Забава
Гранитен столб од времето на Клеопатра пронајден во Александрија

Гранитен столб кој му припаѓал на храмот подигнат во чест на божицата Изида, во четврток беше извлечен од подводната палата на Клеопатра од пристаништето крај Александрија. соопштија светските медиуми.
Гранитен столб кој му припаѓал на храмот подигнат во чест на божицата Изида, во четврток беше извлечен од подводната палата на Клеопатра од пристаништето крај Александрија. соопштија светските медиуми.
„Тоа е едно од најважните археолошки откритија во Александрија и спаѓа во 400 – те примероци што од морето ги извлекоа грчките археолози, кои прават подводни истражувања уште од 1998 година“ рече египетскиот министер за култура Фарук Хосни.
Црвениот гранитен блок, тежок девет тони и долг околу 2,25 метри е дел од храмот посветен на Изида, божица на плодноста и магичната моќ.
Столбот се наоѓал на влезот од храмот, а архитектите имале намера да го постават во средиштето на подводниот музеј во Александрија, чија изградба треба да почне во 2010 година на подрачјето каде во минатото се наоѓале светилникот во Фарос и палатата на кралицата Клеопатра. Двете згради исчезнале во низата катастрофални земјотреси.
На почетокот од 2010 на ова подводно наоѓалиште треба да започне изградбата на подводен музеј, според проект на француски архитект. Музејот ќе се протега на 22.000 квадратни метри./крај/хи/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Hitech
Сточар на Солунска глава најде телефон изгубен пред четири години, а планинари го најдоа сопственикот

Tелефон изгубен пред повеќе од четири години во реонот на Солунска Глава, бил најден пред еден месец од сточарот Јетмир од селото Горно Јаболчиште, раскажува на социјалните мрежи Игор Смилев, еко-активист од организацијата „Грин Пауер“ и советник во Општина Велес.
Смилев вели дека Јетмир, како чесен човек, го пријавил телефонот како изгубен, а неверојатно – по 4 години во планина, уредот успеал да се наполни и да работи делумно. Телефонот содржи сочувани СМС пораки и успеал да испрати неколку слики до планинари.
После еден месец објави на неколку Фејсбук групи, сопственикот на телефонот бил пронајден – Гоце Глигуровски од Битола, поранешен домар во сега веќе непостоечкиот Планинарски дом „Папрадиште“. Телефонот Гоце го добивал на користење од Емил Смилев.
„Фрапантно е што ‘Хуавеј’ телефонот преживеа 4 години во планина и сè уште е функционален“, додава Смилев.
Забава
(Фото) Изгледа нереално во новата модна кампања

Францускиот бренд за долна облека „Етам“ ја претстави својата есенска кампања за 2025 година, а заштитно лице е познатата манекенка Ирина Шајк.
Кампањата, со соодветен наслов J’ETAM, го комбинира името на брендот со францускиот збор за љубов и го поставува прашањето: „Која емоција е карактеристична за Французите?“, а одговорот е љубов.
View this post on Instagram
Кампањата служи како увертира на претстојната модна ревија на брендот, закажана за 30 септември, и ја слави љубовта во сите нејзини форми – од платонска и романтична до семејна и љубов кон себе.
Фотографиите од Бриен Капоци отстапуваат од традиционалните кампањи во будоар-стил. Тие се снимени во мека, природна светлина, со минимален сценографски дизајн, што им дава интимен изглед.
View this post on Instagram
„Совршена“, „Икона“, „Божица“, „Толку убава“, „Најубава Ирина“, „Величествена“, се некои од многуте коментари на „Инстаграм“ на брендот.
Колекцијата нуди облека за секоја жена и за секоја пригода, вклучувајќи удобни памучни парчиња и заводливи комплети од тантела.
View this post on Instagram
Палетата на бои се движи од розова, бела, кафеава и црна до впечатливи тонови, како што се електрично сина и светлоцрвена.
фото: принтскрин
Забава
(Фото) Најскромниот милионер секогаш го привлекува вниманието на шоуто

Актерот Адам Сандлер се појави на црвениот тепих на Венецискиот филмски фестивал со сопругата Џеки и нивните ќерки Сејди и Сани.
Семејството веднаш привлече внимание поради нивните координирани модни изданија, но и затоа што сите тие се сметаат за обични луѓе, кои не сакаат премногу да го разоткриваат својот приватен живот. Адам дури е наречен и најскромниот милионер поради неговиот начин на живеење.
За оваа пригода Сандлер избра црн костум, па иако претходно беше модна икона за помладите генерации поради неговиот лежерен стил, сега беше доста елегантен.
Неговата сопруга Џеки избра едноставен бел фустан без прерамки, кој нежно паѓа, а ќерките позираа во слични модели како мајка им, само што Сејди имаше црн модел.
Сè на сè, беше јасно дека Сандлерови се потрудија да бидат координирани и дека се издвојуваат од сè друго, само поради нивниот гламур и среќа.
Премиерата на филмот „Џеј Кели“ се одржа на Венецискиот филмски фестивал, во кој Сандлер глуми покрај Џорџ Клуни.
фото: принтскрин