Македонија
Министерството за здравство објави оглас за ангажирање надворешен соработник

Министерството за здравство во среда објави оглас за анагажирање на надворешен соработник за контакт со странски здравствени установи.
Ангажманот на соработникот ќе се состои од воспоставување контакти со реномирани странски болници, како и непосредни контакти со врвни доктори, со цел разгледување на можностите за нивно ангажирање за обука на македонските доктори, велат од Министерството.
На објавениот оглас може да се пријават кандидати кои ги исполнуваат следните услови: стекнато најмалку петгодишно работно искуство како доктор по општа медицина, и одлично познавање на англиски јазик, за кое кандидатот треба да поседува соодветно признание (TOEFL или друга меѓународно призната диплома).
Од кандидатот кој ќе биде избран на објавениот оглас, се очекува да покаже исклучителни вештини на комуникација и менаџирање на професионалните контакти, што ќе резултира со склучување меморандуми за соработка со најмалку три здравствени установи месечно, како и воспоставување соработка со најмалку тројца еминентни доктори од земјите-членки на OECD, на месечно ниво. Воедно, ангажманот на надворешниот соработник ќе вклучува посета и престој во странски држави, согласно потребите.
Огласот е објавен во дневни весници и на веб-страната на Министерството за здравство (http://zdravstvo.gov.mk/oglas-za-nadvoresen-sorabotnik/), а рокот за пријавување изнесува 10 дена од денот на објавување.крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Филипче се надева на победа на СДСМ во Крива Паланка уште во првиот круг

Во Крива Паланка повторно ќе славиме победа и тоа уште во првиот круг, изјави претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на вечерашната граѓанска трибина „Се бориме за нашиот дом“, што се одржа во Крива Паланка.
Во обраќањето пред граѓаните, Филипче истакна дека Крива Паланка е една од најубавите општини во државата и тоа благодарение на посветената работа на градоначалникот на СДСМ и неговиот тим.
„За резултатот на Сашко во Крива Паланка јас вечерва нема зборувам. Вие тоа го знаете многу добро, се гледа на секоја страна во Крива Паланка, каде и да се заврти човек, делата зборуваат гласно. Овде се работело, а граѓаните тоа го гледат, го живеат секој ден. Затоа, нашата борба за Крива Паланка ќе продолжи со нов мандат, со победа на СДСМ и коалицијата и на советничките листи“, рече Филипче.
Македонија
Филипче до граѓаните: Вашата сила е во гласањето, покажете ја во недела

Вашата сила е во гласањето! Ве повикувам да ја покажете таа ваша сила во недела! Со масовно излегување на гласачките места. Со вашиот глас да пратите силна порака затоа што на Македонија ѝ се потребни промени, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче на митинг во Крива Паланка.
Пред граѓаните, Филипче се заблагодари за масовната поддршка и јасно порача дека Македонија стои пред избор, дали ќе дозволи нашиот дом власта да продолжи да го руши цигла по цигла, или народот ќе се обедини за да го зачува.
„Ова не се обични локални избори. Во недела одлучуваме дали ќе ја вратиме правдата, достоинството и чесноста во нашата земја. Одлучуваме за иднината на секое семејство, за сигурна иднина на младите, за држава во која трудот се цени, а не партиската книшка“, истакна Филипче.
Тој потенцираше дека СДСМ е партијата која секогаш ја водела Македонија напред, со конкретни политики и дела, а не со лаги и манипулации.
Македонија
Мицкоски повика на масовна излезност: Гласајте за партии што можат да менуваат, а не за мали групи што профитираат од вашите гласови

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, ги повика граѓаните на масовна излезност в недела и истакна дека на овие избори се избира меѓу две опции – една која, како што рече, ја враќа Македонија назад, и другата – понудата на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата која нуди вистински избор и напредок.
„ Јас ги повикувам граѓаните да излезат и масовно да гласаат бидејќи ако не излезат и ако не гласаат тогаш некој друг ќе профитира од сето тоа, граѓаните ќе се движат на бранот којшто некој ќе го креира. Затоа првично ги повикувам сите граѓани масовно да излезат и да гласаат по сопствено убедување. Да не биде дека јас сум претенциозен и дека го гледам својот партиски интерес, само излезете и гласајте по вашето сопствено убедување. “ рече Мицкоски во гостување на „Сител“.
Тој дополнително порача и дека граѓаните треба да гласаат за политички партии кои можат да менуваат, а не за помали партии кои се мала група што профитира од гласовите на граѓаните. Според него, ако граѓаните го послушаат разумот и срцето, во огромно мнозинство ќе го заокружат бројот 9 и ќе ја поддржат коалицијата што ја предводи ВМРО-ДПМНЕ.