Забава
Саша Барон Коен доби тужба за клевета од 77 милиони евра

Саша Барон Коен попознат по филмот Бруно е тужен за клевета од страна на Ајман Абу Аита, палестински продавач и активист за мир од Витлеем
Актерот и комичар попознат по филмот „Бруно“ е тужен од страна на палестинскиот продавач и мировен активист Ајман Абу Аита, за лошото портретирање во филмот „Бруно“ кое тој тврди дека му го уништило животот.Во филмот ликот на Коен, Бруно патува во бегалски камп за да се запознае со лидерот на Ел- Хивех бригадите, а Аита во филмот го глуми лидерот на терористите, групата „Ал Акса маченичката бригада“.Аита кој е татко на четири деца, тврди во тужбата дека по прикажувањето на филмот примил смртни закани, а и дека бил измамен да се појави во филмот, бидејќи мислел дека Коен е германски продуцент кој ќе продуцира филм за Палестинската кауза. Тужбата од 77 милиони евра е половина од вкупната заработувачка на филмот на бокс офисот.Сцената во која се појавува Аита всушност била снимена во познат хотел на западниот брег, во област која е под израелска контрола. Во тужбата Аита, исто така бара да се забрани понатамошна дистрибуција на „Бруно“, а претставниците од Јуниверзал студиото кое стои зад филмот како и од Коен засега немаат коментар.„Бруно“ е приказна за репортер хомосексуалец од Австрија кој има единствена цел да стане „најголемата австриска супер ѕвезда по Адолф Хитлер“./крај/дм/сл
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Видео) „Неверојатно е дека има 44 години“ – Златан Ибрахимовиќ со видео од сауна ги воодушеви обожавателите

Поранешниот фудбалер Златан Ибрахимовиќ повторно привлече внимание со видео објавено на социјалните мрежи. Тој се сними во сауна сместена во природа, носејќи само долна облека и гледајќи кон пејзажот, а снимката за помалку од едно деноноќие собра над 140 илјади лајкови.
Во коментарите се редеа пофалби: „Златан е жив оган“, „Изгледаш како да имаш 23 години“, „Викинг“, „Неверојатно дека има 44“. Дел од фановите забележаа и дека ја скратил косата.
View this post on Instagram
Ибрахимовиќ неодамна го прослави 44. роденден и, според традицијата, си подари нов автомобил – Ferrari F80, со што ја продолжи својата „роденденска колекција“ од луксузни модели на Ferrari.
View this post on Instagram
Забава
Водител на „Фокс њуз“ со несоодветни коментари за изгледот на Џенифер Анистон

Во емисијата The Five на американската телевизија „Фокс њуз“ се разви необична и непријатна расправа меѓу водителите, откако Џеси Вотерс почна да ја коментира физичката привлечност на актерката Џенифер Анистон, пренесе HuffPost.
Сѐ започна кога неговиот колега, комичарот Грег Гатфелд, го пофали изгледот на политичарката Кејти Портер, нарекувајќи ја „хероина“ затоа што не подлегнува на современи стандарди за убавина и „не се менува за камерите“. Тој додаде шеговито дека „пред YouTube туторијалите сите изгледале како Кејти Портер“ и дека дури „луѓето не станале привлечни сѐ до интернетот“.
На тоа Вотерс се надоврза со коментар дека „Џенифер Анистон денес изгледа подобро, иако е дваесет години постара“. Разговорот потоа се претвори во расправа за тоа кога актерката била попривлечна — за време на снимањето на „Пријатели“ или денес.
Откако Вотерс се премисли и рече дека „всушност била поубава во ‘Пријатели’, но сега е погламурозна“, неговиот колега Херолд Форд Џуниор остро ја прекина дискусијата со зборовите: „Зошто не преминеме на следниот сегмент?“ Водителката Кејти Павлич додаде дека „елеганцијата на Анистон денес е резултат на богатството“, велејќи дека „парите купуваат многу трансформации“.
Анистон, која често јавно ги критикува политиките на Доналд Трамп и Републиканската партија, досега не реагираше на оваа расправа.
Забава
Блејк Лавли заработувала по 50.000 евра дневно за снимањето на филмот „Ова завршува со нас“

Откриена е платата на актерката Блејк Лајвли за нејзината улога во „Ова завршува со нас“ како дел од правната битка што ја води со својот колега Џастин Балдони. Правните документи покажуваат дека 38-годишната актерка заработила речиси 1,5 милион евра за шестнеделното снимање на романтичната драма или нешто повеќе од 50.000 евра дневно, според „Дејли мејл“.
Дополнителни бонуси и успех на киноблагајните
Покрај основната плата, договорот вклучувал и бонус од 171.000 евра ако Лајвли освои „Оскар“ за улогата на цвеќарката Лили Блум и 85.000 евра за номинација. Блејк и нејзината компанија требало да добијат и дополнителни 214.000 евра ако филмот, кој се појави во кината во август минатата година, заработи повеќе од трипати повеќе од својот буџет.
Филмот, кој ја следи турбулентната врска помеѓу Лили Блум (Лајвли) и Рајли Кинкејд (Балдони), има значаен комерцијален успех. Со буџет од 20,7 милиони евра филмот заработи 300 милиони евра во целиот свет и покрај мешаните критики.
Правната битка се интензивира
Овие финансиски детали се појавија само неколку дена откако поранешниот агент на Џастин Балдони ја обвини Блејк за изнуда за време на продукцијата. Според транскриптот од сведочењето добиен од „Дејли мејл“, агентот Дени Гринберг тврдел дека однесувањето на актерката на снимањето и во постпродукцијата станувало сè понепредвидливо. Во разговор со Балдони во јули 2024 година тој ги опишал нејзините постапки како „континуирана изнуда и обид за преземање контрола врз филмот“.
Гринберг подоцна појасни дека под изнуда не се осврнувал на буквално кривично дело, туку на кумулативното однесување и зголемениот притисок врз продукциските компании „Вејфарер“ и „Сони студиос“. „Дејли мејл“ контактирал со претставниците на актерката за коментар, но сè уште нема одговор, а претставниците на Балдони одбиле да коментираат.
Тужби за меѓусебно вознемирување и клевета
Правната битка почна во декември 2024 година кога Лајвли го тужеше Балдони за наводно сексуално вознемирување на снимање, што тој жестоко го негира.
Балдони и неговото студио „Вејфарер“ одговорија со контратужба за клевета против Лајвли, нејзината публицистка Лесли Слоун и сопругот Рајан Рејнолдс. Балдони исто така поднесе тужба од 400 милиони долари против „Њујорк тајмс“ за она што тој го тврди дека било сензационалистичко известување за обвинувањата, но таа тужба беше отфрлена во јуни оваа година.