Забава
Елементал и Мунспел на Boom Таксират Фестивал
Boom Taksirat Festival оваа година ќе ги претстави најдобриот хрватски хип-хоп состав „Elemental“ и најпродаваниот бенд во историјата на португалската музика, металците „Moonspell“
Овие два бенда ќе настапат на главната вечер на Boom Taksirat Festival што ќе се одржи на 5.12.2009 година. „Elemental“ во основа е хип-хоп бенд кој не следи строги стилски одредници, туку патува во различните музички жанрови и ги позајмува најпрепознатливите елементи и на тој начин го збогатува сопствениот музички стил. Elemental е основан 1998 година и до сега има издадено четири студиски албуми.Бендот важи за состав кој става голем акцент на живите свирки, има динамични настапи и извонредна комуникација со публиката. Бендот никогаш не робувал на музичките трендови. Својата музика не ја сметаат за производ, туку за свој уметнички израз, па се трудат во песните да внесат иновативност, креативност, оргиналност и секако свој стил . Не се оптоваруваат со бројот на албуми или синглови што ќе ги продадат.Групата во 2005 година беше номинирана за три награди „Порин“. Реми вокалистакта на Елементал , пак, доби „Златна кугла“ за најдобар вокал. Освен овие, бендот освои голем број признанија во кариерата и одржа повеќе од 100 концерти во Хрватска, но и во Босна и Херцеговина, Словенија и Македонија. Во февруари 2008 година излезе последниот албум на составот, Под притиском. На него „Elemental“ се претставува во пожесток и поостар звук, а во стиховите истражува експлицитни и општествено релевантни теми. Додека пак за сите љубители на готик музиката ќе имаат шанса да уживаат во настапот на Moоnspell. Тие се португалски блек метал-готик бенд формиран во 1989 година под името Morbid God . По преименувањето во Moonspell во 1992 година, бендот го издава својот прв сингл „Under the Moonspell“ што е најава за нивниот прв албум „Wolfheart“ со што ја освојуваат сцената и стануваат еден од најпрепознатливите рок-бендови од Португалија. Moonspell најголемата слава ја постигна со нивниот албум „Sin/Pecado“ и стана единствен метал-бенд кој покрај „Metallica“ и „Iron Maiden“ бил на прво место на португалските топ-листи. После издавањето на албумот „Memorial“ , во 2006 година „Moonspell“ станува прв португалски бенд со златен тираж.„Moоnspell“ ја освои метал публиката во Европа и Америка, а во Германија албумот „Memorial“ беше на врвот на топ-листите со месеци.„Moоnspell“ се добитници на бројни награди, а златните тиражи на нивните албуми зборуваат за популарноста на овој бенд. Во 2006 година победуваат на MTV Europe Music Award во категоријата Best Portuguese Act. Сценскиот настап, костимографијата и секако музиката што ја создава овој необичен состав ќе биде мотив повеќе да го посетите овогодинешното издание на Boom Taksirat Festival .
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Ќерката на Ким Кардашијан повторно шокира: „И ова е 12-годишно дете?“
Модните избори на 12-годишната Норт Вест долго време се предмет на вниманието на јавноста. Не е тајна дека Ким Кардашијан, како нејзина мајка, трпи критики од општеството, но таа не се грижи за коментарите и често ги оправдува постапките на својата ќерка со една реченица – „тоа е нејзиниот креативен начин на изразување и не сака да ја спречува“.
Се чини дека младата Норт повторно го привлече вниманието на јавноста, а овој пат со објава на „Тикток“. Имено, таа претстави нов имиџ и е потценување да се каже дека ги шокираше сите.
@kimandnorth
Таа носеше целосно црна комбинација што ја комбинираше со скапи ѓердани. Сепак, најголемо внимание привлекоа нејзините избелени веѓи, како и вештачките трепки што го заокружуваа изгледот на 12-годишното девојче.
Набргу потоа следеше лавина од коментари.
„А ова е 12-годишно дете!“, рече еден корисник на „Тикток“, додека друг напиша: „Нема шанси 12-годишно дете да има пирсинг на прстот, избелени веѓи и такви нокти!“
@kimandnorth 💧💧
„Ким треба да научи да биде мајка, а не најдобра пријателка на своите деца“, искоментира трет корисник на социјалната мрежа.
Забава
(Видео) Дакота Џонсон ги воодушеви сите во фустан од чипка
Пејачката Лили Ален пееше на сцената на „Saturday Night Live“ по 18 години, а Дакота Џонсон стави свој печат на сè. Убавата актерка се појави за време на изведбата на песната „Madeline“ и ги воодушеви сите со својот изглед.
Познато е колку Дакота ги сака голите фустани, а ниту сега не отстапи од своето „правило“.
За сцената, таа избра навидум едноставен црн, проѕирен фустан, врз кој додаде светкава наметка украсена со циркони и цветни апликации.
Dakota Johnson made a surprise appearance on the most recent episode of Saturday Night Live as the mistress in Lily Allen‘s song “Madeline.” https://t.co/wCOy6INVVf
— The Hollywood Reporter (@THR) December 15, 2025
Сензуален и драматичен, така може да се опише најновиот во низата провокативни стајлинзи на Дакота Џонсон, поради кои речиси ја остави Лили и нејзиниот настап во сенка.
Спектакуларниот накит беше таму за да заокружи сè, а Дакота повторно не отстапи од својот препознатлив стил што го негува со години.
Забава
(Видео) Најстариот син на Доналд Трамп се вери
Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави дека неговиот најстар син, Доналд Трамп Џуниор, се вери со Бетина Андерсон, членка на високото општество во Палм Бич.
Трамп ја објави веста на празнична забава во Белата куќа. Портпаролот на двојката подоцна ја потврди среќната вест, а наскоро се појави и видео од самиот претседател Доналд Трамп како ја објавува веста.
BREAKING NEWS:
President Trump just announced at the White House that his son @DonaldJTrumpJr and his girlfriend Bettina Anderson are getting married! They just got engaged.
Congratulations to them both. pic.twitter.com/psb38nTGla
— Laura Loomer (@LauraLoomer) December 16, 2025
„Тие се сложуваат многу добро и објавија дека ќе се венчаат“, рече претседателот пред да ја покани двојката на сцената.
Дон помладиот потоа ѝ се заблагодари на својата нова свршеница што го прифати неговиот предлог.
Ова е трет пат Доналд Трамп Џуниор да се вери. Претходно 12 години беше во брак со Ванеса, поранешна манекенка и актерка, со која имаат пет деца заедно. Ванеса поднесе барање за развод во 2018 година.
Подоцна се сврши со Кимберли Гилфојл, американска телевизиска водителка.
Романсата, пак, со Бетина започна минатата година, приближно во исто време кога Дон Џуниор ја раскина свршувачката со поранешната водителка на „Фокс њуз“.
фото/депозитфотос

