Забава
Академија за толкувачи на соништа

Саудиска Арабија има намера да формира Академија за толкување на соништа.
Саудиска Арабија има намера да формира Академија за толкување на соништа. Таму студентите би имале можност да добијат диплома, да магистрираат и дури да докторираат на толкување соништа.
За формирање на академијата, која би била дел од еден од Саудиските универзитети, размислува угледниот толкувач на соништа Јусуф Ал Харти.
Тој го отфрла ставот на саудиското министерство за исламски прашања, кое смета дека толкувањето на соништа не е наука, туку моментална инспирација.
Од друга страна Исламот има долга традиција на толкување соништа. Првиот исламски соновник потекнува од седмиот век од нашата ера./крај/ртвсло/мп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Првата дама на Америка ретко се откажува од високи потпетици, но сега го пронајде својот нов омилен пар чевли

Првата дама на Америка, Меланија Трамп, секогаш ќе биде ненадминлива кога станува збор за мода. Иако не се појавува толку често во јавноста, секој пат кога го прави тоа, таа е празник за очите.
Никој не е сигурен од каде убавата Меланија ја црпи својата инспирација, но едно е сигурно, ќе уживаме во нејзините модни изданија уште долго време.
Иако е познато колку ги сака високите потпетици и секогаш импресионира со изборот, ова најново појавување вклучуваше малку поинаков избор.
Меланија ја посети Националната детска болница во Вашингтон и за таа пригода избра едноставна бела облека. Здолниште во форма молив во комбинација со бела кошула со точки и нејзините познати балетанки беа хит овој пат.
Првата дама се одлучи за балетанки од Роџер Вивиер, кои се украсени со една сребрена тока, па сигурно можат да бидат дел од уште многу слични модни изданија.
Балетанките често се предмет на дебата, некои ги сакаат, некои не, сепак, едно е сигурно – тие секако се најпрактични за летото бидејќи одат со сè. Можете да ги носите ако сакате да бидете елегантни, но и ако само сакате да изгледате опуштено.
Меланија Трамп многу ретко се одлучува за балетанки, но кога го прави тоа, тоа дефинитивно е најдобриот избор.
Забава
Имате изгореници од сонце: 5-те најбрзи начини да ја излечите вашата кожа

Колку пати сте биле предупредени да се држите подалеку од сонце, да останете во сенка и да користите крема за сончање? Веројатно многу…
Но, што ако не сте биле доволно внимателни и сонцето ве измамило? Еве некои од најбрзите и најлесните начини да ја излечите вашата кожа:
Аспирин или ибупрофен
Ако се чувствувате толку лошо колку што изгледате, слободно земете нешто за да ја ублажите болката. Аспиринот или ибупрофенот се антиинфламаторни и делуваат така што го намалуваат отокот, болката, црвенилото и канцерогените ефекти од изгореницата веднаш по изгореницата.
Хидратација
Земете лист од алое вера и исцедете го неговиот сок врз раните. Најдобро е да го користите во форма на гел бидејќи дополнително ќе ја олади кожата, ќе го ублажи чешањето, иритацијата и воспалението. Ако немате алое вера, можете да користите краставица.
Изблендирајте го и нанесете ја смесата на изгорената кожа. Ова ќе ја рехидрира кожата и ќе ѝ помогне да се опорави што е можно побрзо.
Крем за сончање
Само затоа што веќе сте изгореле не значи дека не можете да изгорите уште повеќе. Вашата кожа е оштетена, слаба и склона кон влошување. Кремот за сончање ќе помогне да се спречат понатамошни изгореници, а исто така ќе ја хидрира вашата кожа и ќе ви помогне да ја ублажите непријатноста.
Отстранете ја мртвата кожа
Откако изгореницата ќе заздрави, следното нешто што треба да направите е да ги отстраните мртвите клетки на кожата. Алфа хидроксилната киселина ќе помогне во ова. Таа ќе го стимулира растот на нова здрава кожа и ќе ја отстрани мртвата кожа.
Крем со ретинол
Сонцето го уништува колагенот што ја прави кожата еластична, додека ретинолот (дериват на витамин А) го стимулира производството на колаген. Откако изгореницата ќе заздрави, нанесувањето крем со ретинол треба да го обнови колагенот.
Забава
(Видео) Новата снимка од Ана Ивановиќ насмеа многумина: „Убавина, шарм, карактер…“

По разводот од фудбалерот Бастијан Швајнштајгер, српската тенисерка Ана Ивановиќ се посвети на семејниот живот, но и на социјалните мрежи.
Се чини дека сега е поактивна на Инстаграм од кога било, каде што објавува фотографии од својот приватен живот.
Неодамна имавме можност да ја видиме во пријатно женско друштво, што ѝ помага да ги преброди тешките моменти, а сега објави видео на кое на хумористичен начин покажува како се подготвува за излегување.
За снимањето на видеото, убавата Ана носеше црн макси фустан кој беше малку проѕирен, а својот стајлинг го комплетираше со златни обетки и кафеава чантичка.
Коментарите од следбениците постојано пристигнуваа, а многумина ѝ велеа дека е забавна и убава.
„Убавина, шарм, карактер. Совршена“, „Прекрасна Ана“, „Ана, те сакаме“, се само неколку…