Македонија
Бучковски ќе оди во затвор
Поранешниот премиер и министер за одбрана, Владо Бучковски во рок од 8 дена по правосилноста на решението ќе треба да се јави во затворот Скопје за издржување на двегодишната затворска казна за случајот познат како тенковски делови, јавува Канал 5.
Ваква одлука донел кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 како одговор на жалбата на Бучковски против решението на судијата за извршување санкции, потврдуваат од Кривичниот суд.Бучковски откако добил упатен акт за издржување на казната побарал одлагање за да ги заврши веќе отпочнатите обврски на Правниот факултет, но судијата за извршување санкции ја одбил одлуката како неоснована по што тој поднел жалба и до Кривичниот совет и навел дека со неизвршување на превземените обврски на Правниот факултет – Скопје би предизвикале штета на студентите и факултетот што е доволна причина согласно законот да се одложи извршувањето на санкцијата информираат од судот.И кривичниот совет ја одбил жалбата и го потврдил решението на судијата, бидејќи како што објаснија од судот, осудениот по приемот на второстепената пресуда, имал обврска да го извести деканатот на факултетот дека ќе биде спречен да ги извршува преземените обврски како редовен професор во претстојниот семестар заради одлука на Апелациониот суд – Скопје со која е осуден на казна затвор во траење од две години. /крај/к5
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Одлуки за учество на припадници на Армијата на вежби во Германија, Бугарија, Косово
Владата на денешната седница донесе и повеќе одлуки на предлог на Министерството за одбрана, меѓу кои и за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество на вежбата „BEYOND HORIZON 24“, во Република Бугарија, за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество во НАТО операцијата „КФОР“ во Република Косово и за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество на вежбата „Combined Resolve 24-2“ во Сојузна Република Германија.
Македонија
Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР
Во пресрет на претстојните Претседателски и Парламентарни избори што ќе се одржат утре, Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека Одделот за граѓански работи, односно сите отсеци за управни работи на оваа организациона единица при МВР на 08.05.2024 ќе работат за издавање на лични документи со работно време од 08.00 до 19.00 часот.
„Исто така ги известуваме граѓаните дека сите барања за лични карти кои се поднесени до 03.05.2024 година, се веќе изготвени и граѓаните можат да ги подигнат“, соопшти МВР.
Македонија
Пронајдени три полуавтоматски пиштоли и 139 куршуми, ОЈО Велес отвори истрага за недозволено држење оружје
Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или експлозивни материи од член 396 став 5 во врска со став 3 на Кривичниот законик.
„При претрес во домот на осомничениот во селото Мелница, општина Чашка, полицијата пронашла поголемо количество оружје и муниција – три полуавтоматски пиштоли и 139 куршуми со различен калибар. За осомничениот поднесен е предлог за определување мерка притвор“, соопшти Обвинителството.
ОЈО Велес продолжува да постапува и да презема дејствија за проверка на сомненијата за изборен поткуп во однос на овој осомничен и на уште едно лице во велешко кај кое во текот на вчерашниот ден беа извршени претреси, се додава во соопштението.