Култура
„Името Македонија-историја, право и политика“
Претставниците на меѓународната заедница се однесуваат прилагодливо, па кога се во Грција даваат изјави кои ги задоволуваат Грците, а кога се во Македонија даваат други изјави кои се пријатни за увото на Македонецот.Лобирањето пак на Меѓународната заедница во голема мера го усложнува прашањето.
Ова се оценките на амбасадорот Виктор Габер во неговата книга „Името Македонија историја, право, политика“, што денеска беше промовирана од Советот за глобална соработка.Ова дело се бави со најболната политичка, економска и социјална пречка за севкупниот развој на самостојна и суверена Република Македонија, а тоа е грчко-македонскиот спор. „Книгата не е посветена на конкретните политички и историски настани. Во неа зборувам за менталитетот, за климата, психологијата која што 20 година не следи на она што е наше автономно, историско и што произлегува од нашата традиција и култура. Такви сцени секако дека не придонесуваат за подобрувавме на климата што е неопходна при секоја тензија на меѓународен план, за да некој проблем се реши“, рече Габер за своето дело.Авторот Габер истакна дека во ова дело се обидел да даде историско-правен и политички поглед за настанувањето и одржувањето на спорот за името со избалансиран пристап кон секоја од инволвираните страни. Една од темите што ги нуди за размислување во својата петта книга, вели е и фактот што Македонија како сукцесор на поранешна Југославија е и основач на Обединетите нации, како и општоприфатената вистина дека улогата на големите сили кои го создаваат меѓународното право има тежина да им ги насочува судбините на малите народи. „Во Грција досега се издадени 25 публикации за грчко-македонскиот спор за името, а потребни се повеќе вакви публикации и во Македонија, кој е оптимист дека и во Македонија ќе биде посигнат хомоген став за проблемот“, посочува Габер. Тој во оваа книга укажува на тоа дека спорот ја враќа Република Македонија назад, ја блокира и создава неизвесна иднина.„Амбасадорот Габер независно од национална определба објективно ги согледува и анализира постапките на двете страни во спорот. Особена е фасцинантна неговата анализа за грчкото општество. За политичката одговорност авторот дава доволно аргументи за помисла, за местото на политиката во третирањето на овој децениски спор“, рече Трифун Костовски, претседател на Советот за глобална соработка, кој воедно беше и еден од промотерите на делото на Габер.Тој посочи дека за потребите на државата оваа книга треба да се испечати на сите светски јазици..Љубомир Цуцуловски професорот од Филозофски факултет се осврна на делот од книгата во кој се зборува за лобирањето на Меѓународната заедница констатирајќи дека тоа внесува забуна особено кај нас Македонците.САД не признаа под уставното име, меѓутоа нивните амбасадори секојдневно не убедуваат дека треба разумно да постапиме и да прифатиме компромис. Од една страна не признаваат под нашето уставно име, а од друга страна сметаат дека би било добро да го смениме нашето име“, укажа Цуцуловски.Според него исто така битен елемент кој се спомнува во книгата на Габер е суштинската разлика помеѓу поимот име и референца.„Често пати овие поими за жал се поистоветуваат, една од слабостите што Македонија ја манифестира“, истакна Цуцуловски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Култура
Новогодишен концерт на Зарина Првасевда, „Кадифено“, во Македонската филхармонија
На 20 декември со почеток во 19 и 30 часот во Македонската филхармонија концерт ќе одржи македонската вокална интерпретаторка и музичарка Зарина Првасевда.
На денешната прес-конференција беа споделени детали за концертот „Кадифено“, кој претставува уникатно музичко патување што ги спојува традицијата, современиот звук и светската музичка виртуозност.
Овој проект ја означува премиерата на новиот музички опус на Зарина Првасевда, каде интимниот и длабоко емотивен израз се испреплетуваат со македонската и ориенталната традиција, добивајќи современа звучна форма низ импровизација и модерен сензибилитет.
„Овој концерт за мене е многу личен процес и еден вид враќање кон корените, но и нивно преосмислување. Материјалот што ќе го изведам произлегува од македонската и ориенталната музичка традиција, но е создаван низ слобода, импровизација и современ звучен јазик. Сакав публиката да го почувствува овој концерт како интимен простор – како заедничко доживување во кое музиката не е само изведба, туку разговор, емоција и трансцедентност“, изјави Евгенија Здравевска, позната под својот уметнички псевдоним Зарина Првасевда.
Гостите од Турција, Џенк Еродоган, светски познатиот виртуоз на фретлес гитара и Греми награден уметник како и перкусионистот и мултиинструменталист Ахмет Алан, беа оправдано отсутни поради доцнење на нивниот лет за Скопје од повеќе од два часа, предизвикано од густата магла над Скопје, изјавија организаторите.
Џенк Ердоган е Греми награден композитор и еден од највлијателните фретлес-гитаристи во светот. Како дипломец со First Class Honours и предавач на Berklee College of Music, тој е врвно интернационално име. Добитник е на Yeşilçam награда за Најдобар саундтрак, настапувал со светски музичари како светски познатиот индиски перкусионист Трилок Гурту и американскиот џез фјужн тапанар Дејв Врекл како и турнеи низ Европа и САД.
Ахмет Алан е турски перкусионист кој свири традиционални инструменти како бендир. Гордо го комбинира богатството на турската фолклорна музика со современи ритми, давајќи му свеж, жив звук на традиционалниот перкутерски израз. Неговите настапи често се мешавина од енергија, игра и ритам — што ги прави привлечни и за публиката што ја обожава класичната етно-музика, и за оние кои бараат модерни звучни искуства. Со тоа, Алан е мост помеѓу минатото и сегашноста во светот на турската перкусиона музика.
„Кадифено“ е концерт кој ќе понуди искрена емоција, длабока музичка нарација и редок спој на домашна и меѓународна уметничка енергија – вистинско предновогодишно културно доживување.
Билетите за концертот се достапни на веб страната другастрана.мк.
фото/Кристијан Арсовски
Култура
Гоце Цветановски со специјална награда во Белград за придонес во филмската уметност и индустрија
Македонскиот режисер и сценарист Гоце Цветановски доби специјална награда за придонес во филмската уметност и индустрија на 19. издание на Српскиот фестивал за фантастични филмови, еден од најзначајните регионални фестивали посветени на жанровскиот и авторскиот филм.
Свеченото отворање на фестивалот се одржа во Културниот Центар во Белград, во присуство на бројни филмски автори, професионалци и љубители на фантастичниот филм. На настанот присуствуваше и директорот на македонскиот Културно-информативен центар во Белград, Васко Шутаров.
Наградата на Цветановски му беше врачена по проекцијата на оскаровецот „Поплава“, по што следеше панел-дискусија на тема иднината на анимираниот филм во регионот. На панелот, покрај Цветановски, учествуваа и истакнатите автори Растко и Ивана Чириќ, Никола Мајдак и Алекса Гајиќ, кои разговараа за предизвиците, новите технологии и можностите за регионална соработка во современата анимација.
При примањето на наградата, Цветановски се наврати на своите почетоци и емотивната врска со фестивалот:
„Мојата прва награда во кариерата ја добив токму на овој фестивал, за краткиот игран филм ‘Мал дисконтинуитет во време-просторот’ во 2014 година. Затоа ова признание за мене носи особена емоционална и професионална вредност.“
Наградата доаѓа како признание за долгогодишната авторска работа на Цветановски и неговиот придонес во современиот филм, со посебен акцент на фантастичниот и анимираниот жанр.
Култура
Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ втора меѓународна изложба на уметничка фотографија „Мотус 2025“
Здружението за промоција на интелектуални, мултикултурни и спортски вредности – Мотус од Куманово, преку својот Фото клуб – Мотус, во период од 18 декември (четврток) 2025 во просториите на Центар за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово, ќе ја организира втората Меѓународна изложба на уметничка фотографија Мотус 2025.
На изложбата ќе бидат изложени пеесетина фотографии. Учество зедоа 249 автори од 50 земји.

Финансиер на изложбата е Општина Куманово, преку програмата за подршка на културни манифестации за 2025 година, а истата е под патронат на Меѓународната Федрација на Фотографска Уметност (ФИАП 2025/393), (Фото Сојуз на Македонија (ФСМ 2025/003) и Меѓународна Фото Асоцијација Дунав (ДИПА 2025/054).
Изложбата ќе биде отворена на 18 (четврток) декември 2025 во 19:30 часот во просториите на Центар за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово.

