Забава
Девојчиња преживеале четири дена без вода и храна на дрво
Две девојчиња од 9 и од 10 години биле најдени како цврсто се држат на гранките од дрво во северно Мексико на кое побегнале да се спасат од големите поплави што го погодија тоа подрачје
Двете девојчиња без храна и вода минале четири денови на дрвото, кои прво ги забележале рибари, рекле спасувачите од мексиканската сојузна држава Тамулипас, Полицијата соопштила дека нивните родители се удавиле во големата полава. Според кажувањето на девојчињата, нивниот татко се обидел автомобилот во кој покрај него и мајката биле уште и две деца, да го премине мостот на реката Пилон, но автомобилот бил однесен од надојдената река. Спасувачите ги извадиле нивните тела од реката, но недостасува телото на постарата ќерка.„Се’ уште не го најдовме телото на 15-годишната девојка. Трагаме по неа. Се надевам дека и неа ќе ја најдеме жива“, рекла Марсиела Канту, портпаролка на локалната полиција, пренесува Associated Press.Девојчињата Лизабет Далин и нејзината помлада сестра Лесли Далимел Гаона Тревино, биле префрлени во болница заради дехидрација и убоди од инсекти, но иако се трауматизирани, нивната состојба била стабилна, рекле лекарите. Големите поплави во Мексико ги предизвика ураганот Алекс, а ви силните поројни дождови што го следеа и во поплавите загинаа повеќе лица, додека илајдници остана без покрив над главата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Принцезата Шарлот денеска полни девет години, обожавателите со нетрпение очекуваат фотографија
Принцот и принцезата од Велс, имаат уште една причина за славење оваа недела – роденденот на принцезата Шарлот.
Принцезата Шарлот денеска наполни девет години и обожавателите со нетрпение ја очекуваа годишната роденденска фотографија што семејството ќе ја објави на нивниот посебен ден, објави Мирор.
Сепак, тие ја прекинаа традицијата минатата недела кога принцот Луис наполни шест години, а се чини дека планираат да го сторат истото и овој пат.
Забава
Принцот Вилијам ја воодушеви и шокираше сопругата Кејт со подароци: Најчуден е оној од почетокот на нивната врска
Повеќето сопрузи им подарувале на своите сопруги подароци за годишнината што би сакале да ги заборават, а принцот Вилијам не е исклучок.
Тој со текот на годините ја воодушевуваше и шокираше принцезата Кејт со подароци што таа или ги мразеше или сакаше, објави Мирор, истакнувајќи дека парот веќе ја прослави 13-годишнината од бракот.
Самиот Вилијам призна дека некои од неговите подароци биле погодени или промашени.
Принцот Вилијам (41) и купи на Кејт нежен часовник од 4.850 фунти Balloon Blu d Cartier за нивната трета годишнина од брак во 2014 година.
За време на кралската турнеја низ Канада во 2016 година, принцезата од Велс беше видена како носи часовник со ситни сафири, што одговараше на нејзиниот веренички прстен, исто така уште еден скап подарок.
Сепак, принцот Вилијам неодамна призна дека еднаш на својата сопруга и подарил двоглед на почетокот на нивната врска бидејќи во тоа време се чинело соодветно.
Принцот Вилијам и купил на својата сопруга комплет за накит вреден 121.000 фунти за нејзиниот роденден.
Се верува дека тоа било подарок за нејзиниот 30-ти роденден во 2012 година, иако тоа не е потврдено, а во 2022 година, Кејт носеше пар обетки од 100 фунти, кои беа божиќен подарок од принцот Вилијам од брендот Сезан.
Наука
Здравиот начин на живот го неутрализира влијанието на генетиката за повеќе од 60 проценти, покажува истражување
Здравиот начин на живот може да го компензира влијанието на генетиката за повеќе од 60 проценти и да додаде уште пет години на животот, според првата студија спроведена на оваа тема.
Добро е познато дека некои луѓе се генетски предиспонирани за пократок животен век, објави Гардијан.
Исто така, добро е познато дека факторите на животниот стил, особено пушењето, консумирањето алкохол, исхраната и физичката активност, можат да влијаат на долговечноста.
Сепак, досега не е направено истражување за степенот до кој здравиот начин на живот може да се спротивстави на генетиката.
Наодите од неколку долгорочни студии сугерираат дека здравиот начин на живот може да ги ублажи ефектите од гените што го скратуваат животот за 62 проценти и да додаде дури пет години на животот.
Резултатите беа објавени во списанието BMJ Evidence-Based Medicine.
Оваа студија ја појаснува клучната улога на здравиот начин на живот во ублажувањето на влијанието на генетските фактори врз скратувањето на животниот век, заклучија истражувачите.
Студијата опфатила 353.742 луѓе од Обединетото Кралство Биобанка и открила дека оние со висок генетски ризик за пократок живот имаат 21 отсто зголемен ризик од рана смрт во споредба со оние со низок генетски ризик, без оглед на нивниот животен стил.