Забава
Македонците ги прават среќни слободата и мирот
Семејството и пријателите се најважни за речиси сите луѓе во светот.
Македонија и Скопје се 115-та дестинација што ја посетија Амбасадорите на среќа на Кока Кола во рамките на нивната глобална авантура „Експедиција 206“ која е именувана според вкупниот број на земји кои ќе бидат посетени, а кој се поклопува со местата на планетата каде може да се купи овој популарен пијалак. Интернационалниот тим Амбасадори на среќата составен од американецот Тони Мартин, вработен како наставник во детска градинка во Германија, како и студентите Кели Ферис од Белгија и Антонио Сантијаго од Мексико имаа уникатна мисија – да дознаат што ги прави среќни луѓето во различни делови од светот и тоа да го споделат со останатите луѓе на платената.Тие велат дека во светот сите луѓе слични нешта ги прават среќни, а тоа се семејството и пријателите. Овде биле изненадени од одговорот што слободата и мирот ги прави Македонците среќниТимот на „Експедиција 206“ беа избрани по пат на on-line гласање во кое учествувале над 150.000 луѓе.Овие тројца авантуристи се повеќе од семејство и пријатели во изминативе шест месеци. Авантурата ќе ја доживуваат уште два месеци, а патот во преостанатите држави треба да го завршат во септември.
„Низ ова прекрасно и чудесно патување низ целиот свет, она што е значајно е што горе долу ги добивавме истите одговори. Концептот на среќата не се разликува многу насекаде, туку се разликува според она како луѓето ги прават истите работи на различни начини.И тука во Македонија добивме одговор дека најбитни работи на луѓето во Македонија им се семејството и пријателите.Овде луѓето сакаат да ги соберат своите пријатели и да излезат на кафе, да се прошетаат, да слушаат добра музика, да се забавуваат да уживаат во сонцето, што е различно од Сенегал каде луѓето сакаат да седнат со семејството дома и да имаат заеднички оброк.За првпат овде добив одговор дека она што луѓето ги прави среќни е слободата и мирот.“ изјави Тони. По изминати 400.000 километри и 180 дена непрекинато патување. Амбасадорите на среќата допатуваа од нивната претходна дестинација – Словенија и имаа можност да ги впијат уникатните моменти на среќа што ги нуди ноќниот живот на Скопје, а во текот на денот да прошетаат и по улицата „Македонија“, каде можеа од прва рака да слушнат што е она што ги прави среќни луѓето од овој град и оваа земја.
„Импресиониран сум од ведрината и енергијата на луѓето што ги сретнавме и на нивните пораки и чувства за сето она што ги прави посреќни. Колку и да се различни нивните приказни, сите тие се поврзани кон љубовта кон својата земја што сакаат да ја споделат со целиот свет. Среќен сум што имав можност да ја посетам Македонија и овој прекрасен град и да го раскажам на целиот свет моето прекрасно искуство и дружење со луѓето од оваа земја со големо срце“, додаде Мартин.
Лично за него среќата е во страста на фотографот кога слика или сликарот кога црта. Среќен е кога ги прави работите што ги сака.Патувањето е она што заеднички ги прави среќни членовите на овој авантуристички тип.
Најоригиналниот одговор за среќата го добиле од еден човек од Мексико кога им кажал дека среќен го прави мирисот на неговата жена бидејќи ја сака. Топлината и желбата на нашиот народ некому да му се помогне е впечатокот кој ќе го понесат од оваа земја. Не се подготвуваат кога посетуваат некоја земја ниту пак имаат зацртани мести кои сакаат да ги посетат. Работите, сакаат спонтано да им се случуваат. Кога се дома тотално се збунети поради патувањата и не можат долго време да останат во едно место. Тие се луѓе од акција.По прошетката и средбите со граѓаните на улицата „Македонија“, на Амбасадорите на среќата им беше предадена и специјално дизајнирирано шише Кока Кола кое ја содржи македонската порака за среќа до останатиот дел од светот. Симболично, токму македонската порака за среќа содржана во специјално дизајнирано шише на која доминира големото срце во форма на сонце им беше предадена на Амбасадорите на среќата пред споменикот на Мајка Тереза.
Во пораката, напишана во форма на добредојде за било кој светски добронамерник меѓу другото пишува: „Вие сте во земјата на вечното сонце, на земјата на среќните луѓе. Вие сте во градот на солидарноста и хуманизмот.“
На крајот од 365 дневната глобална авантура на Амбасадорите на среќата на Кока Кола, шишето со пораката за среќа од Македонија ќе биде дел од уникатна колекција на вкупно 206 шишиња со пораки за среќа од сите краеви на светот, која ќе биде изложена во музејот „Светот на Кока Кола” во седиштето на компанијата во Атланта, САД.
Сите свои активности, дестинации, средби, искуства и пораки амбасадорите на среќата на Coca-Cola ги споделуваат со целиот свет преку а можат да се видат и доживеат и преку популарните социјални мрежи фејсбук, твитер…
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) На 81 година, Мајкл Даглас вози санки по Арктикот и спие во хотел од мраз
Мајкл Даглас (81) објави видео од Арктикот, каде што вози моторни санки и престојува во хотел изграден целосно од мраз. Ова патување доаѓа откако неодамна го посетил и Антарктикот. Во снимката, тој ги опишува мразот, излегувањето на сонцето околу 10 часот и мракот кој паѓа веќе во 14 часот. Посетил и леден хотел со уметнички скулптури во собите.
Покрај патувањето, Даглас најави и објавување на свои мемоари, каде што ќе зборува отворено за својот живот, семејството и искуствата надвор од славата.
View this post on Instagram
Забава
Каков прв состанок сака секој хороскопски знак
Некои сонуваат за вечера со свеќи, други би побегнале на патување, а трети најмногу се вљубуваат додека се забавуваат на исто место во исто време. Идеалниот состанок не изгледа исто за секого – бидејќи ниту романтиката не е универзална. Каков состанок одговара на секој хороскопски знак, открива „Индекс“.
♈ Овен
Најлошо му е кога е сè пребавно и „премногу тивко“. Идеалниот состанок започнува спонтано: краток пијалок, па некаква активност – билијард, картинг, пикадо, видео игри – што било каде што нешто се случува и каде што може да се натпреварува (па макар и на шега).
♉ Бик
За него романтиката е во уживањето. Вечера во проверен добар ресторан, десертот не се прескокнува, па мирна прошетка – тоа е неговиот јазик на љубов.
♊ Близнаци
Не поднесуваат состаноци кои изгледаат како долга пауза. Им треба динамика: кафе, па изложба или паб квиз, па „ајде уште тука“ – идеално кога вечерта има неколку станици, а разговорот секогаш оди во нов правец.
♋ Рак
Бара чувство на сигурност и топлина. Пријатно бистро, домашна вечера или филмска вечер, со акцент на „ние“ – без врева, без глумење, со разговор што останува во срцето.
♌ Лав
Сака сè да изгледа како настан. Коктели на убаво место, добра светлина, малку гламур и чувство дека вечерта е посебна – дури и ако трае само неколку часа.
♍ Девица
Не поднесува хаос, но го вреднува трудот. Идеалниот состанок е организиран и смислен: кафе, па прошетка или мал излет – деталите се важни, но на тивок, прецизен начин.
♎ Вага
Ја сака естетиката и атмосферата. Вино, убава околина, галерија или некој културен настан, па вечера на место каде што не мора да се викаш за да се слушнеш – сè треба да биде „по мерка“.
♏ Шкорпија
Не се пали на генерички сценарија: сака нешто интимно, малку мрачно, со доза на напнатост. Добар бар, музика, долг разговор и чувство дека „нешто се случува“, и без многу зборови.
♐ Стрелец
Најсреќен е кога состанокот е мини авантура. Роуд трип до блиско место, улична храна, нешто ново и смешно, план кој се менува во движење – за него романтиката е во слободата.
♑ Јарец
Вреднува квалитет без драма. Сериозна, добра вечера, добро вино и разговор со смисла. Без потреба од спектакл, но мора да се почувствува почит и намера.
♒ Водолија
Бега од клишеа. Идеалниот состанок е неконвенционален: стендап, паб квиз, алтернативен концерт или нешто сосема случајно – што подоцна ќе стане добра приказна.
♓ Риби
Најнежни од сите. Прошетка покрај вода, топло вино или чоколадо, мирна атмосфера и романтика што повеќе се чувствува отколку што се планира.
Естрада
По нападите врз Чолиќ и Кајмакоски, Хари Мата Хари не стравува: „Нема што да земат од мене, не станав богаташ од оваа работа“
Познатиот пејач Хари Мата Хари наскоро ќе одржи концерт во Белград, а особено се радува што по 10 години објави нова песна. На прес-конференција, тој отворено зборуваше за својата кариера, за колегите од естрадата, но и за актуелната клима на страв по неодамнешните инциденти.
По нападот врз домот на Здравко Чолиќ, кога беше фрлена бомба, и по киднапирањето на Даниел Кајмакоски, дел од музичката сцена изрази загриженост. Но, Хари тврди дека нема причина да се плаши.
„Мислам дека не сум толку важен. Немам обезбедување. Немам што да им дадам, немаат што да земат од мене“, изјави Хари, додавајќи дека е убеден дека не се замерил со никого, пренесе „Пинк“.
„Не станав богаташ од оваа работа, ниту некого премногу го иритирав. Не сум се дружел со погрешни луѓе“, додаде тој.

