Македонија
Груевски: Над 180 лица ќе се вработат во Итната медицинска помош
Нов оглас за вработување на персонал за Итната медицинска помош ќе биде отворен до крајот на овој месец, најави во среда премиерот Никола Груевски.
„Донесовме одлука за целосно покривање на испразнетите места во итната помош во сите градови низ Македонија и очекувам огласот да биде објавен во наредните две до три недели и да се пополнат сите места“, рече Груевски по засадувањето дрвце кај салата „Јане Сандански“ во Скопје, во рамки на акцијата „Ден на дрвото“.
Тој додаде дека се планира вработување на 181 лице, 76 лекари, 25 медицински сестри и 80 возачи. /крај/к/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Собранието ја отфрли интерпелацијата за Меџити
Со три гласа „за“, 64 против и без воздржани, Собранието ја отфрли интерпелацијата за првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити.
Интерпелацијата беше поднесена од Европскиот фронт поради, како што беше посочено, неговата неспособност да управува со ситуации кои придонеле за влошување на меѓуетничките односи.
Меџити, пак, рече интерпелацијата не поврзана со албанскиот јазик или балансерот, туку со желбата на ДУИ да се врати на власт, и и’ порача дека треба да се реформира.
Интерпелации се поднесени и за вицепремиерот Иван Стоилковиќ, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и неговиот заменик, Астрит Исени.
Македонија
Даути не е разрешена, интерпелацијата нема правно обврзувачки последици, велат од Кабинетот на Гаши
Кабинетот на претседателот на Собранието преку соопштение нагласува дека гласањето за интерпелацијата нема правно обврзувачки последици за разрешување и нема правно дејство. Ова се случува откако попладнево со 61 глас „за“ беше прифатена интерпелацијата за работата на претседателката на Комисијата за социјална политика, демографија и млади Илире Даути oд ДУИ.
„Собранието на Република Северна Македонија денеска одржа пленарна седница на која се разгледуваше интерпелацијата за работата на пратеничката Илире Даути, претседател на Комисијата за социјална политика, демографија и млади. Седницата се одржа во потполна согласност со Уставот на Република Северна Македонија, Деловникот на Собранието и постоечките закони. Изјавите на одредени медиуми кои велат дека резултатот од гласањето за интерпелација наложува разрешување на г-ѓа Даути се неточни. Нагласуваме дека гласањето за интерпелацијата е израз на пратениците и нема правно обврзувачки последици за разрешување и нема правно дејство. Именувањата и разрешувањата се уредуваат со други посебни процедури утврдени во Деловникот на Собранието, законите и Уставот“, се вели во соопштението.
Со 61 глас од ВМРО-ДПМНЕ, Левица и ЗНАМ, Собранието ја изгласа интерпелацијата за Илире Даути од ДУИ. Taa не го почитувала Собранискиот деловник со тоа што не го ставила Законот за правата на бранителите на комисиска расправа и ги лишила пратениците од дебата за него.
И пратеникот на коалицијата ВЛЕН, Халил Снопче на пленарната седница во Собранието изјави дека Илире Даути не е разрешена, па и понатаму останува претседател на Комисијата за социјални работи и демографија и млади.
„Госпоѓата Илире Даути не е разрешена од функцијата претседател на Комисијата. Значи, мораме да го расчистиме ова прашање бидејќи имаше дезинформации во медиумите на албански јазик, бидејќи Илире Даути ќе продолжи да ја врши истата позиција. Затоа, она што беше протечено во медиумите е невистинито. Исто така, коалицијата ВЛЕН гласаше против разрешувањето на Даути“, рече пратеникот Халил Снопче.
Македонија
Пренџов: ДУИ немаат јасна визија и став, предлагаат бесмислена интерпелација за Меџити која нема да ја поддржиме
На денешната собраниска седница за интерпелации зеде збор пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Љупчо Пренџов кој во однос на интерпелацијата за Изет Меџити, предложена од ДУИ, истакна дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата нема да ја поддржи затоа што предлагачите немаат јасна визија, конкретни причини односно немаат јасен став и дека станува збор за бесмислени дискусии со намера ДУИ да направи дефокус којшто не оди во прилог на никого.
„Почитувани колеги од ДУИ ве гледам, тешко зборувате дел од вас нешто пелтечат, немате јасна визија, јасен став, немате јасни причини. Сметам дека дефокусот од она кое се случува во општеството во слика на некој лажен патриотизам, не оди во прилог на никого. Сметам дека обидот за било какво влошување на меѓуетничките односи не е добро и тоа нема да ви го врати изгубениот рејтинг. Тоа нема да ви ја врати изгубената доверба кај гласачите, туку тоа носи последици“, вели Пренџов.
Пратеникот Пренџов наведе дека ДУИ треба да го подржат транспарентното работење на Владата и мерките кои се во интерес на сите граѓани во Република Македонија, затоа што тие се суштински за подобро функционирање на државата.
„Она коешто треба да го подржите, се мерки на Владата коишто се од интерес на сите. Еден збор не кажавте дека покачувањето на 5000 денари на пензионерите е за сите, еден збор не кажавте дека новиот автопат од Тетово до Гостивар ќе го возиме сите, ќе го возиме сите конечно автопатот од Кичево до Охрид. И таа ваша малодушност којашто гласачите ја гледаат, во октомври на локални избори ќе ви ја соопштат многу по јасно, бидејќи, очигледно, не го разбирате пулсот на обичниот човек“, рече Пренџов.
Исто така, пратеникот додаде дека пратеничката група нема да ги поддржи интерпелациите и дека време е ДУИ да се реформираат како нормална партија во опозицијата и да се приклучат на промените.
„На Република Македонија и треба стабилност и треба подобар стандард, просперитет, подобро здравство и подобро образование. Приклучете се на промените како опозиција, реформирајте се како нормална партија во опозиција. Овие интерпелации не ги поддржуваме, пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата нема да ги поддржи. Поддржуваме политики за развој на сите, за просперитет на сите и за едно подобро утре на цела Република Македонија”, кажа тој.