Економија
Во САД во ноември отворени 203 работни места

Американските работодавачи во ноември отвориле 203 илјади нови работни места, малку повеќе отколку што се очекуваше, при што стапката на невработеност се спуштила на најниското ниво во последните пет години од 7 отсто, покажаа најновите податоци на американското министерство за труд објавени во петокот.
Бројот на новите работни места во најголемата светска економија е поголем од 180 илјади колку во просек очекуваа аналитичарите од анкетата на Reuters. Очекувана беше и за нешто поблага стапка на невработеноста, на 7,2 отсто од 7,3 отсто којашто беше забележана во октомври.
Министерството за труд на САД, исто така, нагоре ги ревидираше и податоците за претходните два месеца, според коишто сега во септември и октомври се отворени осум илјади работни места повеќе отколку што претходно објави. Во изминатата година бројот на вработените во САД месечно во просек растел за 195 илјади, објави министерството.
Растот на вработеноста во ноември е забележан во речиси во сите сектори, вклучувајќи го и транспортот, складирањето, здравствената нега и производството. Во производствениот сектор бројот на вработените е зголемен за 27 илјади, забележувајќи раст четврти месец по ред, додека во градежниот сектор пораснал за 17 илјади а во секторот на малопродажбата за 22 илјади, покажуваат официјалните податоци на министерството за труд на САД.
На ниво на вкупниот државен сектор забележан е раст на бројот на вработените, и тоа благодарејќи на тоа што вработувањата во државната управа и органите на локалната управа ги надминале отпуштањата во сојузната влада. Во сојузната влада укинати се седум илјади работни места на месечно ниво, при што вкупниот број откази во изминатата година достигнал 92 илјади.
Во ноември во САД, според податоците на тамошното министерство за труд, биле 10,9 милиони луѓе.
Внимателно следениот извештај за вработеноста во САД е објавен пред скорешното заседание на челниците на американската централна банка Federal Reserve (Fed) коешто ќе се одржи на 17-ти и 18-ти декември. Посилниот раст на вработеноста отколку што се очекуваше би можел да ги поттикне шпекулациите дека Fed уште во декември би можел да ги намалува поттикнувачките мерки, иако повеќето водечки економисти сметаат дека баката сака да добие дополнителни докази за напредувањето во економијата, па дури потоа да се реши за следните потези./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Исплатени 177.533.000 денари кон 1.636 лица за предадени јагне и јаре

Денеска се исплатија 177.533.000 денари кон 1.636 лица, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за развојот на сточарството во Македонија.
Реализирана е исплата на дополнителни директни плаќања од подмерки 2.8 и 2.10 за предадено јагне и/или јаре од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година.
Корисници на оваа подмерка се земјоделски стопанства одгледувачи на овци и кози и се корисници од подмерка 2.8 и 2.10 кои имаат предадено јагне и/или јаре во регистриран кланичен капацитет во период од 26 декември 2023 година до 25 декември 2024 година.
Економија
Николоски потпиша договор за грант-средства со Европската банка за обнова во висина од 350 илјaди евра

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски го потпиша Договорот за грант средства со Европската банка за обнова и развој во висина од 350 илјaди евра наменети за техничка помош за изработка на Национална стратегија за полнење електрични возила и инфраструктура, извести Министерството за транспорт.
„Националната стратегија за полнење на електрични возила и инфраструктура, прва од овој вид во Македонија, ќе овозможи стратешки пристап кон развојот на патната инфраструктура за поддршка на воведувањето на електрични возила во патната мрежа.
Во овој момент во тек е постапката за избор на Консултант (се очекува крај на јули, почеток на август да се избере) кој ќе има задача во две фази да креира:
Подготовка на Стратегија за електрични возила; Акциски план со приоритетни активности и рокови кои треба да бидат одобрени од Владата, преку Министерството за транспорт и Европската банка за обнова и развој.
Покрај Консултанот, во изработката на Статегијата и Акцискиот план ќе бидат вклучени домашни и меѓународни експерти од области на експертиза за електрични возила, енергетската ефикасност, транспортот и екологијата“, се додава во соопштението.
Економија
Позначајни движења кај каматните стапки на банките и штедилниците

Годишен раст на просечната каматна стапка на вкупните депозити од 0,35 п.п., при што во мај таа изнесува 2,21%, извести Народната банка.
Просечната каматна стапка на вкупните кредити бележи годишен пад од 0,43 п.п. и изнесува 5,06%.
Најновото соопштение за позначајните движења кај каматните стапки на банките и штедилниците е достапно на следната врска.