Забава
Флит шер – делење на службените возила
Изнајмувањето на автомобил на час одамна се смета за евтина и еколошки чиста алтернатива на поседувањето автомобили
Изнајмувањето на автомобил на час одамна се смета за евтина и еколошки чиста алтернатива на поседувањето автомобили.
Во САД компаниите како што е Зипкар имаат голем број автомобили што претплатниците можат да ги резервираат и да ги возат онолку колку што им е потребно.
Тој вид сервис стекнува популарност во големите градови каде често е скапо и нефункционално да се поседува сопствено возило.
Некои градови, јавува Гласот на Америка сега се обидуваат да применат сличен систем и со службените возила.
Керин Лебланк, работи во градскиот Секретаријат за транспорт во Вашингтон и е една од првите кои го испробале програмот наречен Флит шер.
Бел автомобил од марката хонда сивик, на природен гас, паркиран е позади зградата на градската управа. Керин го резервирала преку интернет. На внатрешната страна на ветробранското стакло е прицврстен мал апарат наречен транспондер, што реагира на предмет сличен на кредитна картичка.
“Кога ова ’картонче’ ќе го допрам на стаклото, се слуша мало ’клик’ и автомобилот се отвора“, ја објаснува Керин едноставната операција што значи – резервоарот е полн, клучевите се во колата и Керин може да тргне.
“Го користам Флит шер два до три пати неделно за било каков состанок на кој треба да одам и многу сум задоволна“, вели таа.
Овој процес им е познат на граѓаните кои ги користат услугите на Зипкар. Засега, Вашингтон има 60 автомобили опремени со слични уреди. Но, она што е посебно важно е фактот дека тие автомобили заменуваат 360 возила, бидејќи нивниот степен на искористеност се искачил на 71 отсто.
Заменик градоначалникот на Вашингтон, Ден Тангерлини, кој во меѓувреме преминал на друга функција, го покажува паркингот позади градската влада.
Од една страна празни места резервирани за возилата користени на час, а од друга страна низа од бели службени возила.
“Го гледате ли овој куп метал овде? Сите тие возила ги задолжиле разни функционери кои моментално немаат потреба да бидат во нив“, вели тој.
Тангерлини тврди дека системот на користење на службени возила по потреба ќе му заштеди на градот околу шест милиони долари во наредните пет години, што не е мал износ во време на буџетски рестрикции.
Тоа е воедно една од главните причини што телефонот на Скот Грифит непрекинато звони. Грифит е директор на компанијата Зипкар, која моментално преговара со властите во 25 американски градови.
“Сите имаат ист проблем – недоволни даночни приходи и премногу возила. Но, нивните луѓе мора да се движат по градот во текот на денот, поради што ние сме тука да им помогнеме да го направат тоа на најефикасен начин“, нагласува Грифит, додавајќи дека сепак не е се во парите.
“Кога делат исто возило, луѓето возат на поефикасен начин – кога мора да го резервираат однапред, тогаш се трудат повеќе обврски и да ги поврзат во едно возење“, тврди тој.
Слични програми веќе функционираат во Чикаго, Сан Франциско, Филаделфија и во други градови. Некои градови им овозможуваат на своите службеници да ги користат истите автомобили кои приватните граѓани ги изнајмуваат на час.
“Една од предностите на користење на автомобилот на час за општините, па дури и за приватните компании, е во тоа што обичните граѓани почесто ги користат навечер и преку викенд, додека општините и фирмите повеќе ги користат преку ден и во работно време“, вели Ели Масер, еден од основачите на непрофитната организација Фили кар шер.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Фото) Најзгодната Британка никогаш не била толку секси
Ѕвездата од ријалити шоуата, Маура Хигинс, се појави на престижниот настан „Women of the Year“, кој традиционално секоја година собира голем број познати убавици.
Како и обично, Маура се погрижи сите очи да бидат вперени во неа, а најзаслужна за тоа беше нејзината провокативна облека. Исто како и на нејзиното претходно јавно појавување, ријалити убавицата ги оправда очекувањата.

Црниот вечерен фустан со проѕирни делови, така што само градите ѝ беа покриени со свила, остави магичен впечаток кај сите. Таа маестрално и самоуверено ја истакна својата завидна фигура за собраните фотографи.

„Најзгодната Британка“, како што популарно ја нарекуваат, не сакаше да претерува со деталите и да „уништи“ сè што постигна со фустанот, па затоа не носеше впечатлив накит или впечатлива шминка. Ја собра косата во пунџа и остави прамен од едната страна.

Целата убавина и раскош на заводливата Маура дојдоа до израз, и иако беше многу провокативна, ја задржа својата смиреност и ги освои сите со својата елеганција.
фото: принтскрин
Забава
(Видео) Северина се сплетка и падна: скокаше на концерт во високи потпетици, а потоа го бакна подот
На социјалните мрежи почна да кружи видео од концерт на Северина, која во еден момент падна на сцената.
За време на изведбата на песната, Северина скокаше и трчаше по сцената во штикли, а во еден момент се сопна и падна на глава.
„Опа“, извика момчето што го сними падот на пејачката.
Таа продолжи да лежи на грб со раширени раце некое време, а потоа стана и продолжи да пее.
фото: принтскрин
Забава
(Фото) Кралици на издржливоста: растенија кои успеваат дури и ако заборавите на нив
Ако сте еден од оние кои искрено ја сакаат идејата за зеленило во својот дом, но секое растение на крајот пропаѓа, проблемот можеби не е во вас, туку во погрешниот избор.
Кактусите и сукулентите често се сметаат за најбезбеден избор, но тие всушност бараат повеќе светлина и соодветна грижа отколку што мислите. За среќа, постојат голем број растенија кои се поотпорни, лесни за одржување и изгледаат уредно и декоративно.
Што всушност значи „издржливо растение“?
Издржливо растение не е она што можете да го заборавите со месеци, туку она што добро толерира помалку од идеални услови: послаба светлина, повремено прескокнување на наводнување и промени на температурата. Ваквите растенија се идеални за зафатени, често отсутни или едноставно заборавени сопственици кои сепак сакаат нивниот дом да изгледа живо.

Сансевиерија
Сансевиеријата не бара многу. Толерира сув воздух, ретко наводнување и потемни простори. Идеална е за станови каде што нема многу природна светлина. Освен што изгледа елегантно, го прочистува воздухот и е речиси невозможно да се уништи.

Растение пајак
Растението пајак е едно од најблагодарните собни растенија. Толерира различни услови, брзо се шири и лесно се обновува, дури и по долготрајно занемарување. Треба да се полева само еднаш неделно, а листовите повремено да се бришат. Исто така, добро се снаоѓа и во висечки саксии, што го прави естетски интересна опција.

Потос
Потосот е растение кое успева речиси насекаде. Не му пречи вештачката светлина, па затоа е чест избор за канцеларии. Лесно се размножува и брзо расте, а треба да се полева само еднаш на секои две недели.
Единствената претпазливост: држете ја подалеку од домашни миленици.

Замија
Замијата е исклучително отпорна и може да издржи и суви простори и заборавеност. Не бара речиси никакво внимание: доволно е да се полева еднаш месечно. Листовите се темнозелени и сјајни, што го прави просторот веднаш да изгледа поуреден и посвеж. Често ја избираат луѓе кои сакаат зеленило без обврска.

Аспидистра
Аспидистра, честопати наречена „железно растение“, со години има репутација како едно од најотпорните собни растенија.
Може да расте во агли каде што другите растенија не напредуваат, а толерира и слаба светлина, сув воздух и нередовно наводнување. Идеално е за постари станови или канцеларии со вештачка светлина.
Како да изберете растение кое одговара на вашиот ритам?
Пред да купите, земете ја предвид светлината, температурата и вашите сопствени навики. Ако патувате многу, изберете растенија кои толерираат суша (замија, сансевиерија).
Ако сакате нешто што лесно се размножува и брзо создава ефект на „зелен агол“, изберете го растението пајак или потос. А ако барате растение за темен агол од собата, аспидистра е безбеден избор.
фото: принтскрин

