Македонија
Професорскиот пленум побара од Иванов да не го потпише указот
Професорскиот пленум во среда испрати писмо до претседателот на државата, Ѓорге Иванов, во кое уште еднаш побара од него да не го потпише указот за прогласување на Законот за измени и дополнувања на Законот за високо образование, заедно со останатите четири закони од областа на образованието, и да го врати на пратениците на повторно разгледување.
„Знаеме дека и покрај евентуалното вето, Собранието со апсолутно мнозинство гласови од вкупниот број пратеници може да ве „принуди“ да го ставите потписот покрај оној на претседателот на Собранието. Но, сакаме да веруваме дека Вие ќе настапите самостојно, независно, како некој кој е избран на директни избори, како некој чиј легитимитет извира од нас, граѓаните, а не од парламентарното мнозинство“, се вели во писмото до Иванов. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Кривична пријава за директорот на Општата болница – Охрид
СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.Ш.(39) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.
Тој, во својство на вршител на должноста директор на ЈЗУ – Општа болница во Охрид, со пропуштање на должен надзор и без постоење на правен основ, на четири административни работници во болницата, кои немале решенија за раководна позиција, им определил коефициент на раководење и одговорност, со што на штета на болницата им овозможил право на повисока плата во вкупна вредност од 257.920 денари.
Ова било констатирано и при вонреден инспекциски надзор, извршен од страна на Државниот инспекторат за труд.
Македонија
ДУИ: Ахмети нема да дозволи поради нечија туѓа цел, да им се одземат стекнатите демократски права на Албанците
Демократската унија за интеграција (ДУИ), под раководство на Али Ахмети, денеска објави отпочнување со сеопфатна стратегија насочена кон поттикнување на исклучителен институционален и личен интегритет, додека решително се справува со корупцијата и спроведува сеопфатни процеси на ветинг. Оваа иницијатива ја нагласува непоколебливата посветеност на ДУИ за негување на вистинска мултиетничка демократија каде што еднаквите права и можности не се обични идеали, туку реалност за сите граѓани, особено за младите.
„Со децении, ДУИ го води процесот на застапувањето за вистинското место на албанската заедница во соодветна демократска рамка. И покрај значителниот напредок, неодамнешните предизвици се закана со цел да ги поткопаат досегашните достигнувања, со обиди да се делегитимира гласот на застапникот на албанското мнозинство и да се еродираат веќе воспоставените права. Се креира преседан и некој се обидува да ги фаворизира оние кои немаат легитимитет кај мнозинството Албанци. Како резултат на тоа, земјата се соочува со регресија и значајни предизвици, вклучително и напади врз идентитетот, јазикот и воспоставените права на Албанците, што претставува закана која може да го поткопа чувството на солидарност што албанскиот народ го изгради низ годините. Водачот на ДУИ Али Ахмети нема да дозволи поради нечија туѓа цел, да им се одземат стекнатите демократски права на Албанците, кои се темел на единството и стабилноста на земјата повеќе од две децении, ниту тоа да стане сериозна пречка за процесот на интеграција во ЕУ“, велат од ДУИ.
Според нив, нападите и обидите за репресија и дискредитација на ДУИ се силни затоа што ДУИ како единствен автентичен лидер во албанскиот блок и легитимен глас на Албанците, никогаш нема да се откаже од идејата за подобро утре со еднакви права на Албанците.
„Ова само ја зајакнува волјата за борба за еднаквост и правда, истовремено обезбедувајќи демократски, социјален и економски напредок за сите, со стратегија каде во првите редови на реформите ќе бидат луѓе со силен личен интегритет што ќе водат антикорупциска агенда и процесот на ветинг. ДУИ како партија води со личен пример, првично спроведувајќи ја стратегијата на партиско ниво, а потоа продолжувајќи на национално ниво. Како дел од оваа стратегија, ДУИ воведува неколку клучни мерки за справување со корупцијата, решително отпочнување на процесот на ветинг и зајакнување на интегритетот. Сеопфатната стратегија на ДУИ ја нагласува цврстата посветеност на заштита на демократските вредности и подобрување на квалитетот на управувањето. Со справување со корупцијата и негување интегритет во политичките процеси, ДУИ има за цел да создаде општество каде сите граѓани ќе можат да се стремат кон посветла и поправедна иднина“, завршуваат од ДУИ.
Македонија
„Сетек“ – општествено одговорна компанија: подарок прочистувачи за воздух Rowenta на здружението за ментално здравје ЦЕДУЗ – Скопје
Во рамки на своите активности за поддршка на локалната заедница и подобрување на квалитетот на живот, Сетек објавува дека реализираше донација на прочистувачи за воздух од брендот Rowenta на здружението за ментално здравје ЦЕДУЗ – Скопје.
Оваа донација има за цел да придонесе за создавање здрава и чиста средина во просториите на здружението, што е од клучно значење за благосостојбата на корисниците и персоналот. Прочистувачите за воздух ќе помогнат во подобрување на квалитетот на воздухот, намалување на алергените и создавање пријатна атмосфера која позитивно влијае врз менталното здравје.
„ Како општествено одговорна компанија и соработка со нашта партнерска мрежа, наша цел е да поддржиме иницијативи кои имаат позитивно влијание врз заедницата. Се надеваме дека оваа донација ќе придонесе за подобрување на условите во ЦЕДУЗ “ изјавија од Сетек.
Сетек ќе продолжи да ја промовира својата стратегија за општествена одговорност преку поддршка на проекти и иницијативи кои имаат значење за заедницата.
ПР текст