Забава
Најнискиот човек на светот стана полнолетен и си бара сопруга

Најнискиот човек на светот Кагендра Тапа Магјар го прослави осумнаесетиот роденден, со торта висока колку него.
Најнискиот човек на светот Кагендра Тапа Магјар го прослави осумнаесетиот роденден, со торта висока колку него. Осумнаесетгодишниот Кагендра од Непал е висок само 60 сантиметри , но тоа не го спречи да почне да си бара сопруга која е висока речиси колку него. Прославата за 18-от роденден во руралното селце во Непал ќе трае една недела. ,,Кога официјално ќе ме прогласат за најнискиот човек на светот, очекувам да добијам многу предлози за брак. Сега кога наполнив 18 години сакам да ме сместат во Гинисовата книга на рекорди и да си најдам сопруга мала како мене. Сон ми е да имам четири деца,,. рече малиот Кагендра. Кагендра Магјар во изминатите 18 години стана славна личност во родниот Непал каде што дури и политичарите ја поддржаа неговата кампања за влез во Гинисовата книга на рекорди. Неговата слава се прошири и во Индија каде што настапува со патувачка група. Според неговите родители, тој не пораснал значително од неговата 11-та година. ,,Тој е низок, но ние сме горди,, изјави таткото Руп Абрдадер Магјар.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Видео) Сопружници изнајмиле куќа преку „Ербиенби“ и откриле тајни простории

Брачна двојка од Колорадо стана вирална откако во изнајмена куќа во Кенон Сити открила скриени простории.
Во видеото, кое собра над 4,8 милиони прегледи, Конор и Џес најпрво забележале дека куќата има прозорци на третиот кат, но без внатрешни скали. По подетално истражување, откриле таен премин во бањата кој води до поткровје, а потоа и скриен отвор во кујната што води кон подрумот. Одлучиле да го истражат и тој дел од куќата, а таму затекнале неколку простории и заклучена врата со натпис „не отворај“.
@connormoynihan4 We just found a secret door in our airbnb. Should we go down? #secretdoor #hiddendoor #hiddenroom #creepyhouse #creepyairbnb #hiddenpassage ♬ moments – Teesa
@connormoynihan4 Hidden door in air bnb part 2. You wont believe who we found. #secretdoor #hiddendoor #hiddenroom #creepyhouse #creepyhouse #hiddenpassage ♬ Spooky, quiet, scary atmosphere piano songs – Skittlegirl Sound
@connormoynihan4 Replying to @Cristina Sopranzi Here is the full basement tour. #creepydoor #hiddendoor #hiddenroom #airbnbfinds #secrettunnel #secretdoor ♬ original sound – Jess & Connor
@connormoynihan4 Replying to @SAFI🫡 there’s another hidden door and a mysterious third floor we couldn’t access. #hiddendoor #secretdoor #spookyairbnb #secrettunnel #barbarian ♬ Spooky, quiet, scary atmosphere piano songs – Skittlegirl Sound
Иако просториите изгледале мистериозно, сопружниците велат дека не нашле ништо опасно.
Од „Ербиенби“ (Airbnb) изјавија дека домаќините смеат да означат простории „надвор од границите“ за гостите, а во овој случај не е пријавен формален проблем.
Забава
Лажната вест дека Џ. К. Роулинг боледува од рак предизвика бран омраза на мрежите

Интернетот беше преплавен со лажнат информација дека авторката на „Хари Потер“, Џ. К. Роулинг, боледува од рак. Веста започна со ироничен твит на платформата „Икс“ кој брзо стана вирален и предизвика коментари полни омраза и исмевање.
Портпаролот на Роулинг веднаш реагираше и за медиумите потврди дека станува збор за целосна измислица: „Ова известување не е точно. Џ. К. Роулинг нема рак.“
И покрај демантот, штетата веќе беше направена – социјалните мрежи беа преплавени со објави што наводно ја „славеа“ нејзината смрт. Нивото на омраза се поврзува со долгогодишните контроверзии околу нејзините ставови за трансродните лица, поради кои таа често е мета на жестоки критики.
Забава
По децении молк, Малкович проговори за романсата со Мишел Фајфер на снимање

Речиси четири децении по снимањето на култниот филм Опасни врски (1988), холивудскиот актер Џон Малкович откри дека се кае за аферата со својата колешка Мишел Фајфер. Во тоа време и двајцата биле во брак, а нивната романса од сетот се пренела и во приватниот живот, но врската брзо згаснала.
Гостувајќи во подкаст, 71-годишниот Малкович призна дека со таа врска го изгубил „сјајниот колега“ во Фајфер, која ја опиша како забавна, искрена и неверојатно коректна. „Јас тоа сигурно не бев“, додаде тој.
Актерот објасни дека со текот на времето научил да ја цени професионалноста над сè. „Кога односот ќе премине во нешто повеќе од колегијален или пријателски, тогаш ја губите шансата да имате вистински колега“, рече Малкович.
Како спротивен пример го наведе долгогодишното пријателство и соработка со актерката Ингеборга Дапкунаите, со која веќе 33 години останале блиски колеги, бидејќи „границата никогаш не била премината“.