Забава
По близу 100 години повторно тргнува луксузниот воз Москва-Ница

Русија денеска го пушта во сообраќај новиот луксузен воз со кој ќе се патува 49 часа од Москва до Ница на југот на Франција, дестинација на високото друштво веќе 100 години, пишува рускиот весник „Известија“ во текстот со наслов „Гламур на шините“.
Русија денеска го пушта во сообраќај новиот луксузен воз со кој ќе се патува 49 часа од Москва до Ница на југот на Франција, дестинација на високото друштво веќе 100 години, пишува рускиот весник „Известија“ во текстот со наслов „Гламур на шините“.
Возот треба да тргне од железничката станица „Белорусија“ во 16.17 часот по локално време, а треба да пристигне во Ница во сабота по 49 часовно патување.
Пред да стигне на крајната дестинација на Азурниот брег, возот ќе помине низ Минск, Варшава, виена, Милано, Женева и францускиот град Ментон.Оваа железничка врска помеѓу Москва и Ница не е новина, бидејќи на крајот на 19 век во Царска Русија, па се до 1914 година, се обраќале возови по оваа траса.
„Голем број на членови на руското кралско семејство, како и нивни роднини и потомци поседувале имот во Ница и редовно патувале натаму“, пренесува весникот.
Персоналот, кој го сочинуваат само Руси, се избрани по пат на конкурс, а тие морале да научат и англиски и француски јазик, како и добри манири пред да бидат примени да работат во најгламурозниот воз.
Предвидено е возот на оваа линија да се обраќа еднаш неделно. Возот има 12 вагони, меѓу кои има и два ресторан вагони. Цената на железничкиот билет во втората класа во еден правец изнесува 306 евра, а во првата класа, каде во кабината ќе има голем кревет, туш, тоалет и бар изнесува 1.200 евра.
Ница има долга традиција во гоштевањето на Русите која започнала во 1850 година. Руската црква во Ница, најголемата руска православна градба надвор од Русија, се наоѓа пред железничката станица, која секоја година е посетена од 100 до 150 илјади посетители. /крај/известија/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Најсимнувани апликации за 2024 година

Германската онлајн платформа Statista, која е специјализирана за собирање податоци и визуелизација, објави кои апликации луѓето ширум светот ги преземале најмногу во 2024 година.
Десетте најпреземани апликации на глобално ниво во 2024 година се:
TikTok (повторно) на тронот, проследен од Instagram
На прво место со импресивни 825 милиони преземања е TikTok, што не е изненадување. Кратките видеа стануваат главен начин за објавување на социјалните медиуми, а TikTok го држи тронот петта година по ред. Алгоритмот што препорачува содржина и креативни алатки (Duet, Stitch) исто така ја поттикнува потрошувачката, платформата имаше приход од речиси 30 милијарди долари од рекламирање во 2024 година.
Instagram се најде на второто место со 817 милиони преземања. И покрај проблемите со TikTok, ѕвездата на Meta расте благодарение на Reels и интеграцијата на купувања во апликацијата. Новите функции за уредување фотографии со вештачка интелигенција ја одржуваат помладата публика ангажирана.
Третото и четвртото место го заземаат Facebook (598 милиони) и WhatsApp (564 милиони).
Покрај социјалните мрежи, кои доминираат на оваа листа, меѓу најпопуларните апликации е Temu со 516 милиони преземања. Кинескиот гигант за е-трговија стана најпреземаната iOS апликација во САД, а очигледно и во остатокот од светот, благодарение на комбинацијата од неверојатно ниски цени и агресивен маркетинг (три ТВ спотови во Супербоул).
CapCut е исто така на листата со 448 милиони преземања. Тоа е апликација за уредување видеа што ја користат многу корисници на TikTok. Меѓу популарните апликации е Snapchat, омилена комуникациска мрежа за многу млади луѓе.
На дното на листата се Telegram (331 милион), Threads (327 милиони) и WhatsApp Business со 294 милиони преземања.
Забава
Конзумирањето на Омега 3 и витамин Д го забавуваат стареењето

Не можеме да го спречиме стареењето, но се чини дека можеме малку да го забавиме – барем одвнатре. Според ново истражување објавено во престижниот магазин Nature Aging, комбинацијата од два многу познати додатоци во исхраната – омега-3 масни киселини и витамин Д – би можела да го забави биолошкото стареење.
Не, не зборуваме за креми или козметички третмани. Ова се случува на ниво на ДНК. Што е всушност биолошка возраст?
Хронолошката возраст е едноставна – тоа е бројот на свеќи на тортата. Но, биолошката возраст покажува како всушност старееме одвнатре – како функционираат нашето срце, мозок и клетки. И додека не можеме да влијаеме на хронолошката возраст, секако можеме да влијаеме на биолошката возраст – преку исхрана, физичка активност, спиење… и очигледно, додатоци.
Во студијата учествуваа 777 постари возрасни лица, а научниците го следеа процесот на метилација на ДНК – што често се користи како индикатор за биолошка возраст. Примероците беа земени на почетокот на студијата, а потоа три години подоцна.
Групата што земала омега-3 (1.000 мг на ден) и витамин Д (2.000 IU на ден) покажала значително побавно биолошко стареење во споредба со оние што не земале никакви додатоци.
Колку побавно?
Во просек, биолошката возраст на оваа група се забавила за три до четири месеци во текот на три години. Не е драматично, но имајќи предвид дека ефектот може да биде кумулативен – не е лошо, нели?
Уште подобро – кога омега-3 и витамин Д се комбинираат, резултатите се подобри отколку кога се земаат одделно.
Забава
Организаторите на венчавката на Безос: Добивме јасни инструкции, не смееме никого да вознемируваме

Во пресрет на раскошната венчавка на Џеф Безос и Лорен Санчез, која ќе се одржи следната недела во Венеција, парот се најде на мета на критики од дел од италијанската јавност. Но, организаторите на настанот, компанијата Lanza & Baucina Limited, издадоа соопштение во кое тврдат дека Безос и Санчез инсистирале да ја почитуваат Венеција, нејзините жители и локалната заедница уште од самиот почеток на планирањето на свадбата.
Lanza & Baucina, основана од принцот Антонио Ликата ди Баучина и грофот Рикардо Ланза, е позната по организирањето на големи свадби на познати личности, вклучувајќи ги и оние на Џорџ и Амал Клуни и Селма Хајек и Франсоа-Анри Пино. Тие во изјава за медиумите наведуваат дека Безос и Санчез им дале јасни упатства дека венчавката не треба да се меша во секојдневниот живот во Венеција.
„Од самиот почеток, инструкциите на нашите клиенти, како и нашите сопствени принципи, беа крајно јасни: минимизирајте го секое нарушување на градот, покажете почит кон неговите жители и институции и вклучете го локалното население колку што е можно повеќе во организацијата на настаните“, се вели во соопштението на Lanza & Baucina.
Свадбата се одржува во текот на три дена, а на листата на гости се најпознатите светски имиња, меѓу кои Опра Винфри, Леонардо ди Каприо, Ким Кардашијан, Бил Гејтс, Барбра Стрејсенд и Иванка Трамп.
Од друга страна, венецијанските демонстранти се собраа под слоганот „Нема место за Безос“ поставија плакати низ градот со пораки како „Венеција: Игралиште за олигарсите“ и најавија блокади на канали и улици. Протестите се поврзани со долгогодишното незадоволство од прекумерниот туризам, капитализмот и товарот на градот од настани од висок профил.
И покрај тоа, венецијанскиот градоначалник Луиџи Бруњаро изјави дека соработува со организаторите и верува дека венчавката ќе има мултимилионски ефект врз локалната економија.
„Работиме заедно со организаторите за да се осигураме дека настанот е целосно во согласност со чувствителноста и уникатноста на Венеција“, рече Бруњаро.
„Секој што ја сака Венеција е секогаш добредојден“, додаде тој.
Организаторите нагласуваат дека влијанието на настанот се размислувало со месеци однапред, многу пред да се појават вестите за протестите.
„Пред да се појават вестите за протестите, работевме да се осигураме дека свадбата ќе има што помало негативно влијание или нарушување на животот на граѓаните на Венеција и нејзините посетители“, рече организаторот.
Тие исто така додаваат дека нивните клиенти од самиот почеток биле вклучени во поддршката на градот и неговата лагуна преку непрофитни иницијативи и сродни проекти.
Според Page Six, Безос и Санчез донирале средства на локалните венецијански организации во април како дел од нивното планирање на свадбата. Во чест на гостите се испраќаат и донации, како симболичен подарок.
Во соопштението испратено до локалните медиуми на 19 јуни, организаторите цврсто ги негираат гласините дека Безос и Санчез ја резервирале целата градска флота на воден транспорт.
„Гласините за „заземање на градот“ се целосно неточни и спротивни на нашите цели и реалност. Ниту, пак, се нарача прекумерно количество водени такси или гондоли – бројот на резервации е пропорционален на бројот на гости“, велат од Lanza & Baucin.
Овие тврдења ги потврдија и градските власти, посочувајќи дека парот не резервирал голем број гондоли или невообичаено голем број водени такси. И покрај несогласувањата во јавноста, организаторите и властите работат заедно за настанот да се одвива мирно и без нарушување на секојдневниот живот во градот.