Забава
Цигарите убиваат, но не им го кажувајте тоа на пушачите
Поради предупредувањето на кутиите за цигари што им укажуваат на пушачите какви кобни последици има нивната навика, тие може да пушат уште повеќе бидејќи покрај цигарите полесно го поднесуваат стравот од смртта, објавија истражувачите.
Поради предупредувањето на кутиите за цигари што им укажуваат на пушачите какви кобни последици има нивната навика, тие може да пушат уште повеќе бидејќи покрај цигарите полесно го поднесуваат стравот од смртта, објавија истражувачите. Истражувањето направено од психолозите од САД, Швајцарија и Германија, покажа дека предупредувањата што не говорат за смртта, како што е на пример: “поради пушењето не сте привлечни“, или “пушењето им штети и на луѓето околу вас“, значително поделотворно го менуваат мислењето на пушачите за таа навика. Тоа посебно важи за луѓето кои пушат за да ја поправат самодовербата, како и младите кои почнуваат да пушат за да ги импресионираат своите врсници или за да се вклопат, како и за оние кои мислат дека пушењето им ја засилува друштвената состојба, велат истражувачите. “Кога пушачите на кутијата ќе видат порака за смртта, тие активно се обидуваат да се справат со тоа, што се манифестира како продолжување на таа штетна навика“; додаваат истражувачите. “Со цел антипушачките навики да делуваат, треба да се земе во предвид дека размислувањето за смртта ги тера луѓето да пушат“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Принцезата Шарлот денеска полни девет години, обожавателите со нетрпение очекуваат фотографија
Принцот и принцезата од Велс, имаат уште една причина за славење оваа недела – роденденот на принцезата Шарлот.
Принцезата Шарлот денеска наполни девет години и обожавателите со нетрпение ја очекуваа годишната роденденска фотографија што семејството ќе ја објави на нивниот посебен ден, објави Мирор.
Сепак, тие ја прекинаа традицијата минатата недела кога принцот Луис наполни шест години, а се чини дека планираат да го сторат истото и овој пат.
Забава
Принцот Вилијам ја воодушеви и шокираше сопругата Кејт со подароци: Најчуден е оној од почетокот на нивната врска
Повеќето сопрузи им подарувале на своите сопруги подароци за годишнината што би сакале да ги заборават, а принцот Вилијам не е исклучок.
Тој со текот на годините ја воодушевуваше и шокираше принцезата Кејт со подароци што таа или ги мразеше или сакаше, објави Мирор, истакнувајќи дека парот веќе ја прослави 13-годишнината од бракот.
Самиот Вилијам призна дека некои од неговите подароци биле погодени или промашени.
Принцот Вилијам (41) и купи на Кејт нежен часовник од 4.850 фунти Balloon Blu d Cartier за нивната трета годишнина од брак во 2014 година.
За време на кралската турнеја низ Канада во 2016 година, принцезата од Велс беше видена како носи часовник со ситни сафири, што одговараше на нејзиниот веренички прстен, исто така уште еден скап подарок.
Сепак, принцот Вилијам неодамна призна дека еднаш на својата сопруга и подарил двоглед на почетокот на нивната врска бидејќи во тоа време се чинело соодветно.
Принцот Вилијам и купил на својата сопруга комплет за накит вреден 121.000 фунти за нејзиниот роденден.
Се верува дека тоа било подарок за нејзиниот 30-ти роденден во 2012 година, иако тоа не е потврдено, а во 2022 година, Кејт носеше пар обетки од 100 фунти, кои беа божиќен подарок од принцот Вилијам од брендот Сезан.
Наука
Здравиот начин на живот го неутрализира влијанието на генетиката за повеќе од 60 проценти, покажува истражување
Здравиот начин на живот може да го компензира влијанието на генетиката за повеќе од 60 проценти и да додаде уште пет години на животот, според првата студија спроведена на оваа тема.
Добро е познато дека некои луѓе се генетски предиспонирани за пократок животен век, објави Гардијан.
Исто така, добро е познато дека факторите на животниот стил, особено пушењето, консумирањето алкохол, исхраната и физичката активност, можат да влијаат на долговечноста.
Сепак, досега не е направено истражување за степенот до кој здравиот начин на живот може да се спротивстави на генетиката.
Наодите од неколку долгорочни студии сугерираат дека здравиот начин на живот може да ги ублажи ефектите од гените што го скратуваат животот за 62 проценти и да додаде дури пет години на животот.
Резултатите беа објавени во списанието BMJ Evidence-Based Medicine.
Оваа студија ја појаснува клучната улога на здравиот начин на живот во ублажувањето на влијанието на генетските фактори врз скратувањето на животниот век, заклучија истражувачите.
Студијата опфатила 353.742 луѓе од Обединетото Кралство Биобанка и открила дека оние со висок генетски ризик за пократок живот имаат 21 отсто зголемен ризик од рана смрт во споредба со оние со низок генетски ризик, без оглед на нивниот животен стил.