Контакт

Забава

Пет години Youtube

Објавено пред

Првиот видео материјал на екстремно популарната интернетска страница е објавен пред точно пет години и траел 19 секунди

dobivaj vesti na viber

Пет години подоцна Yuotube стана трета интернетска страница според посетеноста, по Google и Facebook. Инаку овој сервис за видео материјали е основан на 14-ти февруари 2005 г. но првиот материјал на страницата е поставен на 23-ти април. Станува збор за снимка на еден од соосновачите на Yuotube, Џавед Карим која е во траење од само 19 секунди, а била направена во зоолошката градина во Сан Диего. Револуцијата значи е направена со еден мал инсерт воопшто некреативно насловен со Me at the Zoо, на која е Карим пред кафезот со слонови, најобичнно видео кое го снимаат туристи. Сега, пет години по овие историски 19 секунди, јасно е дека станува збор за еден од револуционерните чекори кои влегоа во нашите животи менувајќи многу дотогашни работи во интернетот, медиумите и општеството воопшто. Yuotube сега е најголемиот интернет сервис за видео материјали, а на неговата страница секојдневно се поставуваат по речиси милион видео снимки. Во октомври 2006 г. Google го купи Yuotube за цена од 1,65 милијарди долари, од каде деновиве најавуваат дека се блиску до остварувањето на зададената задача – секоја минута да имаат по едно новопоставено видео.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

(Видео) Бијонсе за малку ќе паднеше од висечки автомобил за време на настап, концертот веднаш беше прекинат

Објавено пред

Бијонсе доживеа за малку, кобна несреќа на својот концерт во Хјустон, кога малку фалеше да падне од висечки автомобил. Настапот веднаш беше прекинат.

dobivaj vesti na viber

Додека ја изведуваше својата песна „16 Carriages“ во висечки автомобил, црвениот кабриолет одеднаш се навали на страна, а застрашувачкиот момент стана вирален на социјалните мрежи.

„Стоп“, почна да вика таа, а потоа го повтори неколку пати за да го запре концертот, со навестување на паника во гласот. Публиката замолкна на момент, а потоа почна да вика и да навива.

Кабриолетот, кој беше прикачен на кабли, полека беше спуштен на сцената, а Бијонсе, и покрај застрашувачкиот момент, успеа да се смири. Откако се нашла на безбедно, накратко ја напуштила сцената, а потоа се вратила за да го заврши својот настап.

Таа го продолжила својот настап и им се заблагодарила на своите обожаватели за нивната поддршка, а многу обожаватели ја пофалиле нејзината реакција во коментарите на социјалните мрежи.

Прикажи повеќе...

Забава

(Фото) Адријана Лима се обиде да се скрие, но залудно

Објавено пред

Адријана Лима беше фотографирана на улиците на Париз по тренинг во целосно опуштен изглед.

dobivaj vesti na viber

Една од најубавите жени во светот, Адријана Лима, моментално е во Париз, а папараците ја фотографираа веднаш по напуштањето на теретана.

Најпознатата манекенка во светот беше целосно облечена во спортска облека, па ова е вистински исклучок по неколкуте гламурозни изданија што ги направи во претходниот период.

Хеланки и маичка без ракави овој пат беа нејзин совршен избор, додека косата ја врза високо.

Цело време гледаше во телефонот и се чинеше како да нема ни трошка шминка на лицето, иако не ги симна очилата за сонце.

Адријана во минатото често беше мета на коментари во врска со нејзиниот изглед. Сите се навикнати Ангелот на Викторија да изгледа совршено, па затоа не ѝ простија ниту еден килограм плус за време на бременоста.

Откако го врати стариот изглед, беше обвинета дека користи премногу ботокс и дека повеќе не е природна, но убавата Бразилка никогаш не направи премногу врева и продолжи да ужива во животот со своето семејство.

Прикажи повеќе...

Забава

Три начини на кои тестенините ви помагаат да ослабете

Објавено пред

Кога станува збор за слабеење, јаглехидратите во тестенините генерално имаат лоша репутација.

dobivaj vesti na viber

Но, здравите јадења со тестенини се сосема друга работа. Всушност, една поврзана студија покажа дека тестенините можат да бидат дел од здравата исхрана и всушност да помогнат во губењето на тежината.

Медитеранската диета е добро избалансирана исхрана и не демонизира ниту една група на храна. Наместо тоа, се фокусира на умерено консумирање на секоја храна (како тестенини).

Тоа ја прави одличен план за исхрана за луѓе кои бараат одржливост во изборот на храна.

Значи, без разлика дали се обидувате да ослабете, да се чувствувате поздраво или само да откриете нови начини да уживате во вашите омилени тестенини, еве 3 совети за уживање во тестенините на најздрав можен начин.

Не заборавајте ги протеините

Една порција тестенини не е особено калорична (обично е околу 250 до 300 калории), но скробот може да предизвика скокови на инсулин и брзо зголемување на шеќерот во крвта.

Кога нивото на шеќер во крвта брзо се зголемува, тоа има тенденција да опаѓа исто толку брзо, што обично води до желба за повеќе рафинирани јаглехидрати.

Добрата вест е дека можете да ги намалите скоковите на шеќер во крвта и желбата за јаглехидрати со тоа што ќе ги направите вашите тестенини со малку протеини, масти и влакна. Протеините треба да пополнат околу 1/4 од вашиот чинија. Ако се обидувате да ослабете, ова е особено важно.

Протеините можат да ви помогнат да одржувате повеќе мускули додека губите масти и да согорувате повеќе калории во текот на денот.

Свежата риба, како што се лососот и ракчињата, исто така обезбедува некои есенцијални омега-3 масни киселини кои го зајакнуваат мозокот и телото. Но, ако лососот, туната, школките, ракчињата, па дури и јастогот не се ваш вкус, тогаш можете да преминете на посно пилешко.

А ако сте веган, тестенините и мешунките се една од најздравите комбинации што можете да ги направите. Белиот грав, на пример, ќе додаде влакна, протеини и кремаст вкус на вашето омилено јадење, додека леќата ќе додаде богат вкус сличен на месо.

Не плашете се од маснотиите

Здравите масти се варат подолго од јаглехидратите, што ви помага да се чувствувате сити подолго време. „Здрави масти“ обично се однесуваат на мононезаситени и полинезаситени масти, кои помагаат во намалувањето на LDL холестеролот (видот што ги затнува артериите) и може да го намалат ризикот од дијабетес тип 2.

Користете 1 лажичка маслиново масло и посакуваната количина сол, бибер и други зачини за да го зачините вашето јадење. Ако внимавате на калориите, само измерете го маслиновото масло наместо да го истурате директно од шишето.

Една лажица маслиново масло има околу 119 калории. Ако сакате да експериментирате, можете да додадете авокадо во вашите тестенини.

Тестенини со зеленчук

Кога станува збор за јадења со тестенини, зеленчукот треба да биде ѕвезда. Добро правило е секогаш да вклучувате 2-3 порции зеленчук секој пат кога готвите јадење со тестенини, што ќе го наполни вашиот оброк со растителни влакна.

На повеќето жени им се потребни 25 грама растителни влакна дневно, но во просек тие добиваат само 15-22 грама. За мажите, експертите препорачуваат 38 грама растителни влакна дневно, но во просек тие добиваат само 20-26 грама.

За среќа, љубителите на тестенини не мора да се свртат кон здодевна салата за да ги добијат потребните растителни влакна.

Сè што треба да направите е да додадете колку што сакате зеленчук во вашиот оброк. Ниеден зеленчук не е подобар од друг: артичоките, грашокот, брокулата и тиквичките се одличен избор, но варените домати, кромидот и спанаќот се исто така вкусни комбинации.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија51 минута

Зголемена фреквенција на возила на граничните премини Табановце и Богородица

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од...

Македонија11 часа

Мицкоски ја доби тужбата против Славјанка Петровска за клевета

Граѓанскиот суд во Скопје донел правосилна пресуда во корист на премиерот Христијан Мицкоски, утврдувајќи дека пратеничката од СДСМ и поранешна...

Регион14 часа

Приведени 77 лица по протестите, 48 полицајци повредени, Вучиќ вети дека нема помилување за насилство

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска порача дека нема да потпише никакво помилување или аболиција за оние кои учествувале во...

Македонија15 часа

Димитриевски по реизборот: Ќе градиме нови лидери за нова Македонија

На вториот Конгрес на партијата Движење ЗНАМ за наша Македонија, Максим Димитриевски денеска едногласно повторно ја доби довербата од делегатите...

Македонија16 часа

Јаневска: Учебници на 1 септември, повисоки плати, 7 нови училишта и обнова на студентските домови

Во првата година од мандатот на министерката за образование и наука, Весна Јаневска, се испорачани значајни резултати – учебници на...

Топ17 часа

Избоден 15-годишник на Бит Пазар, 13-годишниот напаѓач е негов роднина

15-годишно момче било повредено со остар предмет синоќа во регионот на Бит Пазар, а според пријавата, нападот го извршил негов...

Македонија18 часа

Скандалозен тендер за возачки испити, СДСМ бара истрага и одговорност од Тошковски

СДСМ алармира за нов скандал во Министерството за внатрешни работи, овој пат поврзан со сомнителен тендер вреден милиони денари за...

Топ19 часа

Девојка (27) пронајдена мртва во Дебарско Езеро, Обвинителството истражува

Телото на 27-годишната С.А. од Дебар вчера беше пронајдено во водите на Дебарското Езеро. Како што информираше ОВР Дебар, околу...

Свет21 час

(Видео) Најмасовниот руски напад досега, кон Украина полетаа 537 крстосувачки, балистички и хиперсонични ракети и дронови

Украински пилот загина, а неговиот борбен авион Ф-16 е соборен во голем руски ракетен и беспилотен авион напад во текот...

Спорт21 час

Ѓоковиќ од Вимблдон преку Макфакс порачува: Ветувам, многу бргу се гледаме во Македонија!

Пред почетокот на годинешниов трет гренд слем турнир во Вимблдон, на воведната прес конференција, најдобриот тенисер на сите времиња, Новак...

Регион22 часа

(Видео) Македонски камионџија уапсен во Грција по несреќата во која загинаа татко и дете

34-годишен возач на камион од Македонија е уапсен вчера попладне во Грција, откако учествувал во страшна сообраќајна несреќа во која...

Македонија23 часа

Земјотрес рано утринава ги разбуди граѓаните на Валандово и на околината

Утрово во 5:54 часот, земјотрес со јачина од 3,3 степени според Рихтеровата скала го стресе регионот околу Валандово, информира Сеизмолошката...

Регион23 часа

(Видео) Протестот заврши, хаосот почна! Еве што се случуваше откако студентите се повлекоа од белградските улици

Синоќа во Белград се одржа масовен протест во организација на студентите под слоганот „Се гледаме на Видовден“, на кој, според...

Свет23 часа

Нова крвава ноќ во Газа, најмалку 56 загинати во израелските напади

Најмалку 56 лица се убиени во последниот бран израелски воздушни напади врз Појасот Газа што започнаа вчера изутрина, соопштија палестински...

Регион1 ден

Инциденти по протестот во Белград: Петпати фрлија солзавец, но луѓето бришат солзи и не се откажуваат, летаат јајца и шишиња по полицијата

Голема толпа народ не се повлекува од улиците на Белград иако студентскиот протест, преку кој испратија порака за предвремени парламентарни...

Регион1 ден

(Видео) Студентите на протестот во Белград ќе развеат знаме „какво што не се очекува“

Студентскиот протест во Белград почна со огромен број луѓе кои се уште се слеваат кон плоштадот Славија. Студентите за вечерва...

Регион2 дена

Плоштадот Славија во Белград се преполни, реки луѓе доаѓаат од сите страни на видовденски протест

Под слоганот „Се гледаме на „Видовден“ попладнево плоштадот Славија во Белград, Србија  се преполни луѓе. Српските медиуми јавуваат дека реки...

Свет2 дена

(Видео) Забраната од Орбан не ја спречи Парадата на гордоста во Будимпешта, огромен број луѓе се собраа во главниот град на Унгарија

И покрај забраната на Владата на Виктор Орбан, огромен број луѓе денес почнаа да се собираат во главниот град на...

Економија2 дена

Скенирањето сметки на апликацијата „МојДДВ“ е со прекини, УЈП извести за технички проблеми

Управата за јавни приходи извести дека мобилната апликација „МојДДВ“ во моментов работи со прекини. Тимот на УЈП интензивно работи на...

Регион2 дена

„Од 15 до 9 до 15 до 10 очекувајте почеток на насилство“, рече српскиот претседател Вучиќ во пресрет на протестот на студентите

Претседателот на Србија Александар Вучиќ очекува насилство на вечерашниот протест на студентите во Белград, објавуваат српските медиуми. По свеченоста на...