Македонија
Груевски: Поглаварот на ИВЗ се постави како политички, а не како верски лидер
Поглаварот на Исламската верска заедница се постави како партиски, политички и етнички, а не како верски лидер, изјави премиерот Никола Груевски, во саботата во Дневникот на телевизија Сител, а во врска со колумната на Реис Ул Улема Хаџи Сулејман Ефенди Реџепи во весникот „Лајм“ во која тврди дека Македонци муслимани не постојат, дека тие се ѓаволско дело и претставуваат „ин-витро нација создадена од партијата ВМРО-ДПМНЕ“.
Според премиерот, кај Реисот има висока доза на етнички национализам кој испраќа лоши пораки кон верниците.
„Македонците со муслиманска вероисповед постоеле многу одамна и многу пред ВМРО-ДПМНЕ. Јас го почитувам поглавартот на ИВЗ, сме комуницирале и сме решавале многу прашања. Имам кон него почит како кон лидер на верска заедница. Но, тоа што тој го направи со неговата колумна е најмалку значајно што е навреда и клевета за ВМРО-ДПМНЕ, туку е навреда на чувствата на Македонци со муслиманска вероисповед. Тој се постави како партиски, политички, етнички лидер, а треба да биде верски лидер за сите етнички заедници во Македонија. За него сите граѓани и Албанците и Турците, и Ромите и Македонците што се муслимани треба да имаат исто значење, иста почит и исти приод кон нив. На сите да им даде можност да си го остварат своето верско право“, рече Груевски.
Тој се надева дека Реисот ќе ја поправи грешката и ќе им се извини на граѓаните.крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Променливо облачно време со повремен дожд, минимална температура до 1 степен
Во утринските и претпладневните часови ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд и снег во пониските, а на повисоките места и планините од снег. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието засилен северен ветер. На планините снежната покривка ќе се зголеми, а помала снежна покривка ќе се формира и на некои од повисоките места. Попладне облачноста ќе се намали. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 5, а максималната ќе достигне од 4 до 10 степени.
Во Скопје претпладне ќе биде променливо облачно со повремен дожд, во повисоките делови од котлината со повремен снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Попладне облачноста ќе се намали. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 6 степени.
Од недела ќе преовладува стабилно време со слаб до умерен јужен ветер, а по одделни котлини ќе има појава на магла. Локални врнежи од дожд се очекуваат помеѓу вторник и среда.
Македонија
Кликнете „Обраќање до судот“ за електронски да поднесете иницијатива, барање или предлог до Уставниот суд, услугата е достапна од 1 јануари
Веќе трет ден граѓаните можат и од дома, електронски, да поднесат барање, иницијатива или предлог до Уставниот суд. Услугата е достапна за сите правни и физички лица од први јануари.
„Електронското поднесување поднесоци е овозможено преку интернет-страницата на Уставниот суд, односно преку актегоријата ’Обраќање до судот’ каде во поткатегоријата ’Електронско поднесување на поднесоци’ се наведени насоки за начинот на електронско поднесување“, извести денес Уставниот суд.
Електронското поднесување иницијативи, барања или предлози до Уставниот суд е регулирано со Правилникот за електронско поднесување на поднесоци кој е објавен на интернет-страницата на судот.
Министерството за дигитална трансформација, пак, соопшти дека од денес електронските документи издадени од јавни органи, печатени на хартија, нема да подлежат на процесот на верификација туку ќе имаат иста правна и доказна сила како и оригиналниот документ со традиционален печат.
Македонија
Тошковски се извини на велешани за затворањето на мостот во Башино село за реконструкција, полицијата ќе обезбеди проток во сообраќајот
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска, заедно со премиерот на Владата Христијан Мицковски, министерот за транспорт и врски Александар Николовски, градоначалникот на Велес Марко Колев и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Коце Трајановски беа на увид на состојбата на мостот кај Башино село. Целта на посетата беше да се координира брзина на институциите по добиениот извештај од Градежниот факултет до Јавното претпријатие за државни патишта дека мостот кај Башино село е во многу лоша состојба заради што се забранува секаков сообраќај за лесни и тешки товарни возила.
Министерот Тошковски упати извинување на граѓаните на Велес кои ќе мора да бидат трпеливи за надминување на оваа состојба бидејќи за жал претходната централна власт до која е апелирано уште во 2018 година за проект за санација на овој мост оставила штетата толку да се зголеми што сега има неминовност од затворање на мостот на неколку месеци, се до негова конечна санација.
„Министерството за внатрешни работи во моментот преку специјалните единици учествува во подводни снимања на мостот со што ќе овозможи видео материјал на Градежниот факултет за да направи брз проект за санација и пуштање во употреба на мостот за сообраќај што се очекува да заврши за 60 до 90 дена. Во меѓувреме сообраќајот кој нема да се одвива преку овој мост ќе биде пренасочуван преку Велес, а полицијата постојано ќе го регулира сообраќајот со посебни режими со цел да не се наруши текот на сообраќајот и да нема застои во движењето на возила низ градот Велес. Ги повикувам граѓаните на Велес и сите граѓани кои ќе имаат потреба да сообраќајот во овој регион да ги почитуваат насоките на полициските службеници кои ќе учествуваат во регулацијата на сообраќајот. Во меѓувреме паралелно на проектот за санација на овој мост кој треба да заврши за 60 до 90 дена се планира проект на нов мост во близината на истиот, чија изградба треба да почне во втората половина на годината после завршувањето на тендерските постапки и избор на изведувач“, потенцираше министерот Тошковски за време на увидот.