Забава
Сомнителна табла со натпис „Даунинг стрит“ повлечена од продажба
Британската аукциска куќа „Бонамс“ одлучи да не ја понуди на продажба уличната табла од 19-ти век со натпис „Даунинг стрит“ за која се тврдеше дека некогаш била поставена на најзначајната улица во британската политика.
Британската аукциска куќа „Бонамс“ одлучи да не ја понуди на продажба уличната табла од 19-ти век со натпис „Даунинг стрит“ за која се тврдеше дека некогаш била поставена на најзначајната улица во британската политика. Според проценките експертите од „Бонамс“, таблата ќе достигнеше цена од 6.000 фунти (околу 10.000 евра). Таблата е повлечена од продажба по тврдењето на еден градски одборник од Кембриџ, кој изјави дека таблата потекнува од тој град, а не од Лондон. На „Даунинг стрит“ во Лондон веќе три века се наоѓа канцеларијата на претседателот на владата. Таа е именувана по името на трговецот со недвижности од 17-от век, Џорџ Даунинг. /крај/бе/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Ким Кардашијан: За две недели станувам лиценциран адвокат
Реалити ѕвездата, Ким Кардашијан е на чекор до исполнување на својот сон – адвокатска кариера.
Гостувајќи во емисијата The Graham Norton Show, каде што ја промовираше новата правна драма All’s Fair, 45-годишната ѕвезда потврди дека за две недели ќе биде официјално квалификувана за работа во правото.
„Се надевам дека ќе се занимавам со право. Можеби за десет години ќе се откажам од тоа да бидам Ким К. и ќе станам адвокат во судница. Тоа навистина го сакам,“ изјави таа.
Нејзиниот пат до адвокатската лиценца беше нетипичен – наместо класично студирање, од 2018 година посетува Law Office Study Program во Калифорнија, кое овозможува практична обука во адвокатска канцеларија. Во 2021 година го положи т.н. „baby bar“ испит, по три неуспешни обиди, а во мај годинава ја заврши целата програма.
Забава
Турски астролог: Есента ќе донесе бран промени за сите хороскопски знаци
Есента 2025 ќе донесе бран промени за сите хороскопски знаци, предвидува турскиот астролог Мурат Коџун, пренесе Н1 БиХ. Според него, ова ќе биде едно од најдинамичните периоди во последните години – време на нови можности, емоционални пресврти и кармички лекции.
„Она што сме го посеале, сега ќе го жнееме,“ вели Коџун, нагласувајќи дека есента бара искреност, трпение и јасни одлуки. Некои ќе напредуваат финансиски, други ќе најдат мир или стабилност во љубовта.
Овен – нови можности и искрени разговори, но потребна е внимателност во вложувањата.
Бик – трудот конечно се исплаќа, стабилност преку разбирање.
Близнаци – креативен напредок и нови познанства, важно е да не ја трошат енергијата залудно.
Рак – доаѓа заслужено признание и поддршка од семејството.
Лав – деловен успех и стабилна љубов, можни веридби или бракови.
Девица – подобрување на финансии и здравје, потребен е баланс.
Вага – тестови во односите, но успех преку компромис и дефинирање на вредности.
Шкорпија – фаза на трансформација, нови можности и силни емоции.
Стрелец – напредок со трпение, нови љубовни прилики на патување.
Јарец – резултати преку дисциплина и тимска поддршка.
Водолија – време за искреност и нови идеи.
Риби – враќање на минатото, можност за помирување и нов почеток.
Коџун заклучува дека есента ќе биде испит на зрелост и вера во себе – промените не можат да се избегнат, но можат да се искористат ако останеме доследни на своите вредности.
Забава
По 12 години борба мојот син живее со мене, рече пејачката Северина на концертот во Сплит
Хрватската пејачка Северина настапи во својот роден град Сплит.
Сплитчани ја пречекаа пејачката со силен аплауз, која го започна концертот еден час подоцна поради толпата на влезовите, пишува хрватски „Индекс“.
Северина го започна долгоочекуваниот концерт со нејзиниот хит „Бред Пит“, а потоа ја отпеа „Узбуна“. На целиот концерт му дадоа интимна димензија видео позадините, кои во текот на вечерта прикажуваа досега невидени приватни снимки од Северина и нејзините најблиски – трогателни моменти од минатото, семејни средби и почетоците во кариерата.
Шест камиони со опрема со вкупна тежина од 150 тони пристигнаа во „Грајпе“, додека сцената беше осветлена и врамена со 200 квадратни ЛЕД екрани. Оваа количина техничка опрема беше инсталирана за прв пат во сплитската сала, а Северина и нејзиниот 60-член тим го подготвуваа концертот два месеци.
Кон крајот на концертот, Северина отпеа песна за својот син, Роџено моје. „Сега песна за најважниот човек во мојот живот, неговото срце чукаше под моето. Неколку пати се обидоа да ми го одземат, а денес, по 12 години борба, мојот син живее со мене“, рече Северина.
Северина е родена и пораснала во Сплит.

