Македонија
Македонски наставници на глобалниот светски образовен форум на Мајкрософт
Македонските наставници Славица Карбева и Марија Петреска на специјална покана од Мајкрософт ќе земат учество на глобалниот светски образовен форум Global Educator Exchange кој во период од 28 април до 1 мај ќе се одржи во седиштето на Мајкрософт во Редмонд, Вашингтон.
Станува збор за наставниците кои успеале на иновативен и современ начин да ја инкорпорираат едукативната пракса, иновативните технологии и вештини на 21 век во средината каде учат и работат учениците, и да им го пренесат знаењето на децата, да поттикнат нивна партиципација и активно вклучување во едукацијата.
Посетата е во рамките на програмата Microsoft Expert Educator која е дел и од неодамна потпишаниот меморандум за соработка меѓу Мајкрософт и Министерството за Информатичко Општество и Администрација, а со кој се обезбедува поголем пристап во програмите, ресурсите и технолошките алатки кои се дел од глобалните иницијативи на Мајкрософт. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Предлозите на СДСМ за аерозагадувањето не се мерки, со нив проблемот не може ни да се ублажи
Со голема сериозност ги разгледавме предлозите на СДС за аерозагадувањето прашувајќи се зошто, ако воопшто знаеле, како треба до пред 6 месеци со прст не мрднаа за да го решат ова горливо прашање. Но, сфатиме за што се работи, велат од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.
„И така читаме да видиме дали има нешто зрело и дали се промениле во СДС, иако има поговорка кај нас дека волкот ја менува кожата но наравот никогаш, кога има што да видиме. Не само што не се промениле, туку тие продолжуваат да тонат. Да, почитувани граѓани. И тоа можело. Мерките на СДС за борба против аерозагадувањето биле да не ода на работа луѓето. И да има контрола на возилата. Ете. Толку бил едноставен проблемот.
Но, да бидеме сериозни, трагедија се обидите на СДС загадувањето да го третира како тема. Освен што играат на картата дека народот заборавил дека до пред 6 месеци беа на власт и немаа ниту една, повторуваме ниту една мерка за животната средина, тие очигледно го потценуваат и капацитетот на народот кој јасно гледа дека ова што го предлага СДС не само што не се мерки туку се избрзани прес конференции да исполнат квота за која центарот за комуникации на СДС си добива добра плата. Не само што ова не се мерки, туку се далеку од тоа што е потребно за да се реши проблемот а дури и да се ублажи. Ние планиравме секако одредени категории на вработени да препорачаме и наложиме да бидат ослободени од работни обврски, но за решавање на загадувањето потребни се сериозни чекори и длабоки промени и инвестиции. Нешто кое ние го припремаме и за кое одвојуваме буџет и нешто за чија реализација е потребно време. Да мислеа повеќе на животната средина, наместо да крадат од кај ќе стигнат, СДС ќе направеа нешто по што ќе може да ги паметиме надвор од скандалите за набавки, криминални тендери, уништување на институциите и енергетскиот систем преку пљачка на РЕК Битола и ЕСМ, измеќарството кон ДУИ и националните предавства, трагедијата од пожарот во криминалната модуларна болница на Филипче, несреќите на Дурмо турс на пајташот на ДУИ, како и многу други наместени тендери и криминални злоупотреби.
Затоа, обмислете ги убаво соопштенијата, а за тоа не е потребно само плата туку и капацитет и интегритет. Очигледно кај вас недостасуваат“, се наведува во реакцијата.
Македонија
Тошковски: Граѓаните ќе се опоменуваат, нема да се казнуваат за возачките дозволи и за личните карти со старото уставно име
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски рече дека полицијата ќе се фокусира на опоменување, а не казнување на граѓаните што сè уште користат лични документи со старото уставно име. Како што рече, голем дел од документите, како возачките дозволи и пасошите, се веќе заменети со новото уставно име.
Тошковски нагласи дека граѓаните не треба да трпат штета поради погрешните политики на претходната власт.
„Огромен број од возачките дозволи се веќе заменети. Еднаш упатив јавен апел до сите полициски службеници дека не треба македонските граѓани да бидат казнувани поради тоа што во минатото имало политичари што не си ја сакале државата. Упатувам апел да ги применат законските одредби за опомена и укажување на сите оние што во овој адаптабилен период сè уште користат возачка дозвола важечка според рокот, но не е усогласена со законот“, изјави Тошковски и додаде:
„Полициските службеници треба да постапуваат внимателно применувајќи ги одредбите за опомена за да не се казнуваат граѓаните поради минатите пропусти“.
Македонија
Ласовска: ВМРО-ДПМНЕ ја поддржува интерпелацијата на Илире Даути од ДУИ бидејќи не го почитува Деловникот
Најпрво да го истакнам ставот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. Имено ние даваме поддршка на оваа интерпелација и ќе гласаме за интерпелацијата на колешката Илире Даути, истакна пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Благица Ласовска на денешната собраниска седница.
Ласовска истакна дека интерпелацијата за Илире Даути е поради проблематичното работење кое го кочи работењето на комисијата.
„Во самото образложение на интерпелацијата се вели дека Илире Даути сосема неделовнички, противуставно, своеволно, тенденциозно, па јас би рекла и проблематично го кочи работењето на оваа комисија“, посочи Ласовска и додаде:
„Морам да дадам коментар по однос на излегувањето на СДС и овој парадокс што се случи денеска. Имено вчера се оградија од досегашниот партнер во владата, СДСМ се оградува од ДУИ и вели дека тие се најкорумпираната политичка партија во Македонија, а денеска излегуваат и не сакаат да учествуваат во работата на Собранието и не сакаат да дадат поддршка за интерпелацијата на Илире Даути. А, истовремено пак замислете кој е тој парадокс, законот заради кој Илире Даути заслужено добива интерпелација е поднесен од нив сега откако 7 години беа на власт и не поднесоа закон. Само што паднаа од власт поднесоа вакво законско решение“, истакна Ласовска.