Скопје
Избирачкиот список, ДИК и специјалниот обвинител, теми на средбата Жерновски – Суомалаинен
Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски во понеделникот оствари средба со ново-именувата амбасадорка на ОБСЕ, Нина Суомалаинен, шеф на мисијата на ОБСЕ во Скопје.
Жерновски и Суомалаинен потпишаа меморандум за соработка за спроведување на проектот “Поддршка на институции и структури за младински политики“.
Двајцата соговорници разменија мислења за актуелната политичка состојба во Македонија, особено за важноста од целосно и навремено имплементирање на договорот од Пржино. Нагласената е независната улога на специјалниот јавен обвинител.
Градоначалникот Жерновски и амбасадорката Суомалаинен се согласија дека прочистениот избирачки список е основа за враќање на довербата во институциите и во изборниот процес.
На средбата беше констатирано дека е загрижувачка состојбатата што на избирачкиот список се’ уште се наоѓаат гласачите од Пустец. Нагласена е потребата за улогата и зголемување на ингеренциите на Државната Изборна Комисија, како и за создавање услови за функционирање на професионални медиуми, особено улогата на националниот јавен сервис. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар и Сарај в понеделник без вода
Од ЈП Водовод и Канализација, известуваат дека зафатот кој беше најавен за денеска поради одредени технички пречки се одложува за понеделник.
Поради изведување на водоводен приклучок ф-100мм на ул. Христо Смирненски 13, од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од истата улица, поточно потегот од Зур – Маркет до бул. Партизански Одреди, во општина Центар.
Исто така во понеделник ќе се изврши редовно чистење на резервоарот за питка вода во село Рашче. За време на активностите во периодот од 09:00 – 13:00 часот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населените места: Рашче Копаница и Бојане, општина Сарај.
Македонија
Без струја денеска дел од Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД информираат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 14.00 часот, дел од корисниците од улиците Китка, Солунска Глава, Сердарот покрај каналот и Јустинијан Први, општина Кисела Вода.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради дефект во шахта од ф – ¾ на улицата Ацо Караманов бр. 10, без вода ќе останат дел од корисниците од улицата Ацо Караманов, како и објектот на Американската Резиденција, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 до 00.00 часот.

