Култура
Збирка поезија од Магдалена Хорват

Во среда, со почеток во 20 часот, во арт-кафето во Културниот центар Мала станица, во Скопје, ќе биде промовирана новата збирка поезија на Магдалена Хорват „Синкаво и други песни“, која деновиве ја објави Македонска реч
Книгата ќе ја претстави Румена Бужаровска, која заедно со авторката ќе чита и стихови од неа. За поезијата на Магдалена Хорват ќе зборуваат Зоран Анчевски и Владимир Мартиновски.„Синкаво и други песни“ е составена од драмски монолози, чии говорници се статуи, патници, деца, самосвесни жени, старци, набљудувачи и раскажувачи. Слободниот стих е разговорен и разигран, а сепак дисциплиниран. Успешно се изведени и песните во врзан стих – на пример, сонетниот венец „Тишина“. Тој е еден од трите циклуси во книгата, и заедно со другите два („Синглови“ и „Б-страни“) алудира на музиката. За поетската техника на Хорват веќе е искажано мислење дека „и при површно читање е впечатлива музикалноста на стиховите“ (Маја Апостолоска) и дека „создава ритам близок до модерните музички жанрови“ (Дневник). Тематски, пак, „Синкаво и други песни“ патува низ пределите на имагинацијата, кои Хорват умешно ги спојува со фрагменти од митологијата, географијата, уметноста и секојдневјето, што резултира со нешто “интересно: кога ја читаме оваа книга, напати помислуваме дека и таа не’ чита нас и дека цело време градиме со неа заемен однос ‘на ти'” (Ристо Лазаров).Магдалена Хорват, родена во Скопје, 1978 г, пишува песни и преведува книги. Автор е и на збирката поезија „Ова е таа, твојата“, Македонска реч, 2006. Застапена е во антологиите „Пурпурни извори: Антологија на поновата македонска поезија од млади“ (Детска радост/СВП, 2006); „Сто без една песна“ (Македонска реч, 2006); во превод на англиски во „In Our Own Words Vol.7″ (MWE, 2007), и во превод на англиски и каталонски во „Europa es una dona/Europe is a Woman” (Universitat Autonoma de Barcelona, 2007). Нејзините песни и текстови на тема поезија се објавени во повеќе домашни и странски списанија и весници, како Апокалипса (на словенечки), Блесок, Време, Дневник, Мравка, Наше писмо, Современост, и британското списание Poetry Review. На македонски ги превела: романот во стихови „Далечината меѓу нас“ од Фиона Сампсон (Магор, 2005), романот „Стакленото ѕвоно“ од Силвија Плат (Три, 2006), како и неколку збирки поезија, меѓу кои се и „Музика и скорбут“ од Ана Агилар-Амат (Блесок, 2006), „Телефонска секретарка“ од Пат Боран (Блесок, 2007), и „Мајмунска свадба“ од Марсел Фрајман (Центрифуга, 2009). На англиски ја превела поезијата на неколку добитници на наградата „Браќа Миладиновци“: Миле Неделкоски, Анте Поповски, Петар Т. Бошковски, Петко Дабески, Никола Маџиров и Адем Гајтани (во издание на СВП).
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура
Инвестиции за заштита на културното наследство и развој на културниот туризам, најавија надлежните

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков, заедно со стручниот тим од Заводот и Музеј – Струмица, денеска реализира работна посета на општините Дојран и Гевгелија, со цел увид во тековните и во планираните проекти од областа на културата и културното наследство.
Во Стар Дојран беше извршен увид во црквата „Св. Илија“, значаен објект од 19 век, со висока историска, архитектонска и духовна вредност. Министерството најавува продолжување на активностите за конзервација и реставрација на овој објект, кој претставува симбол на духовното и на културното наследство на регионот.
Особено внимание оваа година е посветено на капиталниот проект за изградба на музеј на вода преку реконструкција на праисториска наколна населба на Дојранското Езеро. Во тек се заштитни археолошки истражувања на локалитетот Мрдаја, а основниот проект за изградба на музејот се очекува да почне во 2026 година. Идејниот проект е изработен од Заводот и Музеј – Струмица.
Музејот, кој ќе биде поставен директно на површината на езерото, ќе функционира како жив музеј на отворено, со висока едукативна и туристичка вредност. Со ваквиот пристап Дојран добива можност да се позиционира како водечка дестинација за културен и археолошки туризам во поширокиот регион, најавија од Министерството.
Во рамките на посетата на Гевгелија беше извршен увид во реализацијата на проектот за целосна реконструкција на Старата чаршија, заштитено културно наследство од XIX век. Вредноста на инвестицијата изнесува над 40 милиони денари, а проектот опфаќа: реставрација на фасадите на старите дуќани, поплочување со гранит, поставување нова урбана опрема и осветление, целосна реконструкција на подземната инфраструктура.
Со завршувањето на проектот Чаршијата ќе ја задржи својата автентичност, а истовремено ќе се трансформира во современо културно-туристичко јадро, привлечно и за жителите и за посетителите.
Вечерва, во рамките на посетата, министерот за култура и туризам Зоран Љутков ќе присуствува на фестивалот „Вкуси го југот“.
Како носител на титулата град на културата, Гевгелија се етаблира како центар на културни настани, фестивали и манифестации, кои значајно придонесуваат за развојот на локалната економија, туризмот и културниот живот во регионот.
Култура
Љутков: Нашата цел е јасна, да го заштитиме и обновиме „Македониумот“

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, заедно со стручните екипи од НУ Завод и Музеј – Прилеп, денес оствари теренска посета на споменикот „Македониум“ во Крушево – еден од најзначајните културни симболи на македонската историја.
Реконструкцијата на споменикот започна уште во 2014 година, кога беа реализирани низа значајни активности – санација на потпорни ѕидови, обнова на фасади, антикорозивна заштита, реконзервација на архитектонски елементи, како и внатрешни конзерваторски зафати и истражувања. Но, во 2017 година, сите активности беа прекинати, скелето беше симнато, а објектот остана незаштитен, со што последиците од таа негрижа се очигледни и денес, истакнуваат од министерството.
Минатата година, како што информираат, Министерството, во координација со Заводот и Музеј – Прилеп, подготви проект за интервентна заштита на објектот во вредност од 2,5 милиони денари, чија реализација ќе започне во текот на оваа година. Паралелно се работи и на подготовка на сеопфатен проект за целосна реконструкција и конзервација на споменичниот комплекс, кој се очекува да биде финализиран до средината на 2026 година. По изработката на документацијата и обезбедувањето на сите потребни дозволи, ќе отпочне реализацијата на овој капитален зафат.
„Нашата цел е јасна – да го заштитиме и обновиме ‘Македониумот’. Тој не е само архитектонски објект, туку симбол на македонскиот идентитет, историја и борба. Како Влада и како Министерство за култура и туризам, остануваме цврсто посветени на заштитата и унапредувањето на културното наследство, кое е наш стратешки приоритет,“ изјави Љутков.
Култура
(Видео) Oмилените филмови на Стивен Кинг

Мајсторот на хоророт, Стивен Кинг, е познат по своите темни романи и адаптации што го обележаа светското кино, но и по фактот дека редовно ги споделува своите омилени серии и филмови со публиката.
Стивен Кинг, познатиот мајстор на трилери и хорор, сподели листа од своите 10 омилени филмови на платформата X. Оваа листа, која ги исклучува филмовите адаптирани од неговите дела, дава увид во кинематографскиот вкус на авторот кој го обликувал хорор жанрот.
Избраните филмови вклучуваат класици од различни жанрови, од трилери и драми до комедија и научна фантастика. Кинг истакна дека листата не е по одреден редослед, нагласувајќи го богатството на квалитетни филмови достапни за публиката.
“Sorcerer”
“Godfather 2”
“The Getaway”
“Groundhog Day”
“Casablanca”
“Treasure of the Sierra Madre”
“Jaws”
“Mean Streets”
“Close Encounters of the 3rd Kind”
“Double Indemnity”