Економија
ВМРО-ДПМНЕ: Договорот за изградба на крак од Јужен тек е стандарден, потпишан од сите земји-учеснички во проектот
Договорот кој го потпиша Република Македонија е стандарден договор и истиот го потпишаа сите земји кои влегоа во проектот “Јужен Тек“. Доколку СДСМ не верува во тоа, може да го побара и договорот од Србија, Хрватска или Австрија, да го спореди и потоа да ја информира јавноста. Така би било најчесно.
Ова се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ, на прес конференцијата на потпретседателот на СДСМ Дамјан Манчевски, кој обвини дека Македонија со Руската Федерација не потпишала Договор за изградба на крак од гасоводот Јужен тек, туку спогодба што одредува само техничка оправданост за проектот.
Нечесно е, од друга сртана, да се каже дека владата на ВМРО-ДПМНЕ ја одлага гасификацијата, бидејќи само благодарение на заложбите на оваа влада, Македонија се најде во проектот “Јужен Тек“. Во секој случај овој успех на Македонија не е благодарение на СДСМ. СДСМ беше на власт кога сите останати земји влегуваа во планот за гасоводот, а токму тие не покажа никаков интерес. Да не беше нивната летаргија и да покажаа барем малку иницијатива Македонија тогаш можеше да стане и транзитна земја и ќе наплатувавме за транзитот на гас“, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Според партијата на власт, СДСМ изнесува невистини и околу улогата на Регулаторната комисија за енергетика.
„Во однос на членот 5 од Договорот, јасно стои дека Регулаторната комисија нема да одлучува за цената по која Македонија ќе го купува гасот од “Гаспром“, што е многу логично затоа што македонската регулаторна комисија нема ингеренции да го регулира меѓународниот пазар на гас. Регулаторната комисија може да одлучува за цената на гасот во земја и тоа таа и ќе го прави“, се вели во реакцијата.
Од ВМРО-ДПМНЕ ја запрашаа СДСМ дали чувствува вина за одлагањето на процесот на гасификација на Република Македонија. /крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

