувства едноставно ќе поминат.

dobivaj vesti na viber

Ова се трите знаци кои најчесто ги носат своите грижи сами, за никој да не забележи колку навистина им е тешко.

Јарец

Јарецот е симбол на сила, контрола и одговорност. Кога му е тешко, нема да го покажува тоа бидејќи мисли дека мора да остане цврст и да не ги оптоварува другите со своите проблеми. Неговата болка често е тивка и се крие зад зафатеност, работа и реченици од типот „се е во ред“. Јарците веруваат дека емоциите треба да се решаваат сами, во тишина, па дури и ако можат да користат поддршка.

Девица

Девиците анализираат сè, вклучително и сопствените емоции, но ретко зборуваат за нив. Наместо да се жалат, тие се обидуваат да си објаснат зошто се чувствуваат така и каде згрешиле. Често делуваат мирно и присебно, додека внатре се борат со анксиозност и несигурност. Девицата ќе ви помогне во се, но ќе и биде тешко да признае дека и треба помош.

Шкорпија

Иако се познати по своите интензивни емоции, Шкорпиите ретко ги откриваат своите слабости. Нивната болка е длабока. Тие не сакаат да ги гледаат како ранливи и претпочитаат да држат сè под контрола. Кога тие страдаат, обично нема да знаете освен ако не ги знаете многу добро. Тие ќе се повлечат, ќе молчат и ќе размислуваат, но ретко ќе ги отворат своите срца ако не сте ја стекнале нивната целосна доверба.

Прикажи повеќе...

Забава

Хали Бери: Морав да го сменам фустанот поради строгите правила на Кан

Објавено пред

Организторите на Канскиот филмски фестивал годинава воведоа строги кодекси на облекување до кои славните мора да се придржуваат.

dobivaj vesti na viber

Забрането е носење фустани со голем волумен, фустан што се влече по земја зад грбот, како и  разголени фустани за да се обезбеди поголема пристојност.

Кинеската актерка Ван Ќенхуи ги прекрши правилата со излегувањето на црвениот тепих, но актерката Хали Бери не препушти ништо на случајноста и откри дека поради новите правила во последен момент се одлучила за поинаков фустан.

„Имав одличен фустан за вечерва, но не можев да го облечам бидејќи задниот шлеп е преголем. Морав да го сменам. Но делот за голотија е веројатно добро правило”, рече таа на прес-конференцијата.

58-годишната Бери оваа година е член на жирито на фестивалот, а за разлика од неодамнешното предизвикувачко издание со кое го привлече вниманието, таа во Кан се појави во долг фустан со црно-бели риги, а со тоа ги избегна строгите казни кои ги најавија организаторите.

„Целта не е нужно да се регулира облеката, туку да се забрани целосната голотија на црвениот тепих, во согласност со институционалната рамка на настанот и француските закони“, велат организаторите.

„Фестивалот го задржува правото да го оневозможи пристапот на лица чија облека може да го попречи движењето на другите гости или да го отежне распоредот на седење во салите за прикажување“, додаваат тие.

Прикажи повеќе...

Најново

Економија8 часа

Автоматски ќе има мерки што ќе важат до крајот на годината ако се утврди скок на цените, Мицкоски засега не знае за поскапувања  

Ќе има автоматски мерки што ќе важат до крајот на годината ако се утврди скок на цените, Мицкоски засега не...

Економија9 часа

Мицкоски најавува инвестициски бум од речиси 2 милијарди евра: ќе се инвестира во здравството, енергетиката, а ќе се реконструира и модернизира и железничкиот транспорт

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска, одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа што предвидува планот за инфраструктурен бум...

Македонија9 часа

Судот ги одмрзнал паричните средства во случајот со „РЕК Битола“, Обвинителството бара нивно повторно замрзнување

Основното јавно обвинителство Битола вчера одново побара од Основниот суд во Битола да донесе одлука за определување привремена мерка –...

Македонија10 часа

Јаневска за одењето во Здравство: Ќе бидам таму каде што премиерот ќе одлучи дека државата има потреба од мене

Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, втор ден резервирано одговара на прашањата дали ќе стане министерка за здравство иако...

Македонија10 часа

(Видео) Ковачки: Таравари јавно да одговори со што е уценет од СДС и ДУИ

Таравари мора јавно да одговори со што е уценет од криминалното дуо СДС и ДУИ. Таравари дојде на власт со...

Македонија10 часа

(Фото) Спречени обиди за шверцување лекови и медицински материјали

Царинската управа извести за спречени обиди за криумчарење лекови, стоматолошки материјали, очила со диоптер, поголема количина цигари, мотоцикл, УПС уреди...

Свет11 часа

Макрон најавува можност за распоредување нуклеарно оружје во цела Европа

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека Франција е подготвена да разговара за можноста за распоредување на своето нуклеарно оружје во...

Европа11 часа

(Видео) Путин: Идиоти, воведуваат санкции, паѓаат во рецесија само за да ни наштетат

Рускиот претседател Владимир Путин вчера одржа состанок со членовите на јавната организација „Бизнис Русија“. Тој ги коментира санкциите што ЕУ...

Свет12 часа

Судот на ЕУ: Комисијата мораше да ги објави СМС-пораките меѓу Фон дер Лајен и шефот на „Фајзер“

Европската комисија погреши кога одби да ги објави текстуалните пораки меѓу Урсула фон дер Лајен и извршниот директор на „Фајзер“,...

Македонија13 часа

„Самиот факт што ја напуштивме Владата по своја волја јасно покажува колку малку сме корумпирани“, велат од Алијансата за Албанците

„Алијансата за Албанците будно ги следеше „тврдењата“ на ВМРО за нашата партија и нејзиниот претседател. Е за очекување во овие...

Македонија14 часа

„Владата на Мицкоски со своето неодговорно однесување се заканува долгорочно да ги загрози перспективите на земјата за членството во ЕУ“, велат од ДУИ

„Владата на Христијан Мицкоски, водејќи се од популистичкиот бран кој ВМРО ДПМНЕ го јавнаа уште кога беа опозиција, со своето...

Свет14 часа

Трамп: Само будала не би прифатила бесплатен авион од Катар

Американскиот претседател Доналд Трамп на својата социјална мрежа Truth Social објави дека има намера да го прифати авионот Боинг 747-8,...

Европа15 часа

(Видео) Кремљ: Нашата делегација ќе пристигне во Истанбул

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека руската делегација ќе биде во Истанбул на 15 мај, додавајќи дека очекуваат и...

Свет15 часа

(Видео) Пред 35 години ги убија родителите во САД: нивната казна беше намалена, сега може да бидат ослободени

Калифорниски судија го расчисти патот за условна слобода на браќата Менендез, познати во САД и низ целиот свет по убиството...

Европа16 часа

Мелони и Ердоган разговараа за претстојните руско-украински преговори во Истанбул

Италијанската премиерка Џорџа Мелони телефонски разговараше со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за преговорите за прекин на огнот во Украина,...

Регион16 часа

Силен земјотрес го погоди грчкиот остров Крит

Земјотрес со магнитуда од 6,1 степени го погоди островот Крит во Грција во средата, објави ЕМСЦ. Според објавените информации, земјотресот...

Македонија1 ден

ИК на ВМРО-ДПМНЕ: Мицкоски да предложи нови кадровски решенија, одењето на Таравари значи паѓање на уште една маска

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ одржа седница на која се дискутираше за актуелната економска и политичка состојба во државата Во рамки...

Македонија1 ден

Во оваа фарса убијците добиваат милост, 12 години за масакрот на сестра ми што преминуваше улица на пешачки премин: семејството на Фросина повика на протест

„Ги повикуваме утре на протест против гнилиот судски систем сите наши пријатели, роднини и сите родители чии деца секојдневно минат...

Македонија1 ден

На Јаневска ѝ е рано да размислува за ресорот здравство: Имам толку многу да доработам во Образование во овој мандат, премиерот ќе одлучи

Премиерот и преговарачкиот тим во коалицијата ќе одлучат кој ќе биде нов министер за здравство на местото на Арбен Таравари,...

Македонија1 ден

Фрчкоски реагира: Кривичната пријава е банална, срамна и полна со неправилности

Љубомир Фрчкоски, поранешниот шеф на Постојаната мисија на Македонија при ООН во Њујорк, реагира по кривичната пријава за злоупотреби во...