Контакт

Култура

Изложба на Билјана Ангелеска во Битола

Објавено пред

Уметницата од Охрид по вторпат се претставува со самостојната изложба на слики со наслов „Враќање на ангелите“ која e продолжение na нејзината прва самостојна изложба „Ангели“, но првпат во Битола. Сликите ќе бидат поставени во џез клубот Porta Jazz на Широк сокак од 23 април (петок)

dobivaj vesti na viber

„Ангелите се гласници кои не водат и заштитуваат за време на духовната трансформација која ја минуваме додека сме на планетава. Се појавуваат со зачестеност на безусловна љубов. Како низ ренгентска снимка, го барам нивното непостоечко присуство во просторот. Го замрзнувам кадарот и проектирајќи ги врз празната инпрегнирана површина полека станувам свесна дека она што претходно било мирис, светлина, глас….се пресликува во материја. Духот се материјализира. Неприсуството веќе е присутно.“, вели уметницата Билајан Ангелеска, за мотиви на дел од нејзиното творештво кое ќе биде во петок претставено пред битолчани Младата Ангелеска се обидува да го разбие чувството на затвореност на просторот, што го прави преку нагласување на некои раскажувачки моменти со несликарски материјали (јаже, жица, платно, пердуви) така што, секогаш излегуваат надвор од рамката и површината на сликата. „Струи меланхолија, со акцент на личното чувствување и сваќање на тој над-свет претставен преку очајот на овоземскиот, со мрачни и стравични фигури, темни тонови и палета на земјени бои, преку кои метафизичкото е сведено на физичко, на болка која не само што се претпоставува туку и се чувствува, потенцирана и отелотворена преку ангелите. Невидливото постанува  видливо. Тука се, заедно со нашиот дух и за време на гревови, и после смртта……постојано, за целото време на физичкиот и спиритуален живот на нашиот дух. Ендаш твој – засекогаш со тебе. Основен мотив за поистоветување човек-ангел е фасцинацијата од обединување на контрастните разлики како и идејата за враќање кон единството, односно, логично поврзување на човекот со хармонично структурираниот космос. Принципот на обединување што лежи во коренот на философијата за истржување и пронаоѓање на човечката личност се манифестира преку балансот на телото и духот, јинг – јанг, и нивно сплотување во едно цело совршенство. Од сите работи поврзани со телото, крилата потенцираат една од разликите и имаат најголема поврзаност со божественото. Затоа неговиот концепт го поврзувам со улогaта што ја има – да го земе она што е „тешко“ и да го издигне до местото каде ангелите почиваат.“, наведува Ангелеска по повод претстојната изложба. Надежта не умира, бидејќи повторно се раѓа. Во повторното раѓање се раѓа како чиста душа, а ангелот е чиста душа и е бесмртен. Објективноста е едно, субјективноста друго, искуството некaде меѓу, а прашањето е…..Дали вие верувате, во АНГЕЛИ?, гласи поентата од изложбата што деновиве ќе може да ја проследат битолчани.Билјана Ангелеска родена на 8ми април 1983 г. во Охрид, дипломирала 2008 г. на Факултетот за Ликовни уметности во Скопје во класата на проф. Симон Шемов, отсек сликарство,насока конзервација и реставрација и рачноа изработка на хартија-медиум целулоза (волонтерски). Член е на ДЛУМ од 2009 година.Самостојно илзожувала 2010 – Прилеп, „Враќање на ангелите“, центар за култура „Марко Цепенков“, 2008 септември-Струга, „Ангели”, центар за култура „Браќа Миладиновци”, 2008 јуни-Охрид, „Ангели”, Музејска зграда „Робевци”, а има учествуванно и на повеќе групни изложби: 2010-Скопје, 13ти зимски салон „доктор Глобал – мистер Локал“, Музеј на современа уметност, 2009-Берат, Албанија,галерија „Едвард Леар“, 2009-Скопје, музеј на град Скопје, ДЛУМ-годишна изложба, 2009-Охрид, хотел “Инекс Горица”, ИПЕС симпозиум, 2007-Охрид, центар за култура “Глигор Прличев”, по повод патронот на град Охрид Св.Климент Охридски, 2007-Битола,кц “Магаза”, СТАР ПРОСТОР-НОВА ЛИНИЈА, во организација на Центарот за современи јавни уметности “Елементи”-Битолам 2007-Охрид, Прокредит банка, изложба на млади уметници од град Охрид.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура

Инвестиции за заштита на културното наследство и развој на културниот туризам, најавија надлежните

Објавено пред

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков, заедно со стручниот тим од Заводот и Музеј – Струмица, денеска реализира работна посета на општините Дојран и Гевгелија, со цел увид во тековните и во планираните проекти од областа на културата и културното наследство.

dobivaj vesti na viber

Во Стар Дојран беше извршен увид во црквата „Св. Илија“, значаен објект од 19 век, со висока историска, архитектонска и духовна вредност. Министерството најавува продолжување на активностите за конзервација и реставрација на овој објект, кој претставува симбол на духовното и на културното наследство на регионот.

Особено внимание оваа година е посветено на капиталниот проект за изградба на музеј на вода преку реконструкција на праисториска наколна населба на Дојранското Езеро. Во тек се заштитни археолошки истражувања на локалитетот Мрдаја, а основниот проект за изградба на музејот се очекува да почне во 2026 година. Идејниот проект е изработен од Заводот и Музеј – Струмица.

Музејот, кој ќе биде поставен директно на површината на езерото, ќе функционира како жив музеј на отворено, со висока едукативна и туристичка вредност. Со ваквиот пристап Дојран добива можност да се позиционира како водечка дестинација за културен и археолошки туризам во поширокиот регион, најавија од Министерството.

Во рамките на посетата на Гевгелија беше извршен увид во реализацијата на проектот за целосна реконструкција на Старата чаршија, заштитено културно наследство од XIX век. Вредноста на инвестицијата изнесува над 40 милиони денари, а проектот опфаќа: реставрација на фасадите на старите дуќани, поплочување со гранит, поставување нова урбана опрема и осветление, целосна реконструкција на подземната инфраструктура.

Со завршувањето на проектот Чаршијата ќе ја задржи својата автентичност, а истовремено ќе се трансформира во современо културно-туристичко јадро, привлечно и за жителите и за посетителите.

Вечерва, во рамките на посетата, министерот за култура и туризам Зоран Љутков ќе присуствува на фестивалот „Вкуси го југот“.
Како носител на титулата град на културата, Гевгелија се етаблира како центар на културни настани, фестивали и манифестации, кои значајно придонесуваат за развојот на локалната економија, туризмот и културниот живот во регионот.

Прикажи повеќе...

Култура

Љутков: Нашата цел е јасна, да го заштитиме и обновиме „Македониумот“

Објавено пред

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, заедно со стручните екипи од НУ Завод и Музеј – Прилеп, денес оствари теренска посета на споменикот „Македониум“ во Крушево – еден од најзначајните културни симболи на македонската историја.

dobivaj vesti na viber

Реконструкцијата на споменикот започна уште во 2014 година, кога беа реализирани низа значајни активности – санација на потпорни ѕидови, обнова на фасади, антикорозивна заштита, реконзервација на архитектонски елементи, како и внатрешни конзерваторски зафати и истражувања. Но, во 2017 година, сите активности беа прекинати, скелето беше симнато, а објектот остана незаштитен, со што последиците од таа негрижа се очигледни и денес, истакнуваат од министерството.

Минатата година, како што информираат, Министерството, во координација со Заводот и Музеј – Прилеп, подготви проект за интервентна заштита на објектот во вредност од 2,5 милиони денари, чија реализација ќе започне во текот на оваа година. Паралелно се работи и на подготовка на сеопфатен проект за целосна реконструкција и конзервација на споменичниот комплекс, кој се очекува да биде финализиран до средината на 2026 година. По изработката на документацијата и обезбедувањето на сите потребни дозволи, ќе отпочне реализацијата на овој капитален зафат.

„Нашата цел е јасна – да го заштитиме и обновиме ‘Македониумот’. Тој не е само архитектонски објект, туку симбол на македонскиот идентитет, историја и борба. Како Влада и како Министерство за култура и туризам, остануваме цврсто посветени на заштитата и унапредувањето на културното наследство, кое е наш стратешки приоритет,“ изјави Љутков.

Прикажи повеќе...

Култура

(Видео) Oмилените филмови на Стивен Кинг

Објавено пред

Мајсторот на хоророт, Стивен Кинг, е познат по своите темни романи и адаптации што го обележаа светското кино, но и по фактот дека редовно ги споделува своите омилени серии и филмови со публиката.

dobivaj vesti na viber

Стивен Кинг, познатиот мајстор на трилери и хорор, сподели листа од своите 10 омилени филмови на платформата X. Оваа листа, која ги исклучува филмовите адаптирани од неговите дела, дава увид во кинематографскиот вкус на авторот кој го обликувал хорор жанрот.

Избраните филмови вклучуваат класици од различни жанрови, од трилери и драми до комедија и научна фантастика. Кинг истакна дека листата не е по одреден редослед, нагласувајќи го богатството на квалитетни филмови достапни за публиката.

“Sorcerer”

“Godfather 2”

“The Getaway”

“Groundhog Day”

“Casablanca”

“Treasure of the Sierra Madre”

“Jaws”

“Mean Streets”

“Close Encounters of the 3rd Kind”

“Double Indemnity”

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија16 минути

(Видео) Се’ уште чади во Трубарево преку песокот со којшто е затрупан отпадот, спречено е ширење на пожарот

Благодарение на брзата и координирана акција на скопските пожарникари, спречено е ширење на големиот пожар што вчера избувна во Трубарево,...

Свет1 час

Како ќе реагира Европа на ултиматумот на Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп упати ултиматум до сојузниците во НАТО, барајќи воведување „големи“ санкции кон Русија и целосен прекин на...

Македонија2 часа

Меџити доцна синоќа се огласи за Трубарево: Пожарот е под контрола, резултатите од мерењата се очекуваат

Министерот за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, доцна синоќа се јави од Трубарево, каде што вчера избувна голем...

Македонија10 часа

Тошковски: Жителите во непосредна близина на пожарот да ги напуштат живеалиштата поради штетните супстанци, радијација нема

Локализиран е пожарот кој избувна во складиштето за електроника во Трубарево, пришто опожарена е и пластика. Министерот Панче Тошковски вечерва...

Македонија11 часа

Движењето „Стоп за Вардариште“ во понеделник наутро ќе го блокира мостот „Близнаци“

Движењето „Стоп за Вардариште“ ја информира јавноста дека на ден 15.09.2025, понеделник, покрај протестот во 18:00 часот, ќе се одржи...

Македонија14 часа

Електронскиот отпад што гори во Трубарево ќе се гасне со песок

Електронскиот отпад што гори во Трубарево ќе се гасне со песок, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче...

Македонија14 часа

ИЈЗ објави препораки: Ако сте во непосредна близина на пожар останете дома и затворете ги прозорците

Институтот за јавно здравје, во насока на заштита на здравјето и благосостојбата на сите граѓани, соопшти дека во случај да...

Македонија15 часа

Опасен отпад гори во Трубарево, нема насоки од властите за заштита од чадот

Во Трубарево горат електронски отпад и пластика, во делови од главниот град се чувствува силна миризба, а засега нема предупредувања...

Македонија17 часа

Во Трубарево гори и пластичен отпад, Ангелов рече дека пожарот е подметнат и нема повредени лица

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, изјави дека големиот пожар кој денеска избувна во фабриката „Ф –...

Македонија18 часа

(Видео) Драматични снимки од пожарот во Трубарево кадешто горат објекти за складирање на електронски отпад

Сериозен е пожарот што избувна во Трубарево и ги зафати  објектите на Ф – ГРУПАЦИЈАТА која се занимава со електронски отпад....

Македонија19 часа

(Видео) Ангелов: Се затрупува изворот на чад во Дрисла, термални камери и патроли во Вардариште, нов пожар избувна во Трубарево

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, денеска информираше за повеќе паралелни интервенции поврзани со пожари на скопските...

Македонија19 часа

(Видео) Гори фабрика во Трубарево, црн чад се издигна над Скопје

Голем црн чад се издигна над главниот град, алармираат граѓаните од повеќе скопски населби. Директорот на Дирекцијата за заштита и...

Македонија21 час

ВМРО-ДПМНЕ со готови листи за советници и кандидати за градоначалници

ВМРО-ДПМНЕ објави дека целосно ги комплетирала листите за советници и кандидати за градоначалници за претстојните локални избори. Генералниот секретар на...

Свет22 часа

Тајлер Робинсон – од стипендист со блескава иднина до осомничен за убиството на Чарли Кирк

Тајлер Робинсон (22) од Јута, кој некогаш важел за одличен ученик и добитник на претседателска стипендија на Универзитетот „Јута стејт“,...

Македонија24 часа

Агелер по повод 30 години дипломатски односи: Македонија и САД покажаа што значи вистинско пријателство

Оваа година се одбележуваат 30 години од воспоставувањето на дипломатските односи (13 септември 1995) меѓу Република Северна Македонија и Соединетите...

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ го прозва Коцевски: Не молчете за незаконското следење на Мицкоски

ВМРО-ДПМНЕ побара Јавното обвинителство и обвинителот Љупчо Коцевски веднаш да реагираат и да спроведат темелна и транспарентна истрага за, како...

Македонија1 ден

Шабан Салиу – кандидатот за градоначалник на Шуто Оризари официјално е во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ

На свечена церемонија во Скопје, претседателот на Демократските сили на Ромите (ДСР), Шабан Салиу го стави својот потпис на документот „Декларација...

Свет1 ден

(Видео) Вдовицата на Чарли Кирк: Немате поим што ослободивте

Ерика Кирк, сопруга на убиениот десничарски активист Чарли Кирк, одржа емотивен говор во седиштето на „Трнинг поинт УСА“ во Аризона....

Свет1 ден

Бабата на убиецот на Кирк тврди дека нејзиниот внук е невин: Збунета сум, немаме демократи во семејството

Бабата на 22-годишниот Тајлер Робинсон, уапсен под сомнение дека е одговорен за убиството на десничарскиот активист Чарли Кирк, тврди дека...

Македонија1 ден

Денес топло време, од утре нестабилно со локален пороен дожд и грмежи

Времето денес ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно...