Забава
Парче историја и подоцнежни весници во пакетот стар сто години во Норвешка
Сто години стариот мистериозен пакет што беше отворен денеска во Норвешка, не го содржеше Синиот дијамант од `Титаник` туку список на донатори за споменикот изграден во сеќавање на битката од 1612 година меѓу Норвежаните и шкотски војници.
Весниците пронајдени во пакетот беа од 1914 и 1919 година, што ја поништува идејата дека пакетот бил запечатен во 1912 година.
Парче историја и список `дарежливи` донатори открија директорите на музејот „Гудбрандсдал“, кои го отворија пакетот, во присуство на принцезата на Норвешка Астрид и градоначалникот на Општината Сел, каде се наоѓа градчето Ота во кое се одиграла битката пред 400 години.
Токму градоналникот Даг Ерик Прин ја имаше честа да ги пресече конците со кои со восок беше запечатен пакетот во 1912 година, што локален учител му го предал на градоначалникот во средината на 1920 -тите години со аманет да се отвори за сто години или во 2012 година.
Кураторите од „Гудбрандсал“ музејот го одвиткаа пакетот да видат што има внатре.
Внатре во пакетот, изненадување, уште еден пакет, и се поголем број мали пакети и писма.
Извадоа неколку платна, со националните бои на Норвешка, а едното со кремаста боја беше подарок од кралот. Под нив, кураторите најдоа тетратки, весници, писма, мал цртеж, некои хартии од градскиот совет и други хартии.
Весниците беа од 1914 и 1919 година, што ја поништува идејата дека пакетот бил запечатен во 1912 година.
Сепак, кураторите потврдија дека другата содржина е од првите две декади на 20 век.
„Ова е како злато за луѓе од музејот’, рече жената која беше вклучена во отворањето.
„Па, пакетот не ги реши нашите финансиски проблеми, но се збогати историјата“, рече Даг Ерик Прин, алудирајќи на некои инсинуации дека пакетот сорджи акции за нафта.
Отворањето на пакетот се случи на прослават на 400 годишнината од Битката на Криген во која жителите на Ота се одбраниле од шкотските војници најмени од Шведска во борбата против Данска-Норвешка.
По сто години, мора да почекаме уште малку за деталната содржина на пакетот најавено за в недела, освен ако датумот на весниците најдени внатре не сугерира дека тоа е некаква временска машина, како што коментира еден блогер.
Како што претходно пишавме, тетратките содржат списоци на донатори за изградба на меморијалниот споменик.
„Интересно е да се види колку мали сумипари давале“, рече еден од кураторите. „Некои давале по половина, а некои по еден долар“.
Еден од весниците од 1 август 1914 година, пишува дека луѓето од Сел биле исплашени дека парите што ги дале ќе бидат употребени за друга намена.
Друг весник содржеше стара песна која сега се користи во Норвешка како марш.
Кураторите ги однесоа хартиите во музејот да ги проучат и да ја објават нивната содржина изложувајќи ги во музејот./крај/вг/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) На 81 година, Мајкл Даглас вози санки по Арктикот и спие во хотел од мраз
Мајкл Даглас (81) објави видео од Арктикот, каде што вози моторни санки и престојува во хотел изграден целосно од мраз. Ова патување доаѓа откако неодамна го посетил и Антарктикот. Во снимката, тој ги опишува мразот, излегувањето на сонцето околу 10 часот и мракот кој паѓа веќе во 14 часот. Посетил и леден хотел со уметнички скулптури во собите.
Покрај патувањето, Даглас најави и објавување на свои мемоари, каде што ќе зборува отворено за својот живот, семејството и искуствата надвор од славата.
View this post on Instagram
Забава
Каков прв состанок сака секој хороскопски знак
Некои сонуваат за вечера со свеќи, други би побегнале на патување, а трети најмногу се вљубуваат додека се забавуваат на исто место во исто време. Идеалниот состанок не изгледа исто за секого – бидејќи ниту романтиката не е универзална. Каков состанок одговара на секој хороскопски знак, открива „Индекс“.
♈ Овен
Најлошо му е кога е сè пребавно и „премногу тивко“. Идеалниот состанок започнува спонтано: краток пијалок, па некаква активност – билијард, картинг, пикадо, видео игри – што било каде што нешто се случува и каде што може да се натпреварува (па макар и на шега).
♉ Бик
За него романтиката е во уживањето. Вечера во проверен добар ресторан, десертот не се прескокнува, па мирна прошетка – тоа е неговиот јазик на љубов.
♊ Близнаци
Не поднесуваат состаноци кои изгледаат како долга пауза. Им треба динамика: кафе, па изложба или паб квиз, па „ајде уште тука“ – идеално кога вечерта има неколку станици, а разговорот секогаш оди во нов правец.
♋ Рак
Бара чувство на сигурност и топлина. Пријатно бистро, домашна вечера или филмска вечер, со акцент на „ние“ – без врева, без глумење, со разговор што останува во срцето.
♌ Лав
Сака сè да изгледа како настан. Коктели на убаво место, добра светлина, малку гламур и чувство дека вечерта е посебна – дури и ако трае само неколку часа.
♍ Девица
Не поднесува хаос, но го вреднува трудот. Идеалниот состанок е организиран и смислен: кафе, па прошетка или мал излет – деталите се важни, но на тивок, прецизен начин.
♎ Вага
Ја сака естетиката и атмосферата. Вино, убава околина, галерија или некој културен настан, па вечера на место каде што не мора да се викаш за да се слушнеш – сè треба да биде „по мерка“.
♏ Шкорпија
Не се пали на генерички сценарија: сака нешто интимно, малку мрачно, со доза на напнатост. Добар бар, музика, долг разговор и чувство дека „нешто се случува“, и без многу зборови.
♐ Стрелец
Најсреќен е кога состанокот е мини авантура. Роуд трип до блиско место, улична храна, нешто ново и смешно, план кој се менува во движење – за него романтиката е во слободата.
♑ Јарец
Вреднува квалитет без драма. Сериозна, добра вечера, добро вино и разговор со смисла. Без потреба од спектакл, но мора да се почувствува почит и намера.
♒ Водолија
Бега од клишеа. Идеалниот состанок е неконвенционален: стендап, паб квиз, алтернативен концерт или нешто сосема случајно – што подоцна ќе стане добра приказна.
♓ Риби
Најнежни од сите. Прошетка покрај вода, топло вино или чоколадо, мирна атмосфера и романтика што повеќе се чувствува отколку што се планира.
Естрада
По нападите врз Чолиќ и Кајмакоски, Хари Мата Хари не стравува: „Нема што да земат од мене, не станав богаташ од оваа работа“
Познатиот пејач Хари Мата Хари наскоро ќе одржи концерт во Белград, а особено се радува што по 10 години објави нова песна. На прес-конференција, тој отворено зборуваше за својата кариера, за колегите од естрадата, но и за актуелната клима на страв по неодамнешните инциденти.
По нападот врз домот на Здравко Чолиќ, кога беше фрлена бомба, и по киднапирањето на Даниел Кајмакоски, дел од музичката сцена изрази загриженост. Но, Хари тврди дека нема причина да се плаши.
„Мислам дека не сум толку важен. Немам обезбедување. Немам што да им дадам, немаат што да земат од мене“, изјави Хари, додавајќи дека е убеден дека не се замерил со никого, пренесе „Пинк“.
„Не станав богаташ од оваа работа, ниту некого премногу го иритирав. Не сум се дружел со погрешни луѓе“, додаде тој.

