Контакт

Надворешна политика

Македонскиот претседател Иванов се сретна со колегите од Хрватска и Словенија

Објавено пред

Македонскиот претседател Ѓорге Иванов, во вторникот попладнето се сретна со колегите по должност од Словенија, Борут Пахор, и Хрватска, Колинда Грабар Китаровиќ кои на негова покана престојуваат во дводневна работна посета на Република Македонија, при што детално ги информираше за состојбата со мигрантската криза на македонско-грчката граница и особено за неговата денешна одлука да ги сопре процесите против сите политички фактори како дел од неговите напори за скоро надминување на политичкат криза во земјата.

dobivaj vesti na viber

На средбата тројцата претседатели разменија мислења за актуелните случувања во регионот и во Европа, за мигрантската криза, како и за македонските европски и евроатлански интеграции и предизвиците со кои се соочува земјата на внатрешен план. Претседателот Иванов ги информираше за состојбата на македонско- грчката граница и за инцидентот од 10-ти април, и истакна дека македонските безбедносни сили постапија брзо, професионално и соодветно на ситуацијата и дека Република Македонија и во иднина ќе ги почитува заклучоците на Европскиот совет за целосно затворање на Балканскиот коридор. Претседателите Пахор и Китаровиќ го осудија инцидентот и се согласија дека мора да се спречат и да престанат обидите за илегална и насилна миграција. За таа цел, претседателот Иванов апелираше ЕУ да и помогне на Грција со цел да се затвори импровизираниот камп кај Идомени. Македонскиот претседател се заблагодари за поддршката од Република Словенија и Република Хрватска и истакна дека Република Македонија и натаму има потреба од логистичка и техничка помош за справување со кризата. На средбата беа разменети мислења и околу зголемените безбедносни ризици од мигрантската криза, при што тројцата претседатели се согласуваат дека е потребна засилена соработката меѓу земјите долж Балканскиот коридор на безбедносен план, и размена на информации во борбата против насилниот екстремизам и радикализмот.

На средбата беше разговарано и за политичката криза во земјава и потребата за нејзино што поскоро надминување. Претседателот Иванов ги информираше соговорниците за денешната одлука, мотивите за истата и целите кои верува дека ќе ги постигне. Посетата на претседателите на Хрватска и Словенија е во согласност со еден од заклучоците од Брдо Бриони Процесот, според кој е потребна што пoбрза реализација на македонските интеграции во ЕУ и НАТО, и надминување на внатрешните предизвици, кои во голема мера се генерираат и се предизвикани од предолгата статус – кво состојба во евроинтеграциите на Република Македонија. На трилатералната средба беа поздравени одличните политички односи меѓу Македонија, Словенија и Хрватска, и беа реафирмирани заложбите за продлабочување на соработката на билатерален и мултилатерален план, и во справувањето со сите актуелни предизвици.

По трилатералната средба на тројцата шефови на државите, како што објавија нивните кабинети, Грабар-Китаровиќ и Пахор ќе се сретнат со челниците на главните македонски политички партии.

Во среда, тројцата претседатели заедно ќе го посетата транзитниот мигрантски центар „Винојуг“ крај Гевгелија, каде ќе се сретнат со полициските службеници од Хрватска и од Словенија, се наведува во службените соопштенија.

Посетата на Македонија на челниците на двете земји членки на Европската унија кои е наоѓаат на ткн балканска бегалска рута, доаѓа веднаш по инцидентот на грчко македонската граница, кога неколку илјади бегалци организирано се обидоа да ја преминат граничната ограда и да влезат на македонска територија и да продолжат кон северна Европа, при што дојде до судир со македонските безбедносни служби.

Од затворањето на ткн балканска рута веќе имаше неколку судири на полицијата и мигрантите. За ваквите проблеми Иванов и Грабар-Китаровиќ кон средината на март телефонски разговараа за инцидентот кога неколку стотици мигранти се обидоа илегално да влезат во Македонија при што тројца се удавија.

Двајцата челници тогаш се согласија дека е неопходно да се стори сé за да не се повторат таквите инциденти, а Иванов детално ја информираше хрватската претседателка за тој обид за неконтролирано минување на границата.

Македонскиот претседател тогаш се заблагодари на хрватските полицајци распоредени во Македонија, кои исто така учествуваа во акцијата за спасување на мигрантите од давење, а кои во саботата, исто така, ѝ асистираа на македонската полиција во откривањето на обид за криумчарење мигранти.

Иванов тогаш најави дека и натаму Македонија ќе постапува во согласност со одлуките на Европскиот совет и ќе ги следи постапките на другите држави од балканската рута и оти нема да дозволи илегални влегувања на мигаранти на македонска територија./крај/мф/бс

Извор: Макфакс

Македонија

Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.

Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.

Прикажи повеќе...

Македонија

Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.

„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.

Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.

Прикажи повеќе...

Македонија

Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук

Објавено пред

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.

dobivaj vesti na viber

Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.

Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ18 часа

Затаен данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, истрага против две лица

Основното јавно обвинителство Скопје отвори истрага против две лица за кои постои основано сомнение дека подолг временски период вршеле кривично...

Македонија20 часа

Алиу: Дефиниравме нови програми за специјализации – темелно го менуваме пристапот за креирање медицински кадар

На денешната прес-конференција на министерот за здравство Азир Алиу, заедно со претседателката на Лекарската комора, Калина Гривчева-Старделова, деканот на Медицинскиот...

Македонија21 час

Уапсени 11 лица за местење тендер вреден над 7,6 милиони евра во „ЕСМ дистрибуција на топлина“

Завчера во текот на ноќта помеѓу 17 и 18 декември и вчера, под раководство на јавен обвинител, полициски службеници спроведоа...

Македонија21 час

Левицата бара независна истрага за смртта на новороденчето и одговорност од директорката и од педијатарката во ГАК

Левица бара Обвинителството да отвори истрага за смртта на новороденчето на Клиниката за гинекологија и акушерство и одговорност од директорката...

Македонија21 час

(Видео) Тошковски: Интервентната полиција – шест години посветена служба во заштита на граѓаните

По повод шест години од формирањето на Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, денеска беше одбележан Денот на единицата,...

Македонија21 час

Андоновски: Македонија рангирана во А-групата за дигитален напредок според Светската банка

На конференцијата „Трансформирање на иднината: дигитална стратегија за современо општество“, посветена на промоцијата на Националната стратегија за развој на ИКТ...

Македонија22 часа

Измените на Кривичниот законик се само уште едно крпење на правниот систем, велат од ЛДП

Либерално-демократската партија (ЛДП) изразува сериозна загриженост и негодување во однос на најновите предлог-измени на Кривичниот законик кои се најдоа пред...

Македонија22 часа

Надминат прагот на штетни честички во воздухот во Скопје, надлежните активираа мерки

Министерството за животна средина и просторно планирање информира дека според податоците од Државниот автоматски мониторинг-систем за квалитет на амбиенталниот воздух...

Македонија24 часа

„’Лотаријата’ функционирала како приватна фирма на Груби, СДС молчел за криминалот од 1 милион евра поради опстанок на власт“, вели ВМРО-ДПМНЕ

„СДС за да опстане ден повеќе на власт ги толерирале злоупотребите кои се случувале во Лотарија под раководство на Бајрами,...

Македонија24 часа

Спроведени 262 контрли на безбедноста на новогодишните пакетчиња, утврдени минимални недоследности

Во пресрет на новогодишните празници, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведе 262 вонредни инспекциски надзори за контрола на безбеднста...

Свет1 ден

Макрон: Дојде време да се обнови дијалогот со Путин

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека дојде време тој и европските лидери повторно да влезат во дијалог со рускиот претседател...

Свет1 ден

(Видео) Објавена нова снимка од нападот во Сиднеј: полицаец спречил масакр од 45 метри

Австралиските медиуми го идентификуваа полицаецот кој го спречи смртоносниот антисемитски напад на плажата Бонди како детективот Сезар Бараза. Новообјавените видеа...

Свет1 ден

(Видео) Осомничениот за масовното пукање на Универзитетот „Браун“ пронајден мртов: го убил и професорот на МИТ

Маж осомничен за масовното пукање на Универзитетот Браун од минатата недела е пронајден мртов по шестдневна потрага што се протегаше...

Свет1 ден

Трамп ја прогласи марихуаната за помалку опасна дрога

Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша извршна наредба со која марихуаната на федерално ниво се класифицира како помалку опасна дрога, во...

Европа1 ден

ЕУ, конечно, постигна договор за Украина: три членки одбија да учествуваат

Лидерите на ЕУ ги откажаа плановите за невиден заем за репарации за Украина и наместо тоа ќе соберат 90 милијарди...

Свет1 ден

(Видео) Приватен авион се урна во Северна Каролина, повеќе загинати

Повеќе луѓе загинаа откако приватен авион Цесна С550 поврзан со возачот на НАСКАР, Грег Бифл, се урна во близина на...

Регион2 дена

(Видео) Хаос и туркање во албанскиот парламент: драматични сцени во Тирана

Во албанскиот парламент денес избувна хаос кога пратениците од опозицијата запалија факели и фрлаа вода за време на седницата, а...

Европа2 дена

(Видео) Украинските дронови уништија „неуништливи“ руски С-400

Украинските оператори на беспилотни летала уништија два руски ракетни системи С-400 Триумф заедно со нивната муниција во рускиот регион Белгород,...

Свет2 дена

„Драги нелегални имигранти, вратете се дома за празниците!“, порача американско министерство

Министерството за внатрешна безбедност на САД објави графика слична на божиќна честитка на X, повикувајќи на депортација на луѓе кои...

Македонија2 дена

Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта

СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската...