Контакт

Политика

Отворено писмо на Димитриев до Спасовски

Објавено пред

Претседателот на Владата на Република Македонија за спроведување на изборите, Емил Димитриев, од ВМРО-ДПМНЕ, преку медиумите писмено и јавно му се обрати во понеделникот на  министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, од најголемата опозициска партија СДСМ, во отвореното писмо во кое ги појаснува одлуките од петокот кога Владата донесе одлука да ги поништи сите правни акти, кои ги донеле министрите на СДСМ, а не се потпишани од дополнителните заменици-министри, а министерот за внатрешни работи во оставка и генерален секретар на СДСМ, Оливер Спасовски изјави дека тоа значи сериозен упад во договорот од Пржино од страна на Владата.

dobivaj vesti na viber

Во продолжение интегрално го пренесуваме Отвореното писмо од премиерот Димитриев

 

Почитуван г-дин Спасовски Размислував дали да Ви одговорам со писмо на Вашите напади кои уште веднаш да кажам се несоновани. Не е мој стил на работа да комуницираме на ваков начин, особено и затоа што јас и Вие имаме разговарано за оваа работа за која пишувате, и Вие не споменавте ништо од ова што го пишувате, а споменавте многу други работи кои од причина на политичка коректност нема да ги споделам со јавноста, а верувам се многу интересни за Вашите партиски другари. Сепак решив и јас да Ви напишам писмо, кое е прво и последно на оваа тема, свесен дека на овој начин се вовлекувам во Вашето пресметано парадерство, но сепак реагирам зашто сакам да остане трага, затоа што аргументите се на моја страна во целост, затоа што одлуката на Владата е гранитно законска. Реагирате пет дена откога Владата ги донесе цитираните одлуки. Пет дена потоа. Во тие пет дена со задоволство го следев однесувањето на Вашата партија и на соросовите структури кои Ве поддржуваат, и притоа констатирав дека токму со неконзистентноста и немањето на аргументи на Вашиот и пристапот на соросовците, односно лутањето од позицијата дека Владата нема право да носи вакви одлуки, преку позицијата дека има право да носи вакви одлуки ама не кон Вас од СДСМ, во суштина се потврдува дека Владата дејствувала законски! Реакција пет дена потоа докажува и колку сте посветен или непосветен на работата, и станува јасно дека единствена цел на Вашата реакција е обид за правење пи ар, но и ми покажува дека и Вие сте свесни дека Владата има донесено кристално чиста законска одлука. Што не ви е јасно г-дине Спасовски? Јасно е како бел ден. Согласно членот 30 став 2 Владата има право и должност да укине или поништи пропис или друг акт на министерствата, органите на државната управа и управните организации кој не е во согласност со Уставот, законот или друг пропис на Собранието, односно пропис на Владата

Има ли право Владата да поништува прописи и акти? Има. Членот 30 од Законот за Владата го пропишува тоа право, но ја пропишува и должноста на Владата да реагира на начин на кој реагираше. Тој член е јасен и прецизен, и разбирлив и за средношколец по право, верувам и за Вас и за Вашите експерти.

Владата е врвен орган на извршната власт и министерствата и сите други органи се подредени субординациски и хиерархиски кон Владата, тие не се над Владата, и тоа е факт кој е познат и признат отсекогаш и секаде, и Ве молам немојте да објаснувате дека Вие сте биле над Владата. Смешно е. И жално истовремено.

Членот 46 став 3 од Законот за Владата пропишува дека дополнителниот заменик министер, заедно и рамноправно со министерот ги разгледува и ги потпишува сите акти и документи кои ги донесува министерот или лица овластени од него, заменикот на министерот како и државниот секретар во соодветното министерство, а се однесуваат на правните, финансиските и кадровските прашања поврзани со организацијата на изборите.

Овој член е директен резултат на Пржинскиот договор, а Вие со Вашето самоволие и со едностраните акти кои ги донесовте, работите и спротивно од законот и директно спротивно од Пржинскиот договор кој во еден дел е пресликан во Законот за Владата токму во членот 46. Вие наместо да ја градите и унапредувате довербата во изборниот процес, со ваквите незаконски акти ја уназадувате таа доверба. Сите незаконски акти за унапредување на кадри спротивно од закон дури и за по шест, седум и девет скалила нагоре во хиерархијата, за унапредување на сопругот на Вашата колешка министерка Ременски, како и акти со кои незаконски деградирате и уназадувате професионални полициски службеници, акти кои Владата Ви ги поништи, имаат врска со изборите затоа што токму полициските службеници се едни од најповиканите да обезбедат мирен, фер и демократски изборен процес. Ако Вие велите дека тие немаат врска со изборите, тогаш имате проблем со логика и рационалност, и тука јас не можем да Ви помогнам.

Дали законот пропишува дека на овие акти кои Владата Ви ги поништи треба да има потпис од дополнителниот заменик министер Чавков? Пропишува. Дали на Вашите акти кои Владата Ви ги поништи има потпис од Чавков? Нема. Како се вика акт кој е донесен споритивно на закон, какви што се овие акти кои Владата Ви ги поништи? Се вика незаконски акт. Дали Владата има право да Ви ги поништи овие незаконски акти? Има. И не само право туку има должност да Ви ги поништи незаконските акти кои сте ги донеле. Јас имав должност да Ви ги поништам овие Ваши незаконски акти, и јас таа должност кон државата ја испочитував и ја извршив.

Г-дине Спасовски,

Да се разбереме, ниту јас, ниту било кој од партијата ВМРО-ДПМНЕ не ви спори што сте министер. Не, ние почитуваме закон. Ние ви спориме сега, и ќе ви спориме секогаш кога носите незаконски акти какви што се актите кои Владата Ви ги поништи. Не сте Вие предмет на атак како што сакате да се претставите во обидот да глумите жртва. Токму Вие правите атак на институциите на системот со Вашите непромислени и незаконски акти и активности кои го слабеат капацитетот на институциите, правејќи раскол во ткивото, и тоа е резултат на Вашето самоволие и самоволието на Вашата партија. Вие не признавате суд, Управниот суд Ви ги оспори токму дел од актите кои Владата Ви ги поништи. Вие сега не признавате и Влада. Вие претседател на држава оддамна не признавате. Вие сакате да сте во центарот на вниманието, да бидете главниот или главните ликови, да терате самоволие до бескрај, да ги рушите темелите на правниот систем, да се заканувате, да навредувате, да рекетирате, и да не почитувате закон. Е тоа јас нема да Ви го дозволам. Ќе дејствувам секогаш како што законот пропишува, законот е јасен, а одлуката на Владата е законска.

Се надевам дека ќе престанете со ваквото непродуктивно однесување, и ќе почнете да работите нешто што е реално, нешто од што граѓаните имаат вистинска корист, реален проект за реални придобивки. Во целиот овој период како министер, ниту јас, а ниту јавноста не може да се потсети барем на еден проект кој сте го направиле а од кој корист имал народот.крај/мф

Извор: Макфакс

Политика

Седница на ИО на СДСМ: почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за нов претседател на СДСМ

Објавено пред

На 23 седница, Извршниот одбор на СДСМ донесе неколку одлуки и заклучоци. Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на седницата го потврди повлекувањето од функцијата Претседател на СДСМ и иницираше свикување отчетен Конгрес.

dobivaj vesti na viber

„Согласно член 68б од Статутот и повлекувањето на претседателот на партијата Извршниот одбор заклучи дека почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.

Бидејќи избраната Централната изборна комисија согласно Статутот се уште има мандат, во истиот состав ќе ја спроведе постапката за нови непосредни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.

Извршниот одбор ја задолжи Централната изборна комисија врз основа на Статутот на партијата да предложи правилник со предлог роковник за спроведување на директните внатрепартиски избори во текот на месец јуни во транспарентна и демократска постапка.

Извршниот одбор донесе одлука за формирање на Работни групи за активна регистрација на членството за гласање на директните внатрепартиски избори како и за организација на отчетен Конгрес на СДСМ, согласно Статутот.

Членовите на Извршниот одбор, како и членовите на раководството на СДСМ, заменик претседателката, потпретседателите, генералниот секретар, организациониот секретар, секретарот за меѓународна соработка, поднесоа оставки од функциите.

Воедно, согласно поднесените оставки се повикуваат и членовите на Централниот одбор да го следат примерот како морален чин на одговорност.

Со повлекувањето на претседателот на СДСМ, сите претседатели на Општински организации и претседателот на Градската организација се во оставка со глед на фактот дека се именувани од страна на претседателот, а нивната функција ќе ја извршуваат до избор на нови“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Прикажи повеќе...

Македонија

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ, на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Објавено пред

– На носителите на ЗНАМ, уште на личните профили им стојат слики за поддршка на Заев и Пендаровски. Тоа се поддршки што јавно им ги дадоа, така што сегашното нивно делување е малку повеќе лицемерно од нивна страна – истакна Носителот на ИЕ2 и портпарол на Левица, Амар Мециновиќ, во дебатата на ,,24 Вести”.

dobivaj vesti na viber

Според Мециновиќ, СДСМ ако ја примеа пораката, немаше Оливер Спасовски да биде носител во ИЕ2, после скандалите со пасошите за белосветски криминалци, за голготата за македонските граѓани со пасошите и за бегството на Груевски:

– Од друга страна, за СДС имам конкретна порака, но СДС не ја прима пораката! Пораката не е примена, затоа што нивниот носител во Двојка имаше страшни резултати. Имаше: од бегството на Груевски до оваа голгота што им се случи со пасошите на граѓаните и во меѓувреме – издавањето на пасоши за белосветски криминалци.

Говорејќи за Францускиот предлог и за ненаситноста кон бизнис – интересите од страна на СДСМ, Мециновиќ рече:

– Исто така, не ја примија ни пораката кога народот го отфрли Францускиот предлог. Не ја примија ни пораката кога Заев го изгуби легитимитетот, така што на сила се одржаа на власт до 2024 год. Практично, за да ги задржат нивните бизнис – интереси.

Мециновиќ постојано става акцент и на неоспорниот факт дека челниците од ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот:

,,ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот кога го носеа Преспанскиот, со оглед на фактот дека тогаш беа дел од раководството на тогашното СДС. Затоа, целата нивна сегашна реторика е лицемерна”.

Левица е единствена искрена, чесна, неподмитлива опција, која се бори за нулта – корупција, радикални промени во системот и нуди решенија за сите целни групи граѓани во Македонија:

,,На 8 мај, заокружете го број 5! Искористете го своето право на глас и гласајте за Левица! Со повеќе пратеници во Парламентот, борбата ќе биде посилна!”

Прикажи повеќе...

Македонија

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Објавено пред

Ромската заедница има најмлада популација во државата и тој потенцијал треба да се искористи, порача Ќемал Сулејманов, носител на листа во Изборна единица 3 на средба со жителите на Криволак.

dobivaj vesti na viber

„Нашата заедница е најмладата популација во државата. И нашите млади бегаат надвор од државата, барајќи решенија, а ние увезуваме работници од азиските држави. Мора да најдеме решение како нашите млади да останат во државата. Заеднички да ги направиме промените иво нашите инситтуции да имаме наши луѓе. Ветуваме дека промените почнуваат со Аваја. Вашиот глас го давате за подобра иднина и соединети да покажеме дека сме тука“ порача Сулејманов.

Според него, доволно е ромската заедница да биде третирана само како чистачи и амалџии „Драги браќа и сестри, ги знам вашите проблеми со кои се соочувате, тие се мои проблеми и мора да засукаме ракави по избори и заедно да ги решаваме. Мора да се сооединиме и да почнеме со промени. Мора да имаме наши луѓе во сите институции и тоа на раководни позиции. Доста не гледаа само како чистачи и нивни амалџии“, рече Сулејманов.

Претседателот на Аваја, Акиф Кариман, рече дека одлучил да ја жртвува индивидуалната кариера за да придонесе кон напредокот на народот. Тој говореше за тоа како другите политичари ги гледаат и вреднуваат Ромите.

„Зошто? Затоа што секогаш не потценуваат. Велат ние знаеме лесно да се справиме со вас. Малку ќе ве преплашиме и вие ќе се повлечете. Ќе ви дадеме под рака и вие ќе бидете на наша страна. Или ако тоа не функционира, ќе почнат со притисоци. И тоа досега функционираше. Но, сега ја имаме Аваја, формирана да биде рамо до рамо со сите нас. Ние сме тука да направиме голема промена и да го предизвикаме статус квото“, порача Кариман.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ13 минути

Во Кавадарци се води истрага за два случаи на сексуално насилство врз деца

Кавадаречкото Обвинителство  споведува истрага за два одвоени случаи во кои има сомненија за силување на дете кое не наполнило 15...

Свет22 минути

Словачките лидери едногласни: Крај на воената помош за Украина

Највисоките словачки функционери – претседателот Петер Пелегрини, премиерот Роберт Фицо и претседателот на парламентот Рихард Раши – потврдија единство околу...

Свет43 минути

Претседателката на Молдавија: На референдум би гласала за обединување со Романија

Претседателката на Молдавија, Маја Санду, изјави дека би гласала за обединување со Романија доколку тоа прашање некогаш се најде на...

Свет49 минути

Германија предупредува: Плановите на Трамп за Гренланд може да го загрозат НАТО

Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул изјави дека сојузниците во НАТО мора да соработуваат кога станува збор за безбедноста...

Свет55 минути

Конгресмен предлага закон за анексија на Гренланд

Републиканскиот конгресмен Ренди Фајн предложи закон до американскиот Конгрес со кој на САД би им се овозможила анексија на Гренланд...

Македонија12 часа

18-годишникот кој усмрти жена во Капиштец избега од државата, МВР распиша потерница

Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по 18-годишникот кој прегази жена во Скопје и избега од местото на настанот....

Топ15 часа

Уапсен жител на Богданци за убиство на сопствената мајка

Полицијата уапси 39-годишен жител на Богданци, осомничен за убиство на сопствената мајка. Според информациите од МВР,  денеска во Полициската канцеларија...

Македонија17 часа

Уапсено лицето што го оштети стаклото на влезната врата на бугарската амбасада во Скопје

Полициски службеници од МВР денеска (12 јануари 2026 година) во 12:40 часот на улицата Кирил и Методиј во Скопје го...

Македонија19 часа

Како членка на НАТО, не ни прилегаат технички влади, а предвремените избори носат нестабилност, рече Гаши

Претседателот на Собранието Африм Гаши изјави дека е поборник на идејата за одржување редовни избори, оценувајќи дека честите предвремени избори...

Култура19 часа

„Една битка по друга“, „Хамнет“ и „Адолесценција“ доминираа на Златните глобуси

Во неделата беа доделени престижните награди Златен глобус. Филмот „Една битка по друга“ (One Battle After Another) беше прогласен за...

Македонија20 часа

Непознати глутници се појавија преку ноќ – пронајдени улични кучиња од Албанија во Скопје, се бара истрага и проверка на безбедносните камери

Здружението за заштита на животните Анима Мунди алармира и јавно бара итна, темелна и независна истрага поради сериозни индиции за...

Македонија21 час

Водата се повлекува во повеќе региони, дел од патиштата затворени поради поплави, одрони и снег

Центарот за управување со кризи информира дека по обилните врнежи, состојбата на терен е стабилизирана во дел од регионите, а...

Македонија23 часа

Алиу: Предлог-законот за заштита од пушење објавен на ЕНЕР, отвораме јавна расправа пред неговото усвојување

Министерството за здравство информира дека предлог-законот за заштита од пушење е објавен на електронскиот национален регистар на прописи (ЕНЕР), каде...

Македонија23 часа

Минусни температури низ целата земја, на Попова Шапка измерени -16 степени

Утрово најстудено било на Попова Шапка кадешто се измерени -16 степени целзиусови, -14 било во Mаврови Анови, -13 во Kрушево,...

Свет1 ден

Трамп: Иран нè контактираше за преговори

Американскиот претседател Доналд Трамп во неделата изјави дека Иран побарал да започне разговори со САД, додека земјата се справува со...

Свет1 ден

Иранската револуционерна гарда му се закани на Трамп

Иранската револуционерна гарда јавно му се закани на Доналд Трамп поради неговото споменување на потенцијална американска воена акција против владата...

Свет1 ден

Телеграф: Лондон планира да испрати војници на Гренланд, Велика Британија: Тоа е поради Русија

Велика Британија вчера соопшти дека дискусиите со другите членки на НАТО за одбивање на руската активност на Арктикот се „рутински“,...

Македонија1 ден

Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот...

Европа1 ден

Русите го замрзнуваат Киев, Зеленски: Ситуацијата е исклучително тешка

Повеќе од 1.000 станбени згради во Киев остануваат без греење по разорниот руски напад во петок наутро, соопштија локалните власти....

Македонија1 ден

(Видео) ДИК со првични неофицијални резултати од повторените локални избори во четири општини

Државната изборна комисија (ДИК) вечерва ги објави првичните, неофицијални резултати од повторените избори во општините Врапчиште, Гостивар, Маврово Ростуше и...